Да ја победеа вчера Данска мислиш дека темава ќе беше отворена? Не. Е тоа е лузерски менталитет. Се спремаш за дочек уште незавршено првенство.
Да, јас планирав да отворам тема, ама после Полска.
Другарчево ме претрка. Дечкиве играат феноменално, но имаат и противници кои имаат огромни успеси во ракометот. Нашите противници имаат одиграно многу клучни натпревари што во лигите каде што играат, што со репрезентативниот дрес. Знаеш колку време Вилбек е тренер и кои успеси ги постигнал? Знаеш Германија колку ракометни клубови има? Абе, ние не можеме 20 клубови од сите спортови да собереме! Ние немаме ниту пренос на телевизија од спортски натпревари кои се одржуваат во Македонија. Само во кладилници се чекаат резултатите. Одењето на натпревари Бог знае од кога е заборавено.
Да не се потценуваме, ама нашата држава сега вложи за спортистите, и тоа им направи само сали, за кои плаќаат општините. До сега некој се прашал каде вежбаат? Се прашал како врзуваат крај со крај? Има спортисти на форумов, нела споделат „пријатни“ искуства. Нема потреба да се жестиме за се`!
Темава си е на место и воопшто не е лузерска, оти кога - тогаш дома ќе мора да си дојдат!
Нема бегање! Е, сега ќе биде интересно да се видат „навивачите“ кои ги плукаа дечкиве, за нивната игра. Треба да се отвори една тема за оние кои се радуваат само на победите, а за нерешено или пораз одма почнуваат со напаѓање. Да не ги спомнувам навредите упатени до младиот Манасков, до Кире, до Борко... Не ги продадоа натпреварите! Тоа е најважно.
П.С. И јас сум женско.