Дојран

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146


Приказните на Дојран почнуваат од 4 век пред нашата ера, во времето на владеењето на македонските кралеви, кога долината на Празијас (сегашното Дојранско Езеро) ја населувале Пајонци. Тие живееле на "езерото", во дрвени колиби заградени со трска и поставени на скели кои се потпирале на долги дрвени колци. Со копното ги поврзувале единствено корабите со кои управувале многу вешто заради што најчесто и обидите на освојувачите (Персијците) биле безуспешни.

За времето на Филип II (359-336) и Александар Македонски (336-323) и во периодот кога Римјаните почнале да навлегуваат на Балканот ( II век п.н.е.) на западниот брег на Празијас (денес, месност Топлец) на површина од 30 - тина хектари веќе бил распространет антички град - тврдина со најстарото познато име Тауријан. Во 395 година при делењето на Римското царство на Западно и Источно чиј центар бил Константинопол (Цариград), Тауријан станал дел од Источното Римско Царство, односно Византија. Тауријан важел за град кој благодарение на местоположбата и развојот завзема значајно место во поглед на историските, културните и економските случувања. Иако нема пишани и документирани податоци, кои прецизно ќе го окарактеризираат Тауријан во овој век сепак, најверојатна е претпоставката дека токму во некоја од годините на IX - от век заради епидемија на колера и последиците од неа градот е поместен малку подолу - на југ.



Во Дојран времето оставило многу траги од минатото. Постојано бил граден, разрушуван, пален па повторно обновуван. Поробуван во повеќе наврати и од разни поробувачи. Сето тоа придонело во Дојран да се изградат градби (Цркви, чешми, бањи, саат - кули, училишта и др.) од различни култури и народи. За таквата богата историја на градот Дојран денес ни зборуваат остатоците од повеќе културно-историски споменици кој можат да се видат во Дојран.

Во својата релативно долга историја променил две местоположби и три имиња. Второто име на градот е Полин, кое останало и до наше време. Кога е сменето името на градот од Тауријан во Полин нема податоци, но се претпоставува дека тоа се случило со мигрирањето на градот од север на југ. Третото и последно име на овој град е Дојран и се поврзува со доаѓањето на Турците во Македонија и на Балканот во 14 век.



Потеклото на името Дојран се поврзува со една легенда. Во зимата 1371-1372, кога турските војски навлегувале во Македонија, стигнале и во Тауријан (Полин). Тие дошле од исток, а бидејќи било зима, езерото било замрзнато и покриено со снег. Турската војска, без да знае, поминала преку замрзнатото езеро и стигнала во градот. Градските првенци, кои ја пречекале војската, прашале од каде поминале, а турскиот војсководец Евронос одговорил: „Ете, овде, преку полето“. Тогаш првенците му кажале дека тоа не е поле, туку дека поминале преку замрзнатото езеро, покриено со снег. Кога го разбрал тоа, Евронос наредил да се направи голема и богата гозба, што на турски значи „дојрумаќ“. Се смета дека од тој збор и по тој случај градот добил ново име.

Друга легенда, пак, наведува дека Дојран го добил своето име по еден друг турски збор – „далјан“, што значи место, езеро, богато со риби.


А историјата на Дојран кажува дека тој во неколку наврати бил целосно уништуван, па обновуван. Последното големо уништување било во Првата светска војна, кога Дојран се нашол на првата линија на Солунскиот фронт. Во периодот меѓу двете светски војни, всушност до 1945 година, Дојран речиси исчезнува од картите и како град не постои. По Втората светска војна, Дојран повторно почнува да заживува, со намена во прв ред за туристичко место.

И Дојранското езеро привлекува со својата љубовна приказна со легендата за бунарот затворен со девет катанци. Кога по вода заминала најубавата девојка од крајот, Дојрана, крај бунарот ја чекало момчето. Занесена од љубов заборавила да го затвори деветтиот катанец, по што водата потекла и ја преплавила целата котлина. Така настанало Дојранското езеро.



Дојранчани тврдат дека благодарение на комбинацијата на езерските алги, калта и медитеранската клима, парализирано момче станало од количка, деца се излекувале од напади на астма, се затвораат секакви отворени рани, а според преданијата, крај Дојранското Езеро раните ги зацелувала и војската на Александар Македонски



Многу медицински лица како постоперативна рехабилитација препорачуваат лето на Дојранското езеро. Го препорачуваат Дојран како место идеално за постоперативен престој на пациентите, за лица што страдаат од болести на респираторните органи, но и од ревма и ишијас. Некои лекот го нашле во езерската вода, а некои и во езерската кал.

Некои странски туристи останале верни на дојранската кал и доаѓале крај езерото дури и за време на еколошката катастрофа, кога езерската кал ја имаше во избоилство оти водата беше повлечена.

Овде со подолг престој, со капење и мачкање со кал, луѓе станувале и од количка, откако по тешки сообраќајки имале проблеми со долните екстремитети, а на времето не било замисливо рибарите да одат на лов без да се намачкаат со кал. Примероци од калта се однесени во Софија, Белград, или во Љубљана за да се утврди кои лековити материи ги поседува калта за да го промовира Дојран и како езерска бања.
"Ако можела војската на Александар Македонски да се лекува овде, зошто не и ние. Преданијата велат дека, по секоја битка, овде доаѓала војската на Александар за да ги залечи своите рани и болки од борбите. Ако со испитувањата и научно ја докажеме лековитоста, веднаш ќе изработиме брошури и проспекти за привлекување и на странски туристи", зборуваат мештаните.



Се верува дека дојранската кал е далеку поквалитетна од калта во Црното Море, која се користи за терапевтски третмани. Била многу богата со минерали кои благопријатно дејствува на кожата, но и на ревматични болки. Но, според дојранчани, тоа научно треба да го докажат и стручните лица.

Чудна и навидум непријатна, но толку уникатна мешавина на мириси, не може да се почувствува на ниту едно друго место на светот. Единствено се доживува и вдишува токму на брегот на Дојранско Езеро. Оној ист мирис кој го прави Дојран посебен, оној ист мирис кој сме го вдишувале и пред петнаесетина години, кога езерото беше полно со чиста и бистра вода. Кога езерото и градот вистински живееја.

Езерската вода е жешка, зелена и матна. Кога влегувате во неа ја чувствувате тињата под стапалата. Гледате кон езерото, а оттаму непрестано кон брегот надоаѓа пена, која ви личи на пена од сапуница. Кога го доживувате сето ова, и кога, згора на тоа го вдишувате мирисот на алгите, имате чувство дека се наоѓате среде мочуриште.

Но, тоа е поради цветањето на алгите во езерото. Пената ја произведува токму нивниот цвет, значи, таа е сосема природна. Ова се случува само петнаесетина дена во годината. Водата тогаш е најлековита. Водата на Дојранското езеро е волшебна и чудотворна.



Август е идеално време за одмор во Дојран. Тогаш водата е најтопла и тогаш почнуваат да цветаат алгите. Од нив испарува јод, што е одличен лек за подобрување на имунитетот, за лекување настинки и проблеми со дишењето и токму поради тоа најголемиот дел од гостите се семејни луѓе со мали деца.

 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.800
Поени од реакции
2.598
Дојран ич не ми се бендисува,ист е како пензионерски дом,место младина да шета одат пензионери кога цутаат алгите,и се мачкат со кал..после има премногу комарци,а езерото е бара,одиш до половина и уште не те покрила водата.. никакво до нигде..
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Јас навремето кога одев во Дојран обавезно си зимав по една граната од првата светска војна за сувенир, ги има во изобилство (во езерото).
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Никогаш не сум била ама би сакала да идам.Братучед ми коа беше мал секоја година го носеа затоа што имаше астма и по враќањето од таму секогаш имаше подобрување кај неговото здравје. За Дојран имам слушано само убави работи, знам дека не е баш некое место за забава и журки ама затоа е место ЗА ОДМОР во права смисла, а и цените се ок во споредба со другите туристички градови во земјава.Башка сеа слушам дека езерото е полно како во старите времиња и стварно штета ќе биде ако не го посетам барем на еден ден.
 

Schhh87

schhh...
Член од
3 февруари 2009
Мислења
356
Поени од реакции
16
И јас годинава можно е да одам по 12 годишна пауза :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.798
2-3 пати сум бил и ни 10 дена немам седено таму...Повеќе е за стари луѓе нема ноќен живот ни каде да излезеш...ко пензионерче треба да шеташ со рацете зад грб и поред улица да шеташ каде што нема ни продавницца ни ништо...
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
dojran e dobro mesto, no ne e za nas mladite sho barame zurki sekoja vecer da ima
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.206
Поени од реакции
45.228
Фино место е ако сакаш онака да искулираш неколку дена да ти види душа раат, домородното население е злато народ, све се фини, насмеани, пријатни луѓе, (за разлика од некои : ))

Езерото е поднаполнето и температурата на водата е таман(за разлика од Охридсконо каде што мадињата ми стануваат леблебии) сеа цело е со алги и тревишта чудни,ама ако влезеш повнатре е топ, има педалинки живо џабе се, маста ќе им ја извадиш за 150 денара цел ден.

