- Член од
- 12 февруари 2014
- Мислења
- 7.947
- Поени од реакции
- 25.458
Денес ми се случи нешто што веројатно требаше да го доживеам дваесетина години порано... Улетана со електричен точак(да, и електричен знам да возам сега) се обидов да избегнам кола што возеше на тротоар(веројатно товареше нешто претходно), удрив во задниот дел на колата и квалитетно треснав на земја. Возачот и луѓе наоколу се стрчаа да ми помогнат, јас сва збуњена лежам во агонија, ама храбро се дигнав и ги тешев сите наоколу. Среќа немаше скршеници или посериозни повреди, само што изгледам како жртва на семејно насилство. Најинтересно е што во оние неколку секунди додека паѓав единствена мисла ми беше само да не се повредам посериозно, за да можам да си го остварам патувањето.