Да не бегаме од темата ама ако во моментов не се вложува во спортот незнам кога се вложувало. Секој ден имаме нова сала , нови тениски игралишта, терени за хокеј, нова фудбалска арена, стипендии за спортисти, нови базени и што ли уште не.
Мислиш дека резултатите на спортистите се случајни?
Никако не се , Лазаров спомна дека биле добро организирани за подготовките а тоа не паѓа од небо.
Како и да е овие момци ги заслужија наградите кои се само потврда на успехот. А и заслужија дочек каков што доликува и мислам дека тоа е секогаш најголемата награда за еден спортист.
Друже, напишав и во темата за натпреварот со словенија, успехот е само нивни и на никој друг. Секоја чест на спонзорите и владата за колку-толку финансиската подршка, ама играчите што го постигнаа овој успех не се од вчера. Тие не се играчи кои играле и пораснале во новите сали и игралишта што ги спомнуваш, и тие проекти се добри ама не се прави така успех во спорт иако и тоа е важно.
Јас не сум упатен, но имам впечаток дека овие два успеха се пред се во конечно поклопување на добри генерации во двата спорта и во добрата работа на двете федерации. Не знам кој и како работи таму, но даваат резултати, веројатно ги нема оние мафијашки структури како во ФФМ.
Што се однесува до пречекот, да треба да се пречекаат ракометарите, но Инглориус мислам напиша во оваа тема, да не го спуштаме нивото на што значи триумф. Пречек на аеродром да, но не знам дали треба и организирано шетање со отворениот автобус (во овој случај ќе биде затворен
), министри да се шетаат покрај нив и минење низ триумфална. А што треба да направиме ако некогаш освоиме медал, да направиме уште поголема триумфална за поголем триумф.
Немој да ме сфатите погрешно за овој коментар, но замислете дека ова беше еден вид ренесанса во спортот, дека овие два успеха ќе ни бидат рутина, дека ќе бидеме во топ 8 на сите наредни првенства. И тогаш веројатно апетите ќе растат, и еуфоријата за на пр. 5 место како ова денес неам да биде таква како што е сега.