Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не можеш ти толку да го употребуваш терминот ,,девастирачки", колку што јас можам да те тепам со бејзбол палка, обвиена со бодликава жица.

Нц.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.965
Поени од реакции
17.771
Најмакедонски муабет е оној кога на тв ќе се види некоја постар/а познат/а жена/маж кој/а изгледа многу младо и просечниот македонец се избацува со:
-Епа да не копал/а за да биде стар/а.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 3500.jpg Picture 3499.jpg Picture 3498.jpg
никако не ми е јасно,како храната со поминат рок од неколку дена не се дава како помош на гладните лица и сиромашните семејства,туку се носи кобајаги да се уништи а уствари истата таа завршува на пазарите во градов.( скоро се од храна од чајни колбас до чоколади)
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.447
Како вчера да беше коа ме убедуваше да уложам илјадници евра у Лајонес пошо за некоја година ќе сум заработувал по толку. Две години подоцна бара препораки за work&travel.

Ој животе неисправни џојстику :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Беше на гости 73 годишен брат на баба ми пред некоја недела.
Му понудивме Вива сок.
Рече: Канцер е тоа, мани ми го, сум видел како ги прават.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга,

Се сеќавам на големите розеви легени со рачки во основно, накрцани со ужинки. Ужас ужинки - мрсни крофни со грам вештачко чоколадо внатре, масни банички со лажна урда, млечни кифли и под нив кутија со чоколадно млеко со сомнително потекло. Ми текнува на ѕвончето и одекот „Ајде дежурните по ужинка“, гладот што се претвора во брзо насладување и незнаењето дека таа ужинка некои деца не ја плаќаа, оти нивните родители беа премногу сиромашни дури и за тоа невкусно, тукуречи безобразно лошо јадење...

Гледам ДИК дека си „јаде леб' од народните трпези без да им трепне. Каков народ живее овде, косата трипати да ти испопаѓа. Не сум најсигурна зошто е тоа така, веројатно не можам да се идентификувам или едноставно гледам да го живеам животов, да направам колку можам и да си го барам чарето во работие во кои верувам.
Да земеш нешто од некој што нема, е духовна сиромаштија, расцеп, дно со уште едно дно, порекнување на homosapiens-от како мисловно битие што треба да размислува за напредок, солидарност, подобра иднина.

Тие пари што ги украдоа, да се дадат за едно општонародно хранење, ќе излезат еден тон гладни и бедни луѓе кои се дел од нашата култура, живот, но ние „не ги гледаме, што знам јас, од кај да знам, нисам одавде“.

Гладот не е само за леб, за правда е.


М.
 
Ф

Флеш

Гостин
Леле,кои идиоти ни ја водат општината .....:ROFLMAO: Ууу,знак солидарности,певамо химне Поједи ме земјо моја :confused: Уше градоначалникот се придружува:вонзем::LOL::LOL::LOL::LOL:

 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Јас сум од тој тип на луѓе што многу тешко се одлучуваат за нешто и баш кога ќе се одлучат за нешто тоа нешто го нема или завршило. Одам цел град го вртам за да си најдам патики, никако да најдам некои асални и на крај наоѓам едни и нема број од нив. Истото е и за маици, фармерки и останати работи. Кулминација беше пред некое време кога поминував пред една продавница каде се продаваше хамбургер за 60 денари за која секогаш си викав ајде следниот пат ќе купам, и си реков ајде денес ќе земам да го пробам. Влегувам внатре ми викаат хамбургер нема:вонзем:
 
L

Löwe

Гостин
Хамбургер за 60 денари, само со месо од Стоногалка може да е. Поарно што немало, не тагувај.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Луѓе ако не ви е проблем да го споделите линков
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2000139670272039&set=a.1461244180828260.1073741828.100008280756974&type=3&theater
и да рашириме со цел побргу да ја најдеме проф. Снјежана Тројачанец(проф на земјоделски факултет). Исчезната е утрово и се мисли дека на себе носи пиџами и кафеаво палто, населба Тафталиџе. НЕ носи мобилен со себе и не можат да ја лоцираат. Секоја информација е добредојдена за семејството.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Да постои правда во светов, голманите на мал фудбал, исто така ќе даваат пари за терминот.

Не, ама со што го заслужиле тоа? Чуму привилигиран статус за тие самобендисани суетни копилиња, научени постојано некој да ги моли?! Мастурбатори кои за 60 минути игра, имаат точно две капки пот на белата тесна рамењача, низ која вечно им ѕиркаат пупките, изземајќи се секогаш од одговорност и посочувајќи ја вината на соиграчите од одбраната?

Сакав да кажам, мразам голмани. Мал фудбал - голмани.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom