Драга Кајгана,
Еве ја таа новогодишна досада. Уште по вечерта на Нова Година јас осеќам мамурлак. Едноставно си легнувам да спијам и покрај тоа што сакам да станам, не можам. Мамурлукот ме држи во кревет за да продолжам со дремење, а за тоа од кога ќе станам каква главоболка имам да не збориме.
Друго, традиционално за некои такви прослави, но посебно за Нова Година ми е расипувањето на стомакот. Одма почнува стомак да ме боли, се полнам со гасови, се на се расипан стомак, а никако неможам да прекинам со јадење. Дознав дека сум се здебелил и само што реков да ослабнам, ете ја Нова Година и нови 5 кила во тежина и испакнатиот стомак што штрчи.
За атмосферата да не зборам. На телевизија досадни новогодишни емисии, дома сите си дремат, си лежат, надвор движењето на луѓето е минимално................., со еден збор досадата преовладува. Затоа јас си чекам златно лето, сите надвор излезени, смеење, движење, сонце, повеќе активности....
