Дочек на ракометарите

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Абе до душа, нас системов не заебава, да имаше четвртфинале (а не директно полуфинале) ко на баскетот гарант влагавме у 1/2... :D

Требаше да има систем: Тој што ќе ја тепа Чешка Република, да земе медал. Најмалку втори ќе бевме.
Туку пречеков ми е интригантен. Замисли да го пречекаат људи што викаа „Кире не се враќај; Борко свињо; Шундовски - go back to Prespa bitch; и слично.
 
^ Зашо заборај ти што беше после Црна Гора, овде пцуење по Антиќ и Докузовски.:icon_mrgr:И тоа е дел од сето ова, само кога играат како што треба и да изгубат нема потреба.Секако кога ја гледам онаа сликана од Миркуловски како го паѓаат би одел за дечкиве и пешки до Скопје ако треба.
 
А ватерполистине зашто не ги чекате? Тие не се Македонци?
Ватерполо репрезентацијата на Македонија беше очекувано поразена од Италија на Европското првенство во Ајндховен. Светскиот шампион беше пресилен за нашите ватерполисти и однесе победа од 15-5

Несериозно е настапот на ватерполистите да се споредува со оној на ракометарите.
 
Уште да се испечати оваа изјава, и да се удри еден мур, и ете потврда за вистинската приказна што кружи низ државичкава и расата.
 
Уште да се испечати оваа изјава, и да се удри еден мур, и ете потврда за вистинската приказна што кружи низ државичкава и расата.

Тоа ли те мачи бе друже „расата„ и „државичката„ , па така кажи да знам со кој имам работа.
 
Зависи со што ќе дојдат. Ако дојдат со авион ќе ги чекам на аеродром, а ако идат со автобус ќе ги чекам на граница со дресот од Стевче Алушевски. За мене најважна е играта која ја прикажуваат, исто како и кошаркарите коските ги оставаат на терен. На следното првенство ќе бидат уште подобри.

Многу ги сакам дечкиве, многу!
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 15:05 ---
А ватерполистине зашто не ги чекате? Тие не се Македонци?

Извини, може да ни кажеш кои се играчите? Не дека не го вреднувам нивниот труд, но сепак...
 
А ватерполистине зашто не ги чекате? Тие не се Македонци?

Па уствари и не се Македонци. Тие 2 утакмици што ги гледав некако не ме убедија дека играат со срце за државава.
 
Уште не завршиле со натпревари момците отворена тема за пречек:facepalm: Се гледа кој има лузерски менталитет, а тоа сигурно не се ракометариве. Срамота еј.

Па, мора да се вратат дома! Се` едно со кој успех. Со темава не се покажува „лузерскиот менталитет“, лузерски ќе биде ако се продолжи да се плука по нечив успех, `ко што се прават сега.
 
Па, мора да се вратат дома! Се` едно со кој успех. Со темава не се покажува „лузерскиот менталитет“, лузерски ќе биде ако се продолжи да се плука по нечив успех, `ко што се прават сега.

Да ја победеа вчера Данска мислиш дека темава ќе беше отворена? Не. Е тоа е лузерски менталитет. Се спремаш за дочек уште незавршено првенство.
 
Да ја победеа вчера Данска мислиш дека темава ќе беше отворена? Не. Е тоа е лузерски менталитет. Се спремаш за дочек уште незавршено првенство.

Друже верувај ми јас сум последниот овде на форумот со лузерски менталитет и затоа ич не се „коси„ поради темата , причина биди во тоа сигурен не е губитничкиот менталитете туку повеќе потреба уште сега јасно и гласно да се каже дека ракометарите заслужија почит и респект , без разлика на последните две утакмици од кои јас лично сеуште не сум се откажал.
 
Верувај ми дека она што го пишувам не е во насока да те навредам тебе или било кој што пишал на темава. Меѓутоа сериозно сметам дека ментално, грото публика кај нас не е подготвена за спорт. Вчера доживеавме пораз и веднаш почнаа жалопојки во смисол, епа ај да си пакуваме куферите, што бараат луѓето таму, а имаме уште два натпревари. Вакви теми се отвораат после последниот изигран натпревар, а не пред два што тек престојат. Го паѓате моралот на народов на многу ниско ниво, со вакви ставови.

