Драга Кајгана,
Често од нашата точка на стоење гледаме кон една зграда, место, град, предмет и викаме колку би сакале да живееме таму или тој предмет да го имаме, дека е прекрасен, дека гледајќи натаму ние се исполнуваме со желба, сила, за патот кон успехот. Но што ако застанеме на тоа место и конечно го добиеме? Дали и тогаш повторно ќе гледаме нешто убаво како него или пак погледот ќе ни биде кон нешто грдо, нешто што ни ствара нерасположение? Слично е и со луѓето. Гледаме кон еден убав човек, човек кој е успешен и викаме нему колку ли му е убаво, колку би сакале да се наоѓаме во состојба како неговата. Но во суштина нашите очи се исполнуваат гледајќи ја убавината. Но тој човек што гледа? Дали и неговиот поглед е ист кон нештата или пак тој гледа нерасположение? Дали во суштина треба да ги реализираме нештата кои кога ги гледаме ни носат поттик, замисла и сила за патот кон остварувањето на целите или пак подобро е само да ги гледаме за да ни го создаваат тоа пријатно чувство на живост? Дали уствари целта за која сме мислеле дека ќе ни донесе само добрина ќе ни донесе нешто што не ни сакаме да е блиску до нас?