@Near , колку си само во право со муабетот за 1 Мај. Кафана, Етно село, Ресторан... dafaq?
1 Мај е да идеш у природа, да правиш скара и да уживаш во сета убавина на прекрасното зеленило кое е во целиот свој раскош овој период од годината.
Моето друштво, вклучувајќи ме и мене, цел живот сме го поминувале овој ден во природа. Годинава за прв пат имаше, за среќа само мала фракција од друштвото што изрази желба за славење во кафана под изговор: " Сите одат таму бе брат. " , " Пораснавме веќе, што ќе се чадиме сега? ", " Нели е подобро бе брат како инженер/лекар/економист да си седиш во кошулче и ручаш?"
E не е подобро брат. Не е... Има да го разбудам авантуристот во мене и ако треба ќе накиснам, до гуша со кал во шатори, ќе газам природно ѓубриво низ некое село, ќе се чадам над скара и ќе играм фудбал, карти, ќе пијам пиво на некој врв, ќе се бањам во некоја река/езеро, ќе го разбудам детето во себе и ќе уживам.
Среќа кај нас преовлада она мнозинство за славење на 1 Мај како што доликува, со еден мал компромис дека времето "не чини" за кампување, па го заменивме со викендица. Продолжен викенд исполнет со смеи, зезанции и среќни мигови што ќе се паметат засекогаш.
Најдраго ми е што малава фракција што беше за кафанче/ресторанче се сложи дека немало подобар Мај од овој.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Сепак желбата за кампинг ќе ми остане неостварена, барем за сега. Следниот Мај ќе ги заклучам во подрум 3 дена само на сув леб и вода, па да ги видам дали ќе нејќат.
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)