Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.249
Поени од реакции
9.016
Добро утро Кајгана, ich wünsche dir einen schönen Tag:ojeaa:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Драга,

Една од најнапорните календарски години, на професионален план работите течат горе долу по план, можеби не сум успеал на мои 24 години да бидам директор како Лука Кржалоски, али сполајму и ова е доволно со оглед на тоа што потекнувам од сиромашно семејство и за секое влакно од успехот мораше да се борам како знам и умеам.
Здравјето малку ме зеза оваа година, косата си опаѓа повеќе од планираното, направив повреда што не се средува преку ноќ и мора многу да внимавам, па ете тоа се отслика и на вежбањето кое е едвај со 10% од можностите. Ќе ми земе многу време од животот за да се вратам во форма и да смеам да тренирам со максимумот, али јбг кога сакаш да собориш рекорди многу лесно може да се собориш самиот. Сепак конечно година кога блиските се во ред, претходните беа катастрофални на тоа поле.
Во поглед на љубовта може да кажам дека ја сакам дури повеќе од тоа што ја сакав на почетокот, девојка која знае да ме насмее, расположи и изнервира во дел од секунда, но за мене е најубавата девојка на светот (покрај Candice :love:,али и самата ми вети дека ќе ме даде за Кендис, ако дојде до таква прилика :D).
За следнава се надевам дека здравјето ќе ме служи и мене и блиските, на професионален план надежите ми се кон надвор во некоја понормална држава каде што не се сите „експерти“ како тука, место каде што знаењето ќе се цени правилно и такво ќе биде рангирањето.
Ви посакувам поубава и поплодна следна година, може да ја гледате само како промена на бројка на календарот или како можност за „нов почеток“, промена кон подобро на самите себе и на вашите животи, гледајте да биде второто :).
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.727
Поени од реакции
13.465
Најлошата година во животот.
Еден смртен случај и заболување од неизлечива болест на блиска особа.
Последниве месец дена има бар малку надеж.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.458
Поени од реакции
24.189
@Anco Среќна нова година, се надевам ке научиш нешто ново или можеби веќе го знаеш.
А да @Дињата на Анчо секако голем поздрав и до тебе, времето се ближи , уште 11 часа до промена на никот. Се надевам дека нема да заспиеш или заборавиш.
П.с Само немој жити здравје предлогот на @Moon Child да го прифатиш.
Поздрав на сите и секое добро
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.016
Поени од реакции
8.334
Вчера си се замислив и си викам проаѓа и уште една година и тоа брзо додека си трепнал.
Некако не ми е верно толку брзо дека поминуваат годините а и мојте години.
 
B

Blade Torch

Гостин
Една од најголемите мистерии и стравови ќе ми остане дали Анчо пресекол и на внучињата да кркаат од омекнатото динче стоено на терасата. :ROFLMAO:

Среќна Нова, полека со турбо фолкот и полека со 500ките за пејачката!
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
500 лепете само ако пеачката ви даде да ја фаните за газот и цицките, иначе за кафанско завивање и ја ќе пеам не пари на некој да давам :D

Годинава беше едно големо статус-кво на професионално поле, не помрднав ни милимитар.

Од друга страна, на личен план, имаше една голема промена- заеднички живот со саканата личност. :cool:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
За 8 саати и 53 минути ќе пристигне новата година. Надвор времево е како зима кон пролет, еуфоријата како за први мај, а расположението на луѓето по малку исфорсирано:D Како и да е морам да кажам дека се надевам дека 2017-та година ќе биде уште подобра од 2016-та година, т.е. годината која за секогаш ќе ја памтам, па затоа и за истата да кажам по некој збор.

Оваа 2016-та година дефинитивно ја прогласувам за моја година, затоа што ми се исполни се што сакав и затоа што се почувствував исполнето и среќно. Најпрво ја пречекав помалку монотоно со што мислев дека ќе ми биде најнеубава како што ми беше 2015-та година, но се покажа спротивното, 2016-та година ми беше најубавата година во мојот живот.

Најпрво доживеав успех на одредено поле, додека исто така успех доживеа и член од моето семејство на поле образование. Тоа беше момент кога сите ние како семејство се собравме на едно место и тоа со насмевки на лицето.

Следен успех беше успехот на љубовно поле. После подолго време доживеав успех и на тоа поле, но морам да признаам дека тоа траеше навистина кратко, но сепак беше едно убаво искуство и време. Исто така доживеав и успех на поле пријателство, затоа што ги зајакнав односите со моите другари многу повеќе за разлика од порано.

Потоа следеше период на наоѓање на ново работно место, и тоа без врски и партиски книшки, за кое реално помислив дека и нема да го најдам, но вистина било тоа дека ако веруваш во себе и во успех ќе успееш секако. Таму запознав нови луѓе, со многу поинакви карактери, па дури и луѓе кои гледаат да те згазат, но баш тоа ме направи посилен и направи да поднесам секакви карактери и измеѓу таквите да опстојам.

Следуваше еден сериозен период каде требаше да направам голем чекор, па и да го наречам и животен чекор, каде додека одлучував ги задржував солзите во мене од страв да не донесам погрешна одлука за која и подоцна ќе се каам, но наспроти се покажа како еден добар чекор при кој освен успех стекнав и многу пријатели.

