Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Драга,

Иако немам најкоректен однос со мајка ми (се караме често, тотално различни карактери, а она е без смисла за хумор) мака ми е што денес не можам да ја видам и да ја гушнам. Уште пред недела дена и купив подарок, за жал ќе мора да почека кога ќе се вратам дома. Како ги накачувам годините, така се повеќе ја сфаќам за проблемите кои ги има, за сите болки кои не ни ги кажува и за кои не се жали. Отсекогаш ми викаше дека ќе ме чека да пораснам за да ја сфатам за некои работи, па желбата и се исполнува. Мамо, иако немаш смисла за хумор, посилна си од сите луѓе кои ги знам, херој си ми. :love:

Јас не се чувствувам нешто засегната од денов инаку, очекувам мојон да не заборави да ми ги купи апчињата од аптека после, по можност да ги измие садовите (иако е мој ред) и да ми прави друштво за гледање филм. :sleep:
 
H

HoT IcE

Гостин
Празников го честитам само на мајка ми и баба ми, и на двете им земав по некое букетче затоа што се посебни во мојот живот, жени без кои неможам. Се другово, дали колешки, другарки, симпатии, бивши и ороспиии ко ве јебе ако се вреѓате што не ви честитам. Празников е привилегија и не се слави само на услов дека имате женски полови органи.
much love <3
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.899
Најчесто за роденден, нова година, 8ми март, годишнина и подарувам работи кои знам дека ги нема и дека навистина и се потребни. Оваа година ептен промашив и забегав со изборот, а мислев дека ќе ја изненадам. Долго време бараше да и купам, па викам сега е шансата. :cool:
И купив исти подарок како и за родеденот пред 3 дена. Е толку ми е паметот. :ROFLMAO: Нека има резерва бе. :D
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.638
Поени од реакции
9.862
Кајгано денес женскиот дел си заминавме 4 саати порано од работа.

Секој ден во годината кога е 8ми март, секоја жена си иде дома порано, додека кутрите мажи го дремат цело работно време, не добиваат подароци и вечерта не смеат ни да се приближат на забавите не па да се фатат на оро, зошто одма ќе речат ех еве го овој диктаторот, не ја остава жена му да мрдне, љубоморно копиле од турско време, еден ден не ја остави да мрдне, или што бара ова женско петле тука. А немаат ни еден единствен свој ден во годината-денот на мажите, ден каде што ќе бидат во центарот на вниманието, ќе си одат дома порано и жените ќе им купуваат поклончиња.

На работа мораат да дигаат тешко, затоа што ај жити се ти си машко, ама жестоко се осудувани кога за некоја си небитна работа не се консултирале со женските колешки, тогаш се шовинисти и копилиња, не знаат за рамноправност и ги кршат правата на кутрите жени.

Ете и имало неколку споменици од жени кои држат бебиња. Тоа било ептен дискриминирачко спрема жената затоа што со тоа, на жената се гледало само како кон предмет за раѓање деца. Но, проблемот што ги засега мажите, а ни еден единствен маж во земјава не кажал збор, е тоа што во тоа фамозно друштво на споменици на тоа место, нема ни еден машки споменик.
Извикувале неќам тава сакам права, а да и ја земеш тавата ти ручек да направиш има од глава да ти ја тресне, што знаеш ти од ручек правење, ме потценуваш ли, сакаш да кажеш дека мене не ме бидува за готвење, или поверојатно: не знаеш да зачуваш една жена, никоја жена не сака папучари и педерастични мажи, мислам дека веќе не те сакам.

Да и речеш иди смени ја гумата ќе ти реча ааааа не тоа е машка работа, а да и речеш дека нешто е женска работа ќе ти протестира по дома неќам тава сакам права.

Поголеми плати имале мажите од жените. Некултурна тетка што си игра тетрис на компјутер позади шалтер и пцуе ако некој и побара информација во врска со работата за која е платена, зема 60% поголема плата и е на посигурно работно место од маж што се пентери без заштитна опрема на 12ти спрат од зграда на 46 степени во лето во 15 часот да работи до смрт 15 часа....

И тн и тн...
 
Последно уредено:
M

Moon Child

Гостин
Мене за 8март ми е битно дека ќе заработам пари:kafence:
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Драга, само да си се изјаснам за нешто. Се јави писменава, ама... во никој случај не се пишува 8ми или пак 8-ми март. Уште од мали така го пишуваме по честитките и ниту една учителка не се најде да не' поправи. :unsure: Видов убаво чоколадо, поима немам што фирма беше. Европа ваљда. На него пишуваше 8ми март, само прочитав и го вратив. Не им го купувам, бе. :icon_mrgr:
Тогаш кога го отворија Carrefour во Сити мол, со огромни букви пишуваше добро дојдовте, ми идеше да им го испокинам цело такво и никогаш повеќе да не влезам.
При обично пишување сфаќам, ама на пример во учебници кога ќе видам некои правописни грешки, ама онака најосновни правила што треба да се знаат - не се знаат... или на некоја статија или пак на телевизија... коса ми се крева.
Ај, пријатно. :D
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.390
Поени од реакции
3.418
Она кога навидум си сакала да дознаеш некои работи и сега кога ги дознаваш така на послужовник ставено сфаќаш дека можда уопште не си ни сакала да ги знаеш.... и така :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.756
Поени од реакции
37.752
дијар кајгана , немаш појма шу убо му го шибнав мотото позајмено од тука,
боље да шетам вишак килограми, отколку да шетам мањак мозак :D
 
M

Moon Child

Гостин
Дали имате приметено на ФБ оние сликите со мудра мисла од Пауло Коељо?
Ако не, еве ви еден бисер


и една жена доле искоментирала
Se slozuvam so paulo koeljo.
Приметив дека сликиве ги лајкаат и споделуваат луѓе што се факултетски образовани.
Нема да го коментирам фактот дека мудриве мисли од Пауло Коељо, воопшто не се мудри мисли од Пауло Коељо, туку си ги измислила рандом семе синапово теткача.
Нема поглупо нешто од теткача на ФБ. Тие истите што под икони коментираат амин, и пишуваат Да ако света Петка е добредојдена во нивниот дом.
Тажно е што таквите имаат право на глас.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.525
Поени од реакции
18.409
Мене лично ми е непријатно и неугодно кога морам ради општествено воспоставени правила и норми кои налагаат во духот на културата и добрите манири да честитам 8. Март. И искрено, уште повеќе жал ме фаќа кога гледам жени кои меѓу себе си честитаат. Или селфиња со тањирите на фејсбук. Или кога некоја паѓа во транс кога ќе и честитаат. Или средношколки со подарени за нив цвеќиња. Што знам, мене се тоа ми делува како некоја патетична театралност.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Јес да помина 8-ми март, но кога сме кај театралностите за овој ден, најтеатрално ми е кога се собираат 200 жени во кафана или во хотел, значи само жени, и прават веселби со јадења, ора, чочеци, пејачи во живо.........:гик:

Иначе деновиве ме облева некое тапа чувство. Ни јас незнам како да го опишам. Чувство измешано од чувства на досада, болка, закржлавеност, негативни мисли и еден куп други работи кои воопшто не ги сакам:unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom