- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.591
Другарки и другари форумџии, Среќна Нова 2017 година!!! Се што си сакате нека ви се исполни!
Инаку за разлика од повеќето што ги знам, мене 2016 ќе ми остане во сеќавање по неколку прекрасни работи - годината ми започна со патување и авантура во Романија, па во април најпрво магистрирав, па се вработив во компанија која сега за сега работи добро. А на самиот крај на годината добив и внука (ќерка на брат).
Запознав нови луѓе, учествував на протестите кои се надевам ќе донесат подобра иднина, бев на неколку добри свирки и концерти, имаше и доста интересни мали случки за паметење и споменување. Нормално, имаше и проблеми и нервози одвреме навреме, ама тие нека останат како искуство за понатаму.
Инаку во новата година влегувам со 5-6 остварливи желби, па на крај на 2017 ќе видам колку ми се насмеала среќата и колку од нив се остварени.