Донесен е законот за Државни службеници = "аирлија казнување и бркање од работа"

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.643
Поени од реакции
956
Донесени дополнувњата на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници


Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 84-та седница вечерва ги донесе дополнетите предлози на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за административни службеници, двата во второ читање.
Владеачкото мнозинство со поддршка за законите кои вели ќе придонесат за суштинска реформа на јавната администрација и за нејзина професионализација и ефикасност.
Опозицијата, пак, оцени дека законите се носат нетранспарентно, во предвечерие на можните предвремени парламентарни избори, дека ќе го ограничат пристапот на граѓаните до работните места во јавната администрација поради бројните сетификати кои ќе им се бараат на јавните огласи и дека не нудат стратегија за јавната администрација.
Горан Сугаревски од СДСМ забележа на дефинирањето на одредени поими и класификацијата на работните места во јавниот сектор, договорите и решенијата за вработување. Оцени дека со двата закона се врши притисок врз администрацијата, дека прифатените амандмани од мнозинството нема да ги подобрат состојбите и побара одговор на прашањето колку брои јавната администрација во државата со оглед вели дека досега се кажани различни бројки од различни извори.
Засменик министерот за информатичко општетство Марта Арсовска Томовска рече дека за двaта закона имаше опсежна комисиска и амандманска расправа и оти со нив ќе се овозможи огромен исчекор во однос на постојната состојба, ќе се изврши унификација на основните постулати на статусот на сите вработени во јавниот сектор преку модерни методи кои се користат во современите јавни администрации и модерен начин на управување со човечките ресурси кое е одлика на големите корпорации прилагодени на нашите услови и законска регулатива.
- Се надевам дека ќе ја препознаете потребата за реформи за развој на јавната администрација, која постојано треба да се развива оти само поквалитетна и попрофесинлана јавна администрација ќе успееме да ја придвижиме уште повеќе македонската економија да стане поконкурентна и да овозможиме поефикасни и поквалитетни јавни услуги за граѓаните, рече Арсовка Томовска.
Таа додаде дека во подготовката на законите во текот на две години, беше вклучена меѓу другото и ЕК, а беа консултирани добрите практики во ЕУ земјите, но и во Канада, Австралија и Нов Зеланд каде се забележани добри резултати.
Сo овој закон, рече, се опфатени сите лица коишто се вработени во јавниот скетор, а кои вршат работа од адмнистративна природа, чија класификација ќе биде унифицирана без оглед од која институција доаѓаат.
- Со законот се овозможува да се унифицираат и да се подигнат критериумите за вработување, да се запази начелото на соодветна и правична застапеност при планирањето на вработувањата, а постапката на селекција да го земе предвид работното искуство, неформалното и формалното образование преку постигнатиот успех и квалитетот на образовната институција, преку соодветно тестирање да се изврши проверка на стручниот и интелектуалниот капацитет на кандидатот, познавање на странски јазик, компјутерски програми за канцелариски работење и други слични компетенции при што се одбира најдобриот кандидат за работното место. Со ваквото решение се има за цел да се надмине досегашната практика, а и законска можност утврдена со Законот за државни службеници во која што раководното лице на институцијата преку дискреционо право одбира еден од највисоко рангираните кандидати на ранг листата, а доколку не му се допаднат понудените кандидати имаше можност и да ја поништи постапката. Друга придобивка на ова законско решение се подигнати критериуми за унапредување преку избор на кандидати коишто покажале најдобар учинок во текот на минатата година, биле најотворени за учење или за пренос на знаење, искуство на другите колеги и тн, рече Арсовска Томовска.
За унапредување на работното место по овој закон, додаде таа, се предлага проценка на способноста на кандидатите за раководењње и тоа за оние раководни места со коишто покрај мерењето на стручните познавања се мери и способноста на раководните лица за управување со проекти и управување со финансии. Со ова законско решение, рече, се псоветува големо внимание на стручното усовршување на административните службеници кое што во иднина не само што ќе биде право, туку ќе биде обврска и за службениците, но и за институцијата во која што истите се вработени при што ќе се гарантира нивната стручност, компетентност и капацитет да ги извршуваат дадените задачи на потребното ниво.
- Значајна новина, која што се предлага со овој закон е воведување на инструментот 360 степени со кој што ќе се гарантира континуирано следење на учинокот на вработените преку спроведување на полугодишно интервју, а пред годишно оценување во кое што покрај претпоставениот учествуваат уште шест други оценувачи и тоа двајца на исто, двајца на пониско и двајца оценувачи со коишто службеникот соработувал, а можно е да бидат избрани. Со тоа би се оневозможило пристрасноста во оценувањето било какви сугестивни,личн, семејни, финансиски и политички интереси во постапката на оценување, рече заменик-министерката.
Со овој закон и со законот за вработени во јавниот сектор, подвлече Арсовска Томовска, првпат во РМ се регулираат советници и кабинетски службеници со коишто се овозможува на функционерите во своите кабинети да ангажираат надворешни експерти, но и административни службеници коишто ќе бидат постојано достапни и коишто ќе извршуваат работа со поголема сложеност. - На крајот се регулира дисциплинската и материјалната одговорност пришто се дава можност во овие постапки да бидат вклучени и претставници на синдикатот, образлоши заменик-министерката.
Ана Павловска Данева од СДСМ пак, побара да не се поддржува овој закон, бидејќи вели никаде не се обелоденува бројот на јавната администрација, како и дека за него не се изјасниле припадниците на администрацијата, гранковиот синдикат УПОЗ кој ги претставува и научната јавност.
- Законот има 116 члена, а има поднесено 105 амандмани од кои голем дел од владеачкото мнозинство што говори дека набрзина бил донесен, и дека дел од амандманите биле поднесени заради негово усогласување со Уставот, рече Павловска Данева.
Таа ја оспори и можноста само пет отсто од администрацијата да бидат наградени како најдобри, оние со најниска оценка во групата да бидат казнети од плата, а со незадоволителна оценка да бидат избркани од работа. Таа, меѓу другото, ја оспори и одредбата со која за сите административци и на оние со средно образование, им се наметнува обврска за полагање на ТОЕФЕЛ за познавање англиски јазик, а кое треба сами да го платат. Ваквата обврска, вели, чини повеќе од 800 денари со колку што се калкулира во Министерството за информатичко општество. Павловска Данева праша и како ќе се оценуваат оние административци кои седат дома, а примаат плата.
Заменик министерката Арсовска Томовска реплицираше дека сите овие прашања биле разгледани на амандманската расправа, 70 отсто од амандманите биле поднесени од страна на опозицијата, а тое вели не треба да послужи за да се девалвира ова законско решение кое е направено како резултат на најдобрите практики во светот.
- Токму ова решение беше поддржано на јавната расправа на која вие бевте поканети, но не присуствувавте, а беше поздравено како конечно носење на една суштинска реформа, како едно револуционерно решение од профсорот по јавна администрација Борче Давитковски и од страна на повеќе синдикати - синдикатот на војската, јавните претпријатија, здравството, образованието, полицијата и синдикатот на администрацијата и државната управа здружени во Сојузот на синдикатите и Конфедерацијата на слободни синдикати, рече Арсовска Томовска.
На прашање од Сугаревски, таа рече дека вработувањето на припадниците на немнозинските заедници се вршат преку сегрегирани огласи и преку сегрегирани канали за вработување преку Секретаријатот за Рамковниот договор, кои континуирано се распоредуваат по институции.
- Важно е што со оглед на новото законско решение преку воведување на методологија на планирање, во која што ќе се тргнува од основен постулат да се распоредат овие вработени, институциите кои имаат потреба за вработување луѓе огласите да ги објавуваат и за припадниците на мнозинската и немнозинските заедници овој проблем конечно ќе се надмине. Во однос на курсевите за англиски јазик, ние нудиме обука на административните службеници кои не поседуваат ваков сертификат, а администрацијата е должна сама да си ги обезбеди потребните сертификати, рече Арсовска Томовска.
http://www.sitel.com.mk/mk/doneseni-dopolnuvnjata-na-zakonite-za-vrabotenite-vo-javniot-sektor-i-za-administrativnite

