Бев на неколку пати летово.....што да се прави затворени сме.
Комарци има и тоа солидно.......кај нас во Скопје може да се каже дека и нема во споредба со Дојран. Решение за шетање од кога ќе се стемни.....Аутан
Последен пат бев сега за продолжениов викенд, бев и пред тоа на неколку дена. Езерото не е баруштина како што го памтам пред 20 и кусур години......сосема солидно е за бањање.
Водата е топла, можеш да се киснеш внатре.
Цените на храна, кафе поефтино од Скопје.
Ако одиш натака во Стар Дојран ти ја препорачувам плажата Фук-Так, другите во градот не ги бива.
Ако си расположен со кола да се провозиш ти ја препорачувам
плажата кај селото Николич (
мапа). Тоа е според мене најдобра опција. Од селото до плажата се вози 1.5км по земјен но добар пат (нема бразди и дупки)....нешто како кога одиме по дивите плажи во Грција. За на оваа плажа обавезно земи си сопствен чадор, зошто пола лежалки се без чадори.....а и тие што ги имаат се многу слаби (не штитат).
Јас си носев мој столчиња за на плажа и чадор. Инаку Нескафе е 50 ден. на плажа -џабе.
Ако возиш натаму, немој преку Богданци (патот е катастрофа)....вози преку Валандово, од таа страна е ОК (вози према знаци -има полиција на регионалниот пат). Од автопат јас се исклучувам на клучката Смоквица.