Драга Кајгана (виртуелен дневник)

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.490
Поени од реакции
24.263
Драга секој момент очекувам и дечињата во градинките да стапат во штрајк, да основаат пленум и да излезат со свои барања. Уште само тие останаа, дај нека ги организира некој срамота е така да седат без пленум.
Баш ме копка какви барања би имале.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.650
Поени од реакции
59.558
ДиКеј... Како да станеш ДиЏеј во два чекора ?
1. Купуваш лап-топ
2. ДиЏеј си

Епа нема да чини денешнава музика... не, не...
ДиКеј...a кaкo дa стaнеш фитнес тренер вo двa чекoрa ?
1. Јa кречиш гaрaжaтa
2. Фитнес тренер си
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Бејби,
Имам уште 4 дена до крај на пробниот период на работа, и каснев 40 мин пошо уствари тотално заборавив дека сум прва а не втора смена :tapp: Гениј сум. Не ме искараа или ништо слично. А и пред некој ден имав поише пари него што требаше... Ме спасија менаџерите :D Јас мислам дека сакаат да останам на работа :P Особено откако видоа како новава се понаша, а не е ни месец дена на работа.... Али не судам, особено ако помогне тој младиот менаџер да си отиде некако :noze: Неможам да го смислам жими се. А со еден менаџер на одмор, го гледам поише него што би сакала....
Утре се завршуваат документите за продажба на куќата во Северна Каролина :jeeee: Тоа значи дека сме еден чекор поблиску до купување куќа. Цениве се качуваат така да едвај чекам да најдеме нешто асално и да се вселиме. Па после полесно ќе се дише. И осигурањето ќе почне од наредна недела. Таман си се поклопи со продажбата на куќата. Ко коцкички си се составија :X3: Не можам а да не мислам дека се` си оди како што треба :pipi:
Вчера ме пуштија порано од работа и не ми се седеше дома и си извозев 22.5 км на точак :cool: Денес немав сила пак да идам :icon_lol: Морам да признаам дека ми фали менталитетот на „Ај на кафе“ некогаш... Али, не би мењала ништо.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Драга...

Сакам книги пошо неможат да се расипат, еднаш ја плаќаш.

И да те поздравам со една песна, ме копкат од прееска, ако продолжам да редам вакви на ФБ ќе почнат и оние 12 пријатели да ме бришат. :noze:

ГОТ МАЈ МОЏО ВОРКИНГ БРРРРРРРРР:aplauz:
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
Прво, ужасно мразам клише песни, фрази, мразам луѓе што се смеат на клише фори за кои морам да правам полублага насмевка :)
Второ, визиве ко алва ги делат, осеќам дека летово празно ќе е Скопјево. :D
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Драга,

Нудам за 14 дена, минус 10кг на вага, единствено ви е потребно да инвестирате во шолја, рицинус и продолжен кабел за лаптопот до вц-то :D
Со две недели диплома за факултет не се добива, а не стомачни :ROFLMAO:. Ако за првото треба да се мачите 4 години со посетување на т.н институција Факултет, за второто треба да го испотите газот, да си повратите од умора неколку пати, да не пикате во уста се што ви дојде (ок не баш се).

Туку сакав нешто друго да пишам, една слика мислам дека ќе биде доволно
diploma-toalet.jpg
Математичарите ќе ме сфатат подобро, тука еквиваленција не важи! Барем јас не успеав да докажам :unsure:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... за 5 саати полагам, а треба да изучам уште за Босна од XIII до XV век, уште тоа ми остана. Ама не ми се учи, знаев дека нема да ми се учи, затоа и спиев дента, за да седам повеќе вечерва. И гледав да исцрпам све што можев за да одложам што повеќе. Значи „не ми се учи левел: Преслушај ги сите песни од Аца за да видиш која ти лежи највеќе, четувај со битни, па и тотално небитни луѓе од секојдневието, гејмај фифа онлајн, гледај pranks на јутуб...“ И мислам дека веќе кога дојде 4 саат нема што да се прави. Све е преслушано, све е офлајн, на фифа има само јужноамериканци со нет од фавелата што го крева пингот и лагува конекцијата, и сите нови pranks од каналите на кои сум напраил subscribe сум ги изгледал. Време е.

Кажу да је Босна држава само за роџака...

... here I come. That's what I said.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова со слабеењево на Стефо ми е тука некаде со една постапка на таа фитнес инструкторката што ви кажував... Завчера ја видов на стаза ваљда со муштерија, двајцата на точак облечени во јакни за скијање, возат запалени у фаците :facepalm:
ова со облакањево шифоњер на тебе и одење на стаза ми е најсмешно нешто. Од напор треба да се испотиш, не од што ти е претопло :icon_lol: Треба да вентилира кожата не да вари. Сешто.

Пазете на кого давате пари, очи отворени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom