Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
YouTube знае дека слушам (и) рап, ама не знае дека џабе ми ја дава песнава во Recommended (и тоа прва), кога ништо не ја разбирам. А баш ме интересираше за што дрнда златниов и која е причината што во спотот му гостува цела чета униформирани и наоружани огриња од УЧК. :unsure:



Погледни ги лајковите, #sozivot, #liberalizam, #sitesme luge
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Wake up wake up, bake up bake up.


 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.181
Поени од реакции
3.429
Екуте, екуте, екут муа
ет суи ла рут апре ма воа
ту се бијан ке ж'суи ла пур туа
екуте, екуте, екут муа

 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Некогаш се прашувам зошто сум таква личност што никогаш не сака да си го пушти минатото да почива во мир. Да го прифати дека е веќе случено, да си ги прифати грешките, да ги научи лекциите и ако е бел гулаб, да го пушти веќе еднаш тоа минато.
Некогаш се прашувам дали е затоа што можеби имам недовршени работи со многу личности од моите минато. Затоа што имам зборови недокажани, воошто немање шанси за тоа, ниту обид за создавање на шанса. Многу шанси недобиени ниту создадени за давање заслужени шамари на изговори од мажи. Друг пат се прашувам дали е затоа што можеби се уште има дел од мене што чувствува нешто. Без разлика дали е маж или другарка или место, можеби се уште имам некои чувства. Некои навикнат живот од кој тешко се откажувам.

И ми текна периодов. Можеби и многу порано, ама не се осмелував да си го признаам. Најмалку на глас. Секогаш сметам дека вистински сме соочени со нешто ако го изговориме на глас, сами. Како на пример јас сум ужасна другарка. Јас сум пресебична личност. Јас се хранам од повредувањето на другите. Јас немам грам емпатија во мене. Овие не се однесуваат на мене, само нафрлам примери.

Моето би било следново - јас секогаш се држам како давеник за сламка за минатото, затоа што без него сум ништо.

Јас веќе не создавам приказни во мојот живот. Создавам спомени да, но не и приказни. Најмалку интересни. Веќе немам бурни вечери или спонтани денови. Веќе немам луди вечери со пријатели или оригинални начини на запознавање на мажи. Немам нови нервирања со машкиот род, немам нови потраги по истите, немам нови каења за истите.

Минатото е местото каде што имав се од овоа. Оноа прашање кое е следствено на овоа е дали сум среќна, прашање за кое се уште не сум подготвена да го изговорам одговорот на глас.

Не сум човек кој зјае во стари слики, прашувајќи се што се случи со луѓето на сликите. Точно знам што се случи и со мене и со сите дотични на една слика. Затоа на фб профилот си ги гледам само последните десет слики од профил албумот. Ако вртам надолу ќе се потсетувам на секое едно место кај сум била, зошто, каква сум била, далу сум била вистински среќна или сум плачела пред да се сликам.

Ама само за една работа уште се фаќам дека ја правам. Знам да извртам и да се вратам на периодот кога тој беше присутен во мојот живот. Да се сетам на што сум кажала и како сум направила и со која намера едно нешто.
Можеби затоа што беше единствената приказна во мојот живот која имаше шанса за последен пат да стане интересна. И сега понекогаш го трошам времето заглавена во тоа вечно прашање "што ако" ? Што ако навистина си ми бил последната приказна, поинтересна? Што ако си можел да станиш поинтересна? Што ако си оставел поголем белег? Што ако никогаш не оставеше белег, да не морам да се потсетувам на тебе како моја последна шанса за интересна приказна?


Веќе такви шанси не добивам. И не верувам дека ќе. Луѓето се менуваат. Јас себеси не се препознавам од пред добри пет години. И тоа е добро, немав карактер пред пет години. Личност уште помалку.

Ќе беше подобро ако животот ми даваше помалку "што ако".
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Какви глупи феминистички постови се изначитав денеска...а само 7ми март сме..тек утре што ќе биде...па можам да замислам како би изгледало ако феминистика им даде на второ одделенчиња задача да пишат песна за нивната мајка..

"Мојата мајка е најубава на свет,
таа е поубава и од најубавиот цвет.
Мојата мајка се грижи за мене и тато,
мојата мама ме сака мене и бато.
Мојата мајка, се грижи за домот,
мојата мама го чисти и ломот.
Сакам да и шепнам, те сакам мамо,
ти навистина преубава дамо"

И добиваш одговор од наставничката "Кец! Што е ова? Демек жентие само за убавина ги бидува? Што демек мајка ти чисти дома само? Што не крене татко ти малце а? И зошто да и шепнеш дека ја сакаш? Што се срамиш да си ги покажеш чувствата во јавност? Што од мали години те учат дека емоциите се само за жени? Што има таа да се грижи за тројца мажи во домот?!?! Татко ти не може? Што мора она да ви готви? Зашто вие да не и готвите? Не заслужува она?"

П.С. Special shout-out до мајка ми Лила, што секогаш ми помагаше да имам најјаки рими во основно за осми март пошто секогаш споменував дека е ептен мила (а и уште мал милион зборови што се римуваат со мила :D ) :'))))
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Драга,
Зарем не те фаќа срам, што еден доста познат блогер, до вчера колумнист, а сега бранител на Македонја зачетоците на својата дебатна кариера ги влече од тука?
За #БетменСерит прашувам.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Wake n bake.

 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.902
Поени од реакции
116.261
И така денес комплетирам четвртина од својот живот. Постов го пишувам затоа што се некако ми се врти животот околу тие фамозни четвртини, кошарката, бурекот :D итн итн. Во кошарката успеав 3/4 да комплетирам, последната остана само сон поради икс причини, што ради моето его што ради нашиот фамозен систем такозван “уништување на луѓе од секоја област“. За бурекот да не спомнувам, ги имам комплетирано сите можни четвртини :ROFLMAO:, нарочито оние од кај Буцко на автобуската во Маџари, кој не пробал до сеа ништо не знае за вистинскиот бурек. :D Во животот комплетирав една четвртина, се надевам дека ќе догурам до три како и во кошарката, па за даље немам гајле. :D

П.с. Среќен осми март на сите припанички на понежниот пол и Марија Шерифовиќ.:smirce:
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
Понапорно од истакнувањето на феминистичката страна на денов е единствено ставањето слики по социјалните мрежи од надежни момчиња кои се надеваат на бонус поени ако се сликаат со ружа.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.972
Поени од реакции
15.261
Мислиш дека си многу креативен, па место ружа и мече ор самтинг, решаваш да и ја купиш ,,Лавиринт на духови" од Сафон. Одиш во матица и пред тебе има 7 мажи што ја купуваат истата книга и исто ја виткаат. Ххххххк пу. Ебате тоа клоновите. Во принцип исти сме сите.

Честит 8ми март на независните жени :smirce:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Среќен 8-ми март и на тебе и на сите жени на форумов............:)

1.JPG
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
К,
Мене некој кога ќе ми честита 8ми Март се осеќам старо ко комшивкине од маало на кои мајка ми ме тераше да им носам ружи кога бев мала. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom