За разлика од пред 7-8 години кога жив човек немаше во Дојран, како поминуваат годините така се повеке и повеке се популаризира како туристичка дестинација, иако повеке се фамилии со мали деца. Во Дојран одиме секоја година, барем по неколку пати во годината, чисто заради одмор и релаксација. Годинава забележав дека и општината сака да се потсреди градот, а и доста приватници земале место па прават шанкови и кафичи.
Нажалост, впечатокот не е позитивен.
Градската плажа е валкана и пренатрупана, се што направиле е да донесат каков таков песок и да ги исчистат трските.Иако има шанк на секој чекор долж шеталиштето, ми оставаат впечаток на рандом нафрлани дрвени куќарчиња со по некое масиче и столче и пуштена прегласна музика. Воопшто не се потрудиле да направат нешто интересно, ми изгледа како само идејата била ај ке ставиме шанк и ке штанцаме пари. Посебно грозно изгледаше тоа што масите беа поставени врз трева, на нерамен терен и со купишта губре измеѓу нив, што говори и за културата на лугето што седат таму, но и за негрижата на сопственикот на шанкот. Единствено едно местенце ми остави поубав впечаток, тоа беше последниот шанк пред пазарчето, се потрудиле ја уредиле плажата, имаат некоја тематика, убави сепариња, убаво осветлување за кога ке си седнеш навечер, мегутоа сепак треба уште многу работа.
Друга приказна се лугето што доагаат таму. Најчесто се од источниот крај од околината на Дојран,и не е дека дискриминирам некој во стилот јас сум од Скопје другиве се провинција, ама стварно ми смета кога оној што ке седне на соседната маса ми мириса на пот и плескавица со кромид.Не е дека нема да се видат убави, дотерани, културни луге, ама 80 % се овие првиве што доагаат од нива на плажа. Бљак.