Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Денес се празнува Св. Ѓорѓија, Ѓурѓовден!
Денес е голем ден за сите Христијани!
Нека ни е за многу години празникот! Светецот нека ни дава само добро и нека не штити од лошо! Овој светец на мене и на моето семејство многу ни помогнал, ги ислушал нашите молитви, поради што и сум му премногу благодарен.
:)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Сезоната на летни фустанчиња и голи ноџиња е официјално отворена! :love::love:

Не знам само дали да ја скастрам вунава од нозеве или не ви смета :icon_mrgr::P
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.046
Поени од реакции
2.135
Kako najposetuvana tema mi treba pomos vo vrska so otstranuvanje na fleki od beli convers patiki. Najdov nekoi na internet no nesakam da rizikuvam, ako ima nekoj proveren metod ve molam da me kontaktira, blagodaram
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.858
Поени од реакции
10.701
Денеска и официјално влегов во третата деценија од животот. Родендените одамна не ми претставуваат ништо посебно, па така и за овој немав некоја посебна прослава, ама го дочекав со одбрани луѓе. А да, овој изгледа ќе ми биде првиот роденден после неколку последователни кога нема да претерам со алкохолот, смирен сум веројатно. Нека ми е среќен.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ако не сфативте до сега темава ја користам само за јадење гомна, а истото ќе го направам и со овој пост :D

За жал не можев да го најдам спотот од песнава, ако некој знае дали постои по јутјубов нека пише


:kruna::kruna::kruna::kruna::kruna::kruna:

Песнава ја постирам по повод пласманот на ЖРК Вардар во финале на ЛШ.

Не дека е носталгија, ама ова беа можеби најдобрите години во нашава држава. И да не заборавиме дека Кометал ја освои титулава во 2002, една година после војната. Ама сепак со крајно позитивна енергија забавната индустрија во Македонија беше на највисоко ниво што најверојатно нема да го добиеме во скоро време.

2002. Година кога Кометал Ѓорче Петров предводени од ракометарки од бивша Југославија и бивша СССР беше на врв на Европа. Неколку месеца после тоа македонецот со албанско потекло - Артим Шаќири ја замолкна фудбалска Англија. Една година пред тоа излезе "Прашина" на Милчо Манчевски - прв филм на македонец во холивудска продукција.
Време кога телевизиите не беа партизирани. Кога на плоштад имаше собир за прослава на Кометалки а не за незадоволство од политичката состојба. И од тогаш само тонеме, се делиме и мразиме.

Тие години и без проблеми се правеа македонски музички шоуа, и фестивали и кој знае што. Златното време на Џамбо Бинго, К-15, Наше Маало, и кој знае што друго не памтам...

99% од луѓето на спотот за Кометал или се отселени, или прекинале да се занимаваат со пеење. Ај да не го должам постов али тогаш стварно имаше по малку за секој.

Да се направи сега песна "Вардарки шампионки!" ќе има милион хејтови "Еј кај сте го стаиле овој ВМРОвецов у видеово, леле овој предавников е у видеово, леле шиптаров сте го стаиле, леле овој нема врска од спорт, леле овој па сегде се пика, а бе ајде само успех на странски ракометарки славите, леле ова леле она.."

Шо знам...ни треба хард ресет ја мислам. Уопште не ми е јасно како поуспешна држава бевме една година оддалечени од војна....него ли во последниве 9-10 години кога немаме ни војна, ни земјотрес ни нешто разору вачко од тој тип...

Што и да се случи утре Вардарки за мене се фацишта! Па здравје Боже и мажите да го повторат успехот на Кометал
:pijani:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Знаеш дека треба да ги смениш луѓето за на Водно кога на едниот пулсот му е 140, другиот 120, а на тебе 90.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.899
Untitled.jpg

Се мислам некои се мажат, само за да соберат лајкови на сликата со прстенот. :toe:

Иначе исто еден родина пред година дена ми се налути, зошто преку фејсбук не му изразив сочувство за смртта на татко му. Зошто еве мора преку социјалните мрежи и тоа во најбрз можен рок?
Може чекав да поминат тешките моменти, па да се јавам. Знам како е и тој ден и најмалку ти е потребен телефонот и социјалните мрежи. Ама ете некој брои лајкови и чита коментари.

А за ова денес изгледа само мојот лајк и честитка фалат на сликата. Готово бракот ќе пропадне ако не собере 1000 лајкови. :(

"Па каков си ти што имаш фејсбук, а не комуницираш со роднините? Тогаш џабе го имаш ако ги немаш роднините во листата на пријатели. Па како може да не видиш веднаш што има ново, а онлјан си? Сите изразиле сочувтсво, сите честитале, а ти не." :blablab:

Да јас седам 24/7 и на 10 секунди правам рефреш.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Секогаш кога ќе се спомне Кометал се осеќам среќно.
Супер што Вардар влезе во финале, еве и нека го освои, се е тоа океј, ама пак нема да ми биде толку мило ко кога освои Кометал.
На страна тоа што Самсоненко е умешан у политика, јадрото на Вардар се странски играчи, додека во Кометал (како што се сеќавам) јадрото беа македонски ракометарки.
Исто ко шо се сеќавам, во Кометал не се вложуваа милиони како што сега се вложува во Вардар.

Шо знам, Вардар ми е сеа ист ко Челзи или Сити да речеме, да, постигнува успеси ама со вложени огромни пари.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Џабе толку факултети, толку дипломи кога сме најголемото село во Европа што постои. Еден ден во годината е маратонов, недела дена по телевизии и интернети се кажува кои улици ќе се со регулиран сообраќај од 08:30 до 14 часот и џабе, џабе, пак истото, пак сељачки свирења, пак истото цајкан ајде бе да поминам. Не е на нас да ни дадеш ваква манифестација да организираме па и уште да имаме гости победници на ЛОИ како Кипкетер и другарите негови. Некој па пишал, „мал ли е кејон да трчате таму“?

Олимпијада некој да ни плати да организираме ќе исплива бескичменото „од сите градови во светот, овој најдовте да го блокирате?????“. Простотија во раскош, после се чудат луѓе, по Европа и светов не не сакале. :pov:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.964
Поени од реакции
25.539
Анти феминист in a nutshell:
- Јас сум глава во куќава, секој треба да си ја знае својата улога и да си ја извршува својата задача.
- Океј. Оди поправи го шпоретот, се расипа.
- Поправи си го сама, нели си за родова еднаквост?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom