Драга Кајгана,
Настинат сум деновиве, и гледајќи фудбал Премиер лига за католичкиот Божиќ, сфатив колку заостануваме зад Англија.
Во Англија, стари луѓе на трибините одат групно да гледаат фудбал, да навиваат за омилен клуб, да пијат пиво и слично.
Кај нас во Македонија стари луѓе не одат на спортски натпревари, туку одат по партиски митинзи пензионери кај нас.
Која сме ние мизерија драга Кајгана.
Затоа, Кајгана магијо, а и ти севишен од небото, ве молам за голема помош.
Во Мај месец 2017 помогнете ми да се најдам меѓу оние 50.000 среќници да бидам извлечен на лотаријата за зелена карта, па да отидам во САД да пробам таму да најдам помирен и подобар живот.
Тоа и е мојата желба која си посакав да ми се оствари во 2017. Да бидам меѓу оние 50.000 извлечени среќници за зелена лотарија.
Секое добро драга Кајгана и многу успеси на сите полиња во 2017 и тебе драга Кајгана, и на сите кои ова го читаат.
"Live long and prosper "
Драга Кајгана, ќе си реплицирам самиот себеси.
Ти пишав на последен ден од 2016, но не бидна ништо од лотаријата, не сум извлечен на зелена лотарија за САД.
Демек некои пишуваат ќе имало дополнително извлекување во Септември, но во тоа не верувам, веројатно сега се извлечени повеќе од 50.000 и има веќе извлечено резерви ако некој се откаже.
Дојдов до заклучок: од регистрираните членови на форумов, годинава никој не е извлечен на лотарија, плус ниту девојки, дечковци, сестри, браќа, роднини на членовите не се извлечени. Само на еден форумџија извлечена колешка од работа.
Форумов носи малер за лотаријата.
Така да, нема да ја бришам корисничка сметка, но ќе бидам активен на форумов до крај на месец, и потоа нема да се ниту вклучувам на форум, ниту ќе читам кој што пишува. Нема ниту да ја отворам страницата на кајгана, само некаде на лист ќе си ја напишам лозинката од форум за да не ја заборавам до следно вклучување.
Следно вклучување на форумот ќе ми биде Мај 2018. Во меѓувреме ќе си се пријавам пак на лотарија кога ќе дојде есен, и ќе чекам 3 среќа на лотаријата. И ќе си бркам свој живот, сега за 2 недели завршувам А2 ниво Германски, па ќе продложам со Б1 ниво,
и се надевам ќе можам да си кажам дека ќе бидам извлечен во Мај 2018.
Поздрав драга Кајгана до сите на форумот, секое добро за сите.
" Live long and prosper " .
ПС: за старите луѓе и пензионерите: се е исто, место да одат по утакмици да гледаат како што одат старите луѓе во Англија да гледаат Премиер лига, во Македонија и понатаму стари луѓе и пензионери одат на протести, демек граѓански протести а се гледа од авион дека се партиски протести. Пензионерите одат и фаќаат за глави пратеници во Собрание.
Дно од општество. Бруки и мизерија.