И најважното од се, го допрев почетокот на една од моите животни цели. Го осетив оној бодилкав пат, но сепак со упорност и насмевка на лицето почнав да го чекорам. Најтешко и најспоро од се е да ја реализираш твојата животна цел, но се надевам дека во новата 2017-та година ќе доживеам и да ја остварам целосно таа моја цел, или ако ништо друго да ја почувствувам нејзината златна средина.

Единствено нешто лошо што го почувствував во оваа 2016-та година беше една кавга помеѓу моите родители како и нерушувањето на здравјето на мојата мајка. Но фала му на Бога сега и тоа е средено, па и мојата мајка е подобра.

Па се надевам дека во новата 2017-та година се ќе биде уште многу подобро од 2016-та година. Го молам Господ да ги слушне нашите молитви и да не штити и во новата година од лошо, а да ни дава здравје, среќа, љубов, радост, насмевки на лицето и секако сила за да можеме да успееме во она што го сакаме и во она што е добро за нас.

:):love:
 
Последно уредено:
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.063
Поени од реакции
2.563
Една од најдобрите години во животов!:cool:Прво и најважно сум здрав и жив и јас и моите најблиски,и покрај многуте пречки и караници сеуште сум во врска со девојката која ја сакам од втора година средно:love:,сменив неколку работи но од најдобрата поради х причини се откажав како и да е речиси цела година работам и со пари сум солидно покриен посебно во првите месеци и летото,јаки журки со друштво,на одмор 2 пати,јаки гостувања со екипата,фрки,Вардар шампион јубилејна титула,единствено нешто што ми фалеше е друштвото од детството...Зар е можно од толку многу деца во државава да не останаме ни половина,:toe:кој Америка,кој Австралија,Германија,исто така и неколкуте казни со кои ме одраа годинава да ти ебам државата и тоа што по трет пат ме паѓаа на градска...Али кој ги ебе и онака скоро 3 години возам без возачка нека фрчат казни:kuracc:.Скоро една недела немам запалено цигара но затоа вечерва кога ќе видам сите пушат,ќе плачам и шансите за да не запалам.се минимални:boksix:... На сите ви посакувам да бидете посреќни во новава година но треба да знаеме дека новата година нема да ги реши старите проблеми и да се начукаме вечерва како никогаш за добар почеток :pivo2:
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Драга Кајгана,
Настинат сум деновиве, и гледајќи фудбал Премиер лига за католичкиот Божиќ, сфатив колку заостануваме зад Англија.
Во Англија, стари луѓе на трибините одат групно да гледаат фудбал, да навиваат за омилен клуб, да пијат пиво и слично.
Кај нас во Македонија стари луѓе не одат на спортски натпревари, туку одат по партиски митинзи пензионери кај нас.
Која сме ние мизерија драга Кајгана.
Затоа, Кајгана магијо, а и ти севишен од небото, ве молам за голема помош.
Во Мај месец 2017 помогнете ми да се најдам меѓу оние 50.000 среќници да бидам извлечен на лотаријата за зелена карта, па да отидам во САД да пробам таму да најдам помирен и подобар живот.

Тоа и е мојата желба која си посакав да ми се оствари во 2017. Да бидам меѓу оние 50.000 извлечени среќници за зелена лотарија.

Секое добро драга Кајгана и многу успеси на сите полиња во 2017 и тебе драга Кајгана, и на сите кои ова го читаат.

"Live long and prosper "
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Ај да пишам нешто за крај година.
Годинава ја сметам за една од најважните во мојот живот.
Започнав сериозна врска, работев во еден сервис за компјутери во прилеп до крајот на пролетта, имав одлично лето, авантура на егзит, краток одмор во охрид, потоа почнав и посериозно да барам работа во скопје, па некаде на крајот од годинава раскинав и се откажав од скопје и си најдов работа во прилеп за да во последните две недели од годинава ненајдено, од нигде никаде наоѓам добра работа во скопје и инстант се селам таму, турбулентно цела година, emotional rollecoster, за некои работи сум горд на себеси , за некои се чуствувам глупо до немајкаде. Денеска денов ми е празен и криво ми е многу, добив многу добра шанса за да почнам добра кариера ама изгубив многу на љубовен план(а и начинот како го изгубив ме празни уште повеќе).
Сума сумарум година каде што конечно можам да кажам дека првпат како се осеќам комплетно возрасна личност.
И то е то, среќни празници
 
Последно уредено:

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.831
dikej ne sum ti pisal kojznae od koga 2016 bese najdobrata do sega odamna ne sum imal vakva dobra godina top
prv pat bev vo grcija prv pat bev vo svedska
ostanav na staroto rabotno mesto
ali zdravje 2017 planiram da go menjam
ostanav bez nekoi prijateli ama jbg ga toa e ke fatis devojka i toa standard e
se na se top godina bese i nova kola kupiv i stance edno

takka da top godina
ajde bidi mi pozdravena i posrekna 2017
 

Kajgana Shop

На врв Bottom