Нема некој ноќен живот а-у, ама па Богданци и Гевгелија се блиску, а таму е Ибица права, и нема да зажали никој ако се пушти. Цел тој крај е убав и ефтин мора да спомнам, топло препорачувам на сите да идат.

истражи ја Маќедоња, Маќедоња вреди! : )
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Годинава Дојран позитивно изненадува.
Езерото е надојдено и исчистено од алги/школки, плажите се средени, цените се нормални, a угостителските работници љубезни.
Секоја чест.




Цените за приватно сместување се движат околу 300 денари по кревет, а во хотел од 1.300 до 1.500 ден. полн пансион :vozbud:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Имав одено порано како дете на одмор две или три сезони со ред со старците (а.к.а. родителите) но откако почна езерото да се повлекува и ние се повлековме. Треба да се посети дојран дефинитивно во некоја прилика... баш ме интересира што се има да понуди.
 

WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
@Македонка1985 цените не се баш нормали зошто тоа не се соби како што ти мислиш верувај ми ти кажувам од искуство имам одено повеќе пати во Дојран вклучувајќи ја и прошлата година имаш 1 заедничко веце за сите фамилии што се во куќата (негде 2- 3) кујна немаш туку само шпорет и фрижидер надвор или пак во некој куќи нема ни шпорет туку штедат па има едно плинско решо. Тоа ти е за 300 денари. Ретки се тие што имаат убав смештај за 300 ама пак сите се зафатени па треба да си резервираш уште на почеток од сезоната. Е сега има и поубави куќи ама се поскапи таму има место. Инаку се е супер мало место има пазар и мини трговски центар па има каде да се прошета да каснеш нешто или пак да се напиеш кафе, е тоа е супер се ти е до газ. Инаку плажата е поправена од порано кога имаше школки што сега ги нема. Во водата има чат - пат некаде ама не е до толку како порано, плажата е доста проширена а и водата е надојдена. Водата е топла што би се рекло како бара а и покрај тоа викаат дека била лековита па луѓе се мачкаат таму со кал против реума мислам или така нешто. Во секој случај Дојран е место што треба да се посети. Единствена мана му се комарците кои вријат ама тоа не е некој поголем проблем.

--- надополнето ---

А да заборавив да кажам кој ве лажел дека нема нокен живот има полно кафичи и диска кој работат до доцна навечер, така да нема да треба да одите со рацете позади грб како пензионери.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
@Македонка1985 цените не се баш нормали зошто тоа не се соби како што ти мислиш верувај ми ти кажувам од искуство имам одено повеќе пати во Дојран вклучувајќи ја и прошлата година имаш 1 заедничко веце за сите фамилии што се во куќата (негде 2- 3) кујна немаш туку само шпорет и фрижидер надвор или пак во некој куќи нема ни шпорет туку штедат па има едно плинско решо. Тоа ти е за 300 денари. Ретки се тие што имаат убав смештај за 300 ама пак сите се зафатени па треба да си резервираш уште на почеток од сезоната.
Јас напишав 300 денари од кревет, а не од соба :smir:
А тоа што ти набројуваш ВЦ, кујна, се вика студио/апартман и нормално дека е поскапо.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Убаво е во Дојран,водата топла и се...само сместувањето за никаде е.Пред две години најдовме куќа,абе верувајте цел тон ѓубре имаше во собата,кондоми во креветот,ужас!
Седи само една страр баба,собира пари и нормално кој како си заминува и така останува.Јамата во дворот се затнала и смрди и ни вели не се бајњате многу да не се преполни,ке дојде тој камионот утре,другден.И морав да бегам.

Лани бев цел ден баравме смештај со пријателите и сите ни нудеа соба со 5кревети внатре:toe:
Па јас треба да спијам со 5души внатре...не благодарам.Дефинитивно тоа треба да се смени.Поскапо ке си платам,ама си сакам МОЈА соба.Има и фамилијарни луѓе не се сите друштво млади луѓе па да спијат заедно.
И на крај завшивме во хотел Полин или така некако,на поткровје,се вратив дома укочена од вентилаторот(пошто нема клима) и згора на се ми се издува раката од еден комарец,незнам стварно шо сорта се ама цела топка издувано ми стана.Скапо за тоа што го нудат,јадењето воопшто не беше вкусно.

И така јас сомоите патешествија во Дојран,одлучив дека тоа не е место за мене.Единствено само можам на еденден да идам,заради алгите.
 

WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Јас напишав 300 денари од кревет, а не од соба :smir:
А тоа што ти набројуваш ВЦ, кујна, се вика студио/апартман и нормално дека е поскапо.
Епа во Струга имаш и веце и кујна само твој а пак е 300 денари од кревет. Дојран е поскапо ама тоа е! :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom