Донесен е законот за Државни службеници = "аирлија казнување и бркање од работа"

D

devojcence

Гостин
pa ti pred vreme znaci se sekirash. od kaj znaes moze ke go smenat izmenat nadopolnat i sl. nemoj vakvi stresovi pred vreme bogati :)
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
224
Поени од реакции
249
Тоа дека имаме најголема администрација по глава жител е факт и имаме, АМА законов не е решение за тоа и нема ништо да смени, само повеќе заплашувања и поголема контрола. Англиски дека треба да се знае треба ама ТОЕФЛ е малце смешно. (а прееска кажав и дека е исто така скапо). Како и да е кој и закон да е рамковен ќе треба да се почитува, па пак наши паметни НЕОБОЕНИ луѓе со дипломи ќе си ја бараат среќата надвор од мкд, каде што се цени знаењето ама на некој може му одговара тоа. Значи ниеден закон нема да функционира зашто владеачка партиска книшка(кој и да е на власт) е посилен правен акт од сите закони. А да добро е да си и малцинство....
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
38.382
Леандра навистина ме изненади,добро ајде ќе го избркат брат ми од работа, а ти ќе бидеш ли среќна со тоа? Јас например на никого не пожелувам да му се случи некоја несреќа, или пак некој да остане без леб заради глупостите на владата а јас со тоа да се радувам.. Сега ми е јасно зошто постои една интересна поговорка за нас македонците,а таа поговорка беше нека умре козата на комшијата..
Од цел пост каков заклучок си извадил дека ми е гајле за брат ти, браво :)
Без леб ќе остане? Ами нели е способен? Самиот потврдуваш неспособност на државна администрација. Еден ко ниеден, никаква работа не врши. 250 000 треба да ги избркаат. Неможе во државно да има вработено повеќе од приватен сектор. Неможе 250 000 од приватен да ранат 500 000 административци, оти? Оти ќе останеле без леб. Не ми е јасно колку не ја гледате себичноста и имаш лице да прашаш што понатаму. Седум години јадел државни пари поради партиски активизам. Седум години на грб на приватен сектор. И ми велиш да му умре козата на комшијата? Ами комшијата умре во овие седум години ранејќи ве.

Апсолутно ова не влегува во несреќа. Бркање на пола администрација треба да се обележи како празник во Македонија со два дена слободни дена и строго од тие пари кои ќе останат за плати од над 22 000 денари да им се даде на сиромашните по две просечни плати од приватен сектор.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
5.973
Поени од реакции
4.147
јас сум ЗА законов !

кога некој се нафатил да биде во служба и сервис на граѓаните,тоа нека биде лице кое е образовано,современо,стручно,љубезно,секогаш спремно да помогне благодарејќи на своите знаења и вештини кои ги поседува.

значи и да влези по партиска линија,тоа лице треба да си ја брка својата работа професионално и стручно.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Пак мафтање за обичен народ. Колку да се рече еве донесовме бла, бла. Ако видам некој избркан од неписмените кај што извадаат документи во МРТВ ќе се случи чудо! Реков, ама баш никогаш ама никогаш нема да очекувам дека нешто ќе профункционира. Исто како што бевме сведоци и на многу други настани.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.359
Сега ми е јасно зошто постои една интересна поговорка за нас македонците,а таа поговорка беше нека умре козата на комшијата..
Немој ти се молам со вакви демагогии, да не се работеше за брат ти, ич мува немаше да те лази, ниту па ќе коментираше на темава.

Што се однесува до мене, и 2/3 администрација да ги избркаат, ќе славам 3 дена без престан (што за жал нема да се случи, бар не наскоро). Е тогаш, тогаш ќе започнеме да личиме на нешто, на нормална држава.

Токму поради тој пореметен систем на вработување по кој е вработен брат ти, по партиска квота, се иселија 500 000 и повеќе луѓе. Само администрација и пензионери останаа. И тие само за својот газ си гледаат. Што и како ќе биде со останатите, ич не ги тангира. А јас требало да ги жалам, види богати...

За што бре да ги жалам?! Што си играат курташак со моето време, пари и нерви секој божји ден само за да завршам работа која е нивна ДОЛЖНОСТ, за која се ПЛАТЕНИ од НАРОДОТ!

А што се однесува до ТОЕФЛ, нека го полагаат и 10 пати ако треба. Ако може јас како граѓанин да го положам, срамота е тие да не знаат ни да бекнат англиски, а работат во државни институции.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.643
Поени од реакции
956
Од цел пост каков заклучок си извадил дека ми е гајле за брат ти, браво :)
Без леб ќе остане? Ами нели е способен? Самиот потврдуваш неспособност на државна администрација. Еден ко ниеден, никаква работа не врши. 250 000 треба да ги избркаат. Неможе во државно да има вработено повеќе од приватен сектор. Неможе 250 000 од приватен да ранат 500 000 административци, оти? Оти ќе останеле без леб. Не ми е јасно колку не ја гледате себичноста и имаш лице да прашаш што понатаму. Седум години јадел државни пари поради партиски активизам. Седум години на грб на приватен сектор. И ми велиш да му умре козата на комшијата? Ами комшијата умре во овие седум години ранејќи ве.

Апсолутно ова не влегува во несреќа. Бркање на пола администрација треба да се обележи како празник во Македонија со два дена слободни дена и строго од тие пари кои ќе останат за плати од над 22 000 денари да им се даде на сиромашните по две просечни плати од приватен сектор.

Како прво, брат ми работи во Општина Вевчани,значи зборот ми е дека не работи во министерство за надворешни работи или во некоја скопска општина, Вевчани е селска општина и нема потреба да се знае англиски до тој степен,значи нема потреба докторски да се знае англиски,а инаку да даде Господ да дојде некој нов строг закон за приватниот сектор,па после јас ќе славам,и ќе велам браво за владата така треба нека умре козата на комшијата.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.359
да даде Господ да дојде некој нов строг закон за приватниот сектор,па после јас ќе славам,и ќе велам браво за владата така треба нека умре козата на комшијата.

Платите во Македонија со години растат побрзо од продуктивноста. И тоа главно во јавниот сектор, а приватниот е принуден да ја следи државата за да може да обезбеди работници, односно да спречи поголем одлив на кадар од компаниите кон државните институции.

„Зголемувањето на платите во администрацијата директно влијае на нас затоа што се зголемува минималната плата. Приватниот сектор се труди оној што вреди да го плати повеќе, а тој што работи помалку, да добие помала плата, односно секој да добие колку што заслужува. Но, потрошувачката кошничка е иста за сите, па работниците што не се многу платени не можат да трошат и тогаш бараат работа за поголема плата во јавна администрација или во друга компанија. Во јавната администрација ни се одлева многу кадар. Затоа ова е меч со две острици“, вели Аце Антевски, генерален директор на фабриката за електромотори Раде Кончар.

http://www.kapital.mk/mk/magazin/85718/javniot_sektor_go_ubiva_privatniot_vo_makedonija_.aspx

kjara

Самовилата
Член од
1 март 2007
Мислења
666
Поени од реакции
1.424
Законов стана првокласна проститутка. Кој како стигне си го мења по негова желба.
Од сега нема да има избор. Или ќе земеш партиска книшка за да те оценат прелазно, или RAUS!
(n)
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
10.737
Поени од реакции
6.710
Како прво, брат ми работи во Општина Вевчани,значи зборот ми е дека не работи во министерство за надворешни работи или во некоја скопска општина, Вевчани е селска општина и нема потреба да се знае англиски до тој степен,значи нема потреба докторски да се знае англиски,а инаку да даде Господ да дојде некој нов строг закон за приватниот сектор,па после јас ќе славам,и ќе велам браво за владата така треба нека умре козата на комшијата.
A таксистите ??
И тие треба да знаат англиски а не возат во министерството за надворешни нити се под државна капа. Па ете и за нив морало.
Тоа е што ке правиш, туку нека земи братти нека го загрее столчето. За 100 евра ке се снајди некако.
 
Абе ти знаеш што значи ТОЕФЕЛ? Значи не само така основно да комуницираш на анлиски и да пишуваш,туку треба на високо ниво, значи исто ко англичанец треба да ти е англискиот за да добиваш толку поени од тестот,,па ниту министерите не знаат толку високо ниво, незнам зошто сте толку слепи, ти мислиш дека ова е реално што го прават? А од таксистите барат основно да знаат англиски.. Макар што ни тоа не е потребно. Незнам што се случува со ова влада,само знам нешто дека блиските роднини на овaа власт нема да имаат никакви проблеми за ништо.. И уште нешто,овој закон е против УСТАВ..
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
38.382
Како прво, брат ми работи во Општина Вевчани,значи зборот ми е дека не работи во министерство за надворешни работи или во некоја скопска општина, Вевчани е селска општина и нема потреба да се знае англиски до тој степен,значи нема потреба докторски да се знае англиски,а инаку да даде Господ да дојде некој нов строг закон за приватниот сектор,па после јас ќе славам,и ќе велам браво за владата така треба нека умре козата на комшијата.
Класично ретардиран муабет, рани куче да те лае.
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
10.737
Поени од реакции
6.710
Абе ти знаеш што значи ТОЕФЕЛ? Значи не само така основно да комуницираш на анлиски и да пишуваш,туку треба на високо ниво, значи исто ко англичанец треба да ти е англискиот за да добиваш толку поени од тестот,,па ниту министерите не знаат толку високо ниво, незнам зошто сте толку слепи, ти мислиш дека ова е реално што го прават? А од таксистите барат основно да знаат англиски.. Макар што ни тоа не е потребно. Незнам што се случува со ова влада,само знам нешто дека блиските роднини на овaа власт нема да имаат никакви проблеми за ништо.. И уште нешто,овој закон е против УСТАВ..
Абе ти сфаќаш дека на најголемиот дел од форумашите и најголемиот дел од популацијата гледа на пренатрупаната администрација како на чума која треба да се изретчи. Утре да донесат закон со кој сите административци наутро ке треба да прават по 100 склекови и 50 стомачни и кој нема да може ќе лета од работа сите ке аплаудираат.
И кога сме веќе кај тоа брат ти со каква книшка влезе во администрација да работи. Пошто спомна нешто како 7 години ке речиме дека е со црвена книшка. Е па брат ти ако не се согласува со политиката на оваа влада која и му обезбеди државна работа ако е човек од принцип нека си даде отказ.
 
Брат ми е запослен чисто од еден човек,а не од Вмро-Дпмне, а како второ јас зборувам за селските општини,значи не за Скопје, ако Скопје има премногу административци што се криви другите по мали градови или села?, доста сите пари одат во Скопје па уште ќе ги читам и овие глупости кој требало да лета од работа или не, ма ајде бре нека одат сите у пм..:tapp:
 
На врв Bottom