П.С Женско сум :)
 
Треба,како сме почнале и на фудбалерите кога ќе се вратат поразени од Хрватска и Србија ќе треба дочек да им правиме

Ги споредуваш оние неталентираните со две леви нозе (чест на исклучоци), кои химната одвај со пола уста ја пејат, со овие момци?
Како успеа жити мене?

Јас ќе одам ако има организиран пречек,како и да е.

Само глупо е,и знам дека сите позери нема да отидат,ако во најмала рака не обезбедиме турнир за пласман на ОИ.

Сурово ама реално. :toe:

Подобро да не дојдат. Крај краева, сигурна сум дека момците ќе бидат среќни во секој случај доколку има некој да ги пречека, макар биле тоа и само 500 души. Скромни момци се и ја ценат својата публика. Подобро искрени навивачи, отколку луѓе што цело време ги плукаат,
 
Верувај ми дека она што го пишувам не е во насока да те навредам тебе или било кој што пишал на темава. Меѓутоа сериозно сметам дека ментално, грото публика кај нас не е подготвена за спорт. Вчера доживеавме пораз и веднаш почнаа жалопојки во смисол, епа ај да си пакуваме куферите, што бараат луѓето таму, а имаме уште два натпревари. Вакви теми се отвораат после последниот изигран натпревар, а не пред два што тек престојат. Го паѓате моралот на народов на многу ниско ниво, со вакви ставови.

П.С Женско сум :)

Во право си, но ете тој менталитет кој со години ни бил развиван во гените полека се губи. Полека но сигурно почнавме да веруваме во Медали, во Олимписки игри и работи кои пред неколку години беа научна фантастика. Јас лично секогаш сум верувал во нашите спортисти но во минатото имав впечаток дека мојата верба е поголема од вербата на самите спортисти. Денес тоа не е случај, а веќе не демантираа Кошаркарите не демантираа и Ракометарите а не демантира и Наташа Илиевска како шампион на светската карате лига. За жал сеуште има и такви кои во себе се радуваат на неуспесите и кои сеуште со иронија гледат кон успесите на нашите репрезентативци.
Но темата не е отворена за таквите туку за сите оние кои мислат дека треба да им се одаде почит на ракомтарите, пред се поради пожртвуваноста и големата желба да се игра во полуфиналето и на олимписките игри.

П.С. Незнаев дека си девојка но со тоа само докажуваш дека девојките имат понекогаш поголеми „м...„ од мажите.
 
Да ја победеа вчера Данска мислиш дека темава ќе беше отворена? Не. Е тоа е лузерски менталитет. Се спремаш за дочек уште незавршено првенство.

Да, јас планирав да отворам тема, ама после Полска. :icon_lol: Другарчево ме претрка. Дечкиве играат феноменално, но имаат и противници кои имаат огромни успеси во ракометот. Нашите противници имаат одиграно многу клучни натпревари што во лигите каде што играат, што со репрезентативниот дрес. Знаеш колку време Вилбек е тренер и кои успеси ги постигнал? Знаеш Германија колку ракометни клубови има? Абе, ние не можеме 20 клубови од сите спортови да собереме! Ние немаме ниту пренос на телевизија од спортски натпревари кои се одржуваат во Македонија. Само во кладилници се чекаат резултатите. Одењето на натпревари Бог знае од кога е заборавено.

Да не се потценуваме, ама нашата држава сега вложи за спортистите, и тоа им направи само сали, за кои плаќаат општините. До сега некој се прашал каде вежбаат? Се прашал како врзуваат крај со крај? Има спортисти на форумов, нела споделат „пријатни“ искуства. Нема потреба да се жестиме за се`!

Темава си е на место и воопшто не е лузерска, оти кога - тогаш дома ќе мора да си дојдат! :icon_lol: Нема бегање! Е, сега ќе биде интересно да се видат „навивачите“ кои ги плукаа дечкиве, за нивната игра. Треба да се отвори една тема за оние кои се радуваат само на победите, а за нерешено или пораз одма почнуваат со напаѓање. Да не ги спомнувам навредите упатени до младиот Манасков, до Кире, до Борко... Не ги продадоа натпреварите! Тоа е најважно.

П.С. И јас сум женско. :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom