Драгаа.

Некое време те неам замарано, па ќе ме потрпиш тро малку да ти измешам баби и жаби.

Морав некаде да ја изразам мојата изреволтираност. Во кој круг од пеколот ли ќе гори тој што смислил шише за пиво од 0.33л???!!! Пиво ли е, капки за очи ли се?
Иначе овака јас кога палам светло, не пука една сијалица, не пукаат две сијалици... туку пука цел лустер и сеа не реагира ни на нови сијалици. Можеш да замислиш вечерва колку пати ќе се учукам во секое парче од мебелот пошто неам светло. Нек се угоде.
Пред некој месец ми стигна покана за ивент за обожаватели на гастрономијата и готвачи, со гости надвор од Македонија. Ама во ист ден се погоди да треба да полагам поише пати, да сум до 8 вечерта на факултет и да мора да одбијам. На повеќето што им кажав ќе ме потепаа, ми рекоа ти будала си, вакво нешто не се пропушта.

Дента пред полагање буквално само што одбив, сменија распоред и излезе дека за џабе ја одбив понудата, бидејќи ќе завршев порано. Иако во секој случај немаше да стигнам на време, затоа што ни испитот не започна на време (кога почнал, хехе?) Нек се угоде, ај. Више срече други пут.
За првпат во студирањево извадив 94% на испит, без ниеден грешен одговор (читај без негативни поени) тука земав да се крстам со лева рака, радости, ово-оно. Кога гледам стигнуваат сумарни резултати, еееедвај 6ка.

Ааа колешке на тестовите за бонус поени имаш -5, значи минус тие, минус овие овде, лабораториските ги немаш сите поени, плус од проективе пола... па доста ви е 6ка.

Не дај Боже да извадев 90%, ќе го презапишев.

Нека смее некој да ми пререче - ти само на 6ки се радуваш.

Читаш услови за потпис: млеко од пиле, рог од еднорог, принесување жртва кон боговите, фати кактус со гола рака, баци си го лакот...

Претерав и јас сеа ај.
Додека бев во читална, карши мене седна едно девојче, во рака носеше кафе и шеќерче (што го немам!!!). Се напнав, излегов на пауза, барав кафемати, не бре брате, ни ш од шеќерче. Не можев да се сконцентрирам еј. Ме копка од внатре, а глупо е да прашам, мртва тишина внатре и што да и' кажам? Извини, ама јас немам такво шеќерче, ако може да ми го дадеш и ако не е проблем, ако не пиеш благо кафе, дај ми го и другото, за дупликат ми треба.

И ништо од бизнисот.
Патем ја добив и втората понуда за работа поврзана со готвењево. Почнав уште од јуни да спремам испити за во август и најглавниот си го положив, што значи стварно се ближи крај на светот.

Соске нервоза? Дикле романтика.

Скроз официјално, имам треснато на земја во секој град што сум го посетила. Не дека е за фалење, ама шо има везе бе, да се најде у муабет.

Периодов ми е таманка.
П.С. таман помислив дека имав видено све во животов (лажам иначе, неам помислено такво нешто) и оп... пред мене еден во автобус на ЈСП правеше згибови на држачите.

Скупа е теретана бе, кога имаш автобус.

Ај, пријатно.
