Дочек на ракометарите

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во право си, но ете тој менталитет кој со години ни бил развиван во гените полека се губи. Полека но сигурно почнавме да веруваме во Медали, во Олимписки игри и работи кои пред неколку години беа научна фантастика. Јас лично секогаш сум верувал во нашите спортисти но во минатото имав впечаток дека мојата верба е поголема од вербата на самите спортисти. Денес тоа не е случај, а веќе не демантираа Кошаркарите не демантираа и Ракометарите а не демантира и Наташа Илиевска како шампион на светската карате лига. За жал сеуште има и такви кои во себе се радуваат на неуспесите и кои сеуште со иронија гледат кон успесите на нашите репрезентативци.
Но темата не е отворена за таквите туку за сите оние кои мислат дека треба да им се одаде почит на ракомтарите, пред се поради пожртвуваноста и големата желба да се игра во полуфиналето и на олимписките игри.

П.С. Незнаев дека си девојка но со тоа само докажуваш дека девојките имат понекогаш поголеми „м...„ од мажите.
Сосем ти ја разбирам намерата и позитивниот контекст. Само мислам дека малку е избрзано. За мене не е готово до последното судиско свирче;)
 
H

HITCH

Гостин
Треба,како сме почнале и на фудбалерите кога ќе се вратат поразени од Хрватска и Србија ќе треба дочек да им правиме
А, не! Нив не ги чекам ниту светски прваци да станат. Тие продаваат натпревари, не се замарам со нив! Кога ќе се среди сојузот, тогаш ќе се вратам на стадион за да навивам. Не му давам ниту 50 дени на Хари мафија.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најбитно од се е што ни се менува менталитетот. Значи се знае како се игра за репрезентативен дрес, а како не се игра. Додека едните гинат буквално на терен, другите како манекенки ни се шетаат низ стадион. Нема подршка за такви говеда. Или ќе играат или ќе летаат од репрезентација, од било која репрезентација.
Спонтани собири се дочеците, ако народот смета дека треба да излезе ќе излезе и никој неможе тоа да го исконтролира. Ако не излезе и тоа треба да се почитува, зошто симболира дека не се задоволни од резултатот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А, не! Нив не ги чекам ниту светски прваци да станат. Тие продаваат натпревари, не се замарам со нив! Кога ќе се среди сојузот, тогаш ќе се вратам на стадион за да навивам. Не му давам ниту 50 дени на Хари мафија.
Додека не се протера Харалампие од државава, нема да мрднеме од мртва точка. Не може бе во репрезентација да играат луѓе кои ја мумљаат химната, не ја ни знаат како што треба. (чест на исклучоци, повторно) Повеќе од се би сакала да одам на Филип II и да се дерам и да викам и да пејам и да ги чекам на аеродром, ама кога не си заслужил бачко, тоа ти е. Секој според заслугите, а фудбалот во Македонија е една меланхолично трагична приказна со се надевам (како оптимист) пресврт во наша корист како нација.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.252
Ватерполо репрезентацијата на Македонија беше очекувано поразена од Италија на Европското првенство во Ајндховен. Светскиот шампион беше пресилен за нашите ватерполисти и однесе победа од 15-5


Несериозно е настапот на ватерполистите да се споредува со оној на ракометарите.
Исти ташак е друже. Само што ти си понесен од атмосферата што се прај во оваа држава и ништо повеќе. Им се дава повеќе шанса на ракометарите, а реално ватерполистите може и подобар пласман ќе имаат на првенството..
Без разлика што во тимот има 1-2ца Македонци, ама веруј дека тие што играат за репрезентацијата се борат повеќе од кој било друг Македонец што се фура тука по форуми дека ќе оди да ги пречекува ракометарите на аеродром или што ти знам кај.
Ако се прај дочек треба и за двете репрезентации.
Што се однесува до мене, ја не би за дочек.
Извинете за офф топикот, ама морав да пишам, оти страшно ме нервира што некои работи се форсираат упорно.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Ако стигнат на 2ро место во група и после во финалињата да влезат, ке има дочек, ако не влезат, ништо. Само ке им кажеме фала за возбудливите моменти при пратењето на натрпеварите.
За 12 то место не се прави дочек.
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 16:52 ---
Ако стигнат на 2ро место во група и после во финалињата да влезат, ке има дочек, ако не влезат, ништо. Само ке им кажеме фала за возбудливите моменти при пратењето на натрпеварите.
За 12 то место не се прави дочек.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Сме ги славеле и фудбалерите бе, (зарем заборавивте) ама кога заслужија. Кога гинеаа на терен, кога изиграа 2:2 со Англичаните, кога цел плоштад на послано македонско знаме се поклонуваше до земја и извикуваше Артим Шаќири. И ден денес постојат златни момци кај фудбалерите - Гоце Седловски, Горан Пандев, Иван Тричковски :cuc:И покрај тоа шо у последно и претпоследно време не им оди јас верувам дека на секој нареден поголем успех цела држава (пак) ќе им се поклонува.
У однос на ракометарите, по банална причина за да не ги пречекаме од таа дека " ќе ни се смеел светот " немам слушнато. Овие момци израснаа пред нашиве очи. Од талентирани ракометари се претворија во гладијатори кои не се плашат од никој ( и ништо). Сонцето ми се чини најсилно свети на нивните дресови.Играат толку чисто, со толку љубов ( кон Македонија), со толку жар, борба, пожртвуваност, дрскост. Никогаш нема да го заборавам моментот кога игравме квалификации со Израел ( во Кале) кога се измачивме да победиме и кога Кире со толку многу голем респект и љубов прво шо направи е дојде со нас (публиката) да ја прослави победата и да ни се поклони. Општонароден делириум. Ракометот е спорт кој ние многу емотивно го доживуваме. Спорт кој не направи горди ( и ми се чини секогаш ќе не прави горди). Овие момци едноставно немаа среќа. Ги пратам како играат толку многу години шо проклето многу ме боли самата помисла да не играат за медал. Имаме златна генерација. Имаме златни ракометари, наши, Македонци и треба да ги славиме. Шо ќе речел светот, ич к*р не ме боли. Дочек секако да да!.

П.с И не го славиме пласманот, ги славиме само ракометарите и нивната пожртвуваност ( без Шундовски - јас прв ќе мафтам со бело мармаче за него).
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Исти ташак е друже. Само што ти си понесен од атмосферата што се прај во оваа држава и ништо повеќе. Им се дава повеќе шанса на ракометарите, а реално ватерполистите може и подобар пласман ќе имаат на првенството..
Без разлика што во тимот има 1-2ца Македонци, ама веруј дека тие што играат за репрезентацијата се борат повеќе од кој било друг Македонец што се фура тука по форуми дека ќе оди да ги пречекува ракометарите на аеродром или што ти знам кај.
Ако се прај дочек треба и за двете репрезентации.
Што се однесува до мене, ја не би за дочек.
Извинете за офф топикот, ама морав да пишам, оти страшно ме нервира што некои работи се форсираат упорно.
И ти сега, гледаме околности, точно е дека не треба за се да се слави, бидејќи зборот триумф губи од значењето, ама за мене никој не не порази до сега.Данска е светски вице првак не среќно на продолжение од Франција, кога ватерполиситите ќе изиграат така со Хрватска, Србија и останатите океј.Ма да глупо е конкуренција во ракомет со ватерполо да споредуваш.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.987
Нејќам да звучам ко Најчевска и компанија, ама сериозно спастрете го мозокот малце. Сфаќам дека сме троа неизживеани и дека еден ден ако почнеме да редиме реални успеси ќе ни помине, ама вакви бламови ич нема потреба да се прават.
Плус, ќе се симне критериумот за тоа што претставува успех. Не може 5то до 8мо место успех да ни биде.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.738
А ватерполистине зашто не ги чекате? Тие не се Македонци?
Не знам дали знаеш, ама да те потсетам како тоа беа пречекани ватерполистите после освојувањето на медал на универзијадата.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Па добро ќе биде да одат луѓе и да ги пречекаат. Даваат се од себе, заслужуваат и на нив да им се направи дочек. Колку и да губат не треба да ги мразиме и да фрламе со камења по нив. Ракометот е тежок спорт, а и мислам дека поголема е конкуренцијата сега отколку со кошарката.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.391
Исти ташак е друже. Само што ти си понесен од атмосферата што се прај во оваа држава и ништо повеќе. Им се дава повеќе шанса на ракометарите, а реално ватерполистите може и подобар пласман ќе имаат на првенството..
Без разлика што во тимот има 1-2ца Македонци, ама веруј дека тие што играат за репрезентацијата се борат повеќе од кој било друг Македонец што се фура тука по форуми дека ќе оди да ги пречекува ракометарите на аеродром или што ти знам кај.
Ако се прај дочек треба и за двете репрезентации.
Што се однесува до мене, ја не би за дочек.
Извинете за офф топикот, ама морав да пишам, оти страшно ме нервира што некои работи се форсираат упорно.
Toa dali e uspehot niven pogolem i dali se Makedonci ,ne znachi deka treba niv da gi precekuvam.Nit me interesira vaterpolo,niti karate..Gleam Fudbal,kosarka i rakomet i tie reprezentacii ke gi gledam i ke gi slavam,ako zasluzat normalno.Banalno e da sporeduvate uspeh na vaterpolisti,kolku e po naglasen sportot vo svetski ramki tolku potesko da se ostvari dobar rezultat..Konkurencijata go nalaga toa.Okej vaterpolistive osvoja dobro mesto,ali kolku deca u evropa ili eve kaj nas idat i si igraat vaterpolo,treniraat se borat za uspeat? a posle sporedi so rakometot.Samotot toa sto reprezentacijata vestacki beshe sozdadena,oni mozhe se borat ko Makedonci ama fakt e deka imaat site poteklo od Srbija,i pricina sto igraat za nas e toa sto kaj srbite nema mesto.Da mislite deka Makedonija ja izbrale radi ljubov pred srbija e naivno mnogu.
I preku kur od glupi muabeti od tipot na Najcevska,deka sme gi forsirale odredeni reprezentacii.gi gledam onie sportovi sto se popularni i rezultatot tamu mi e biten.Za kajakarsvtvo,podobranstvo,karate i tn,svaka cast i za niv,ako nekoj go glea toa neka ide i neka gi preceka.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.252
И ти сега, гледаме околности, точно е дека не треба за се да се слави, бидејќи зборот триумф губи од значењето, ама за мене никој не не порази до сега.Данска е светски вице првак не среќно на продолжение од Франција, кога ватерполиситите ќе изиграат така со Хрватска, Србија и останатите океј.Ма да глупо е конкуренција во ракомет со ватерполо да споредуваш.
За мене репрезентација во ватерполо и во ракомет речиси исто значење има(нели, ако си патриот* нема што да делиш на јак спорт слаб спорт...), знаеме сите дека ракометот е далеку по популарен спорт од ватерполото, ама не смее да се заборави дека ние во Македонија еден базен имаме, дали и тој е во функција како треба, со толку малце вложувања сме се пласирале на СП, ЕП и на Универзијада каде имаме бронзен медал.
Ама добро, другите ова веќе го доживеале и преживеале, кај нас сеа иди, прашање е дали ќе се задржи..

*јако е сеа да си патриот..
Забегавме од темата ептен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom