Сме ги славеле и фудбалерите бе, (зарем заборавивте) ама кога заслужија. Кога гинеаа на терен, кога изиграа 2:2 со Англичаните, кога цел плоштад на послано македонско знаме се поклонуваше до земја и извикуваше Артим Шаќири. И ден денес постојат златни момци кај фудбалерите - Гоце Седловски, Горан Пандев, Иван Тричковски
И покрај тоа шо у последно и претпоследно време не им оди јас верувам дека на секој нареден поголем успех цела држава (пак) ќе им се поклонува.
У однос на ракометарите, по банална причина за да не ги пречекаме од таа дека " ќе ни се смеел светот " немам слушнато. Овие момци израснаа пред нашиве очи. Од талентирани ракометари се претворија во гладијатори кои не се плашат од никој ( и ништо). Сонцето ми се чини најсилно свети на нивните дресови.Играат толку чисто, со толку љубов ( кон Македонија), со толку жар, борба, пожртвуваност, дрскост. Никогаш нема да го заборавам моментот кога игравме квалификации со Израел ( во Кале) кога се измачивме да победиме и кога Кире со толку многу голем респект и љубов прво шо направи е дојде со нас (публиката) да ја прослави победата и да ни се поклони. Општонароден делириум. Ракометот е спорт кој ние многу емотивно го доживуваме. Спорт кој не направи горди ( и ми се чини секогаш ќе не прави горди). Овие момци едноставно немаа среќа. Ги пратам како играат толку многу години шо проклето многу ме боли самата помисла да не играат за медал. Имаме златна генерација. Имаме златни ракометари, наши, Македонци и треба да ги славиме. Шо ќе речел светот, ич к*р не ме боли. Дочек секако да да!.
П.с И не го славиме пласманот, ги славиме само ракометарите и нивната пожртвуваност ( без Шундовски - јас прв ќе мафтам со бело мармаче за него).