Кога си имаш работа со луѓе кои нешто не знаат, а се на некаква позиција на која треба истото да го знаат, и се на некаква функција, треба уствари да ги жалиш што појма си немаат, и што нашле со тебе да си мерат ташаци. Обично баш тие што не знаат, умираат за да докажат дека се во право. Плус кога постои возрасна разлика, и разлика во моќ, никогаш нема да се потргне таа личност од нејзината состојба на моќ во која он/а е ПО од тебе. Баш она што би ја направило ПО од тебе е да признае дека ТИ си во право. Меѓутоа, он/а мисли дека ако повеќе те издеградира со своите ригидни ставови и/или игнорирање, дека ќе му/ѝ се зацврсти позицијата во која е повеќе од тебе. Со самото тоа што мисли дека треба да мери ташаци со тебе, игри на его да си игра, тоа покажува дека треба да ја жалиш таа личност, што пробува од нејзината позиција на моќ да се споредува со тебе и да се натпреварува. Такви појави ќе имаш многу. И кога ќе отидеш на работно место ќе видиш дека место да ти помогнат како да работите тимски, ќе фатат да си ги мерат со тебе, за да си докажат на себеси дека годините што ви се разлика не им се на нив пропаднати години. Колку помалце ги бива, толку повеќе ќе пробуваат да се докажуваат пред тебе дека ги бива. И тоа треба тебе смешно да ти падне, што некој возрасен пробува да ти се докаже како да е 4то одделение на прва клупа. Најлошо е таква личност да тераш да признае дека не знае нешто. Биди ти поголемата личност и кажи дека не знаеш. Иронично кажи дека го немаш нивното искуство и знаење и дека си сеуште млад. Зошто нив тоа ги боли, твојата младост и ентузијазам за знаење. Што мислиш, нив им дошло до наука и учење?! Нив цел живот им е глумење дека знаат нешто, за да се осеќаат ко да се некој и нешто во општеството. Не им го зимај тоа. Не биди како нив, закован во своето его. Ако стварно вредиш, тоа ќе го забележат тие што треба да го забележат. За исфрустрираните сезнајковци ти секако ќе бидеш младото дете од клупа и сега, и долго време понатака. И никому ништо.