Драга Кајгана (виртуелен дневник)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Дали возат тоа комбината од Галеб летни со настрешница од платно ни стакло ни бутур од Охрид до СВ. Наум? Како еден век да има поминато, а ме отепаа несреќи таа пролет од предавства, самоубиства, љубовни рани на срце :icon_lol:, и се најдов тоа лето во Охрид. Пичи тоа комбето стотка а јас се држам горе за рачки и си викам убавина, промаја не отепа. Се најде еден се му пречеше де промаја, де ѓубре во Славија де србите, а јас во се најдував убавина не знаеше дека сум среќен шо сум жив. Викам добро е на жешково ќе освежиме малку по пат, кај ѓубрето не мора да се плива на другата страна од плажата, а србинките добри беа, повеќе србинки од срби имаше :icon_lol:. Не му се веруваше на човекот како можам толку многу среќен да бидам, не ги бранев охриџани едноставно уживав во одморот мој, на море не можам да уживам сега колку тогаш...


 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.502
Поени од реакции
33.647
Inace draga kaygana,

si masturbirala nekad cisto samo onaka za da se stoplis?

:angel:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
ДК,

Не можам да сфатам зошто не можат членовиве да се придржуваат до правила. А уште повеќе не можам да сфатам како може свесно да не почитуваш правила, а потоа да се буниш доколку те казнат :toe:

До сега само цитирање казнував затоа што го наведов како најстрого забрането, а бев лабав со надоврзување, иако и тоа е наведено како забрането. Ама очигледно требало одма строго.
Па ајде по којзнае кој пат да ги повториме правилата затоа што последниве два дена одеднаш сите ги заборавија.

- цитирање е строго забрането
- надоврзување на пост од друг член е дозволено само ако имате да споделите во својот виртуелен дневник ваше искуство на истата тема, а не за предизвикување дискусии, дебати
- доколку имате нешто да му искоментирате директно на одреден член, постојат повеќе начини да го направите тоа, наместо прекршување на правилата на темава:
  1. приватна порака
  2. коментар на профил
  3. најдете соодветна тема во еден од подфорумите (голема е шансата да има таква), цитирајте го таму и дискутирајте. Доколку нема, а сметате дека би имало добра дискусија, ве охрабрувам да отворите нова тема во соодветен подфорум.
Се надевам ќе се разбереме овој пат.

На крај би сакал да дадам еден предлог. Не го воведувам како правило, туку само сугестија за понатаму. Доколку постирате песна, или слика, гледајте да пишете некоја реченица за тоа зошто ја постирате, што ве инспирирало. Затоа што песната само како песна може слободно да се постира и во подфорумот музика, каде што сигурно има доста соодветни теми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom