Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Овие од Анима Мунди очигледно не поминале во Скопската Зоолошка или пак се јавуваат само каде што имаат интерес. Жал ми падна за волците кога ги видов, лани имаше повеќе, а годинава и тие што останале едвај одат од што се слаби, кога дошло ред волк да се радува на смоките што му ги фрлаат се знае колку е саатот :facepalm:
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
814
Да ти ебам државата, гледаш на интернет на официјала страна кога има автобус, ѕвониш на автобуска да прашаш дали сигурно има автобус во тоа време-никој не ти крева, ѕвониш по овие такси компаниите, никој нема слободна кола или пак ќе се ослободи за 10-15 минути (за толку трга и автобусот), наоѓаш рандом паркирано такси, плаќаш да те однеси на автобуска, само за да ти кажат дека таа релација е веќе долго време укината.
>mfw праќаш еден pissed-off e-mail директно на страната, САМО СО НАДЕЖ ДЕКА НЕШТО ЌЕ СЕ СМЕНИ...

Fuck my life.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Стафилокока да фатите сите што гледате Game of Thrones на стрим или посабајлечки и постирате инсерти/видеа од епизодата по Инстаграм.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Вчера на Телма гледав еден филм со Џеки Чен, да бидам искрен незнам како се викаше филмот, од пола го фатив и мислам дека пишуваше дека бил од 1991 година. Конечно да видам нешто интересно и квалитетно, а тоа да не бидат америчките, турските или индиските глупости:)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.524
ДК
Не знам дали до мене е али некако освен Олена, GoT и лоша глума и лоша приказна оваа сезона.

Реално три епизоди поминаа, а ништо не се деси т.е се одвиваат повеќе настани ама нема напредок во приказната. Си викам ај првите две епизоди вовед ама со оглед дека оваа година 7 епизоди се заедно еве трета епизода и пак некако многу сувопарно :(
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.173
Поени од реакции
3.723
Здраво драга it's been a whle...

fuck logic, едвај заспишав во 4 сабајле и стануваш во 9??, пробуваш да заспиеш пак неможеш и тоа е продолжува денот, батали тоа треба на работа да одам у 4 :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.923
Поени од реакции
41.895
Мразам луѓе кои ветуваат, а не исполнуваат.

Пред месец дена "Ќе одиме, абе се средено, само ослободи едно место кај тебе во кола имам едни пријатели и едно место има кај мене. Абе готово само да дојдеш со колата и одиме."
На крај гледаш дека местото го ветиле не на двајца, туку на уште десет други.

Колку треба да си таков за на некој да му ветиш дека си му обезбедил превоз и сместување за некоја далечна дестинација или било каде и ден пред поаѓање да го заебеш?
Не знам како не размислуваат дека има луѓе кои си го планираат времето, откажуваат некоја друга работа, се пакуваат, земаат слободни денови и на крај да им кажеш нема место за тебе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom