Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Се решаваш да одиш некаде, едвај се договараш со луѓето со кои треба да се сретнеш, затоа што се ,,секогаш зафатени", конечно сте договорени и само гледаш како од цела сончева недела со +40*С, баш сега времето се заоблачува и се спрема за да заврне:kruna:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.458
Многу често имам приметено дека кога сум убаво облечена и средена, добивам поинаков третман од луѓето отколку кога сум во кежуал облека, на пример. Неќна се дотерав, се нашминкав и таква се качив на точак. Носев долг фустан и долга наметка и наметката ми се заплетка околу педалата внатрешно. Немаше никаков начин да ја отплеткам освен да ја скинам. Среќа случкава се случи на неколку метри од продавница за велосипеди и мотори, па отидов таму и побарав некој да ми помогне. Група млади момци се потепаа кој да помогне прв. Мораа да расклопат сѐ околу педалата и да склопат пак. На крај учтиво си понудив да платам, одбија. Во Шведска многу си го ценат трудот, имам плаќано за смешни работи, овој пат инсистираа да не платам ништо што ми беше многу чудно.
Сега се возам на точакот, тука велосипедот се смета за превозно средство исто како и колата, на пешачки не запираат како да си пешак, туку има да чекаш. Еден дедо ми запра и го гледам како „ме јаде“ со поглед.
Овакви случки имам еден куп.

Што ми е поентата? Многу често слушам како жените добиваат повеќе бенефиции и подобар третман од мажите. Знаете што? Налет со оваквите бенефиции каде ги добиваш само затоа што некој мрсен старец те објектифицира, или си третиран само поради тоа што си сметан за припадник на послаб(понежен) пол. Јас овакви привилегии не сакам. Од држава бенефиции не сакам, а ако веќе сум привилегирана, сакам да биде затоа што некоја индивидуа ми се восхитува на карактер, интелект, ме почитува, што да е... Не затоа што сум жена. Да не зборувам колку оваквите „бенефиции“ истовремено се дискриминирачки и нефер за мажите.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.301
Поени од реакции
84.437
Луѓето се визуелни битија и тоа наголемо придонесува, особено во секојдневниот живот, често да имаат необјективна перспектива во многу случаи.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.458
Ајде малку да ви расправам за шведското здравство, затоа пто многумина се во заблуда. Ви пренесувам туѓи(од прва рака) и лични искуства...

Жена заболена од канцер на градата оди и му кажува на докторот симптоми, овој почнува да гугла за истите. Одбивав да верувам дека тоа е вистина се додека истото не ми се случи и мене.
Друг случај, колешката со распространет канцер низ цело тело, а претходно веќе прочистена од канцер, доаѓа на лекар, ја праќаат дома. Тестовите за канцер негативни. Женава мораше да работи во таква состојба, канцер распространет низ цело тело во крајна фаза. На крај инсистираше на милион тестови, па едвај некако го открија и и' кажаа дека нема да преживее.
Патем, во Шведска нема одење на лекар или правење крвна слика чисто за проверка на здравствената состојба, освен ако немаш некаков симптом, а и да имаш, не прават целосна крвна слика, туку само за ина што би можело да открие од каде доаѓа симптомот.
Друг случај, колешка оди на обичен гинеколошки тест. И праќаат писмо дека има некаква венерична болест за која ни самите медицински лица немале чуено(откако им се јавила за да се имформира). Дома со сопругот партал се направиле, скоро до развод дошло и на крај излегло дека резултатот е грешен.
Човек што не си ја знае крвната група одбиваат да го тестираат освен ако не донира крв.
Една жена проверила крв, вредностите не биле во ред, три години молела лекари да испитаат зошто, на крај испаднало канцер.
Мое денешно искуство, се жалам на болки во желудникот, ми ги испитаа сите органи ОСВЕН желудникот.
Има недостаток на лекари, па примаат секаква брага. Лекари, учете јазик и доаѓајте.
Пак кажувајте ми бајки за западот.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Пеер да беше во Македонија ќе ти ги извадеа сите органи освен желудникот и ќе те заборавеа на маса пошто "на сестра Жане и се родил внук од прв син па да се почастиме."
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Групава луѓе, групава... Заедно со онаа соба за мајки, жени и трудници се црвојадината на Фејсбук.

98.PNG
 

Kajgana Shop

На врв Bottom