Значи со овој новиот закон за државни службеници автоматски се заооструваат критериумите до максимум степен за вработување во државна администрација, значи за да се вработиш во джавна администрација потребни се следниве услови,1-ТОЕФЕЛ сетификат за англиски јазик, 2- Еден куп странски сертификати за информатика и други работи,3-Дали универзитетот од каде што сте дипломирани е на ранг листата на ШАНЈГАЈ,значи со тоа автоматски се дискриминираат сите дисперзирани и приватни универзитети, сем исклучот универзитетот СВ Кирил и Методиј, а инаку освен овие работи,ќе има испити и за државен службеник,испит за психолошки тест,испит за интегритет итн, патем овие испити и така ги имаше но со се новиот закон дополнително ќе се бара и еден куп сетификати,a исто така многу лесно ќе се избркаат службениците од работа доколку се зема лоша оценка од раководителот.. уппсс а инаку брат ми е вработен во Општина Вевчани,а бидејки и општинските администрации спаѓаат во државна администрација,потребно ќе му биде да знае англиски јазик,и тоа на високо ниво,а како доказ треба да има сертификат од ТОЕФЕЛ, добро сега не ми е јасно,зошто е потребно да се знае англиски во Општина Вевчани или во Општина Дебрца например,овдека немаме работа со англичани или со французи,нека се знае англиски со ТОЕФЛ сертификат ДА,но тие што работат во министерство за надворешни работи а не и во општинските администрации, како и да е овој закон е најдискриминаторски закон во историјата на Македонија,па заради тоа јас повеќе ДЕФИНИТИВНО ама баш ДЕФИНИТИВНО нема да гласам за ВМРО-ДПМНЕ..:tapp:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
5.245
Поени од реакции
7.963
Еден огромен :facepalm: за ова.

И сега што ќе биде? Некој од Ново Село што му е сон да работи во администрација ќе мора во Скопје да учи место во Штип, или пак од Скопје ќе праќаат дипломци на УКИМ по сите села низ Македонија да работат во општините?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Член од
30 ноември 2007
Мислења
6.002
Поени од реакции
3.089
бркање од администрација ? Само ако е од спротивната партија.

За 200 работни места овие денови се очекува да аплицираат 10.000 албанци ... тоа е ветената работа. (иако знаат дека немаат шанси)
Сте слушнале ли за некој вработен во администрација дека е вработен поради неговото образование , успех и знаење ?
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.643
Поени од реакции
956
Еден огромен :facepalm: за ова.

И сега што ќе биде? Некој од Ново Село што му е сон да работи во администрација ќе мора во Скопје да учи место во Штип, или пак од Скопје ќе праќаат дипломци на УКИМ по сите села низ Македонија да работат во општините?

Значи комплетно да ги набројам условите за да се вработиш во државна администрација

1-Испит за Државен Службеник (како што е и сега)
2-Испит за Психологија
3-Испит за Интегритет
4-Сетификат од ТОЕФЕЛ како доказ дека се знае англиски јазик на високо ниво
5-Универзитетот од каде што си дипломиран,односно од Македонија мора да ти е меѓу петте најдорби рангирани според ШАНГАЈ ЛИСТА, значи што со тие други универзитети во Македонија што не се меѓу петте во ШАНГАЈ???
6-Со новиот закон раководителите ќе имаат максимум права да ги избркаат службениците од работа доколку не се оценуваат како работат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
10.909
Поени од реакции
13.359
-Имаш сертификат за знаење на англиски?
-Немам.

-Имаш сертификат за познавање на компјутерски програми за компјутерско работење?
-Немам.

-Епа, знаеш, не дека не залепи доволно плакати, ама закон си е закон, нема да може во администрација. Само не се разочарувај, има во ТИРЗ фабрика за автомобилски делови, таму може да те пикнеме. До 2017 ќе земаш 10000.
-Ахам, ок, ок, ќе работам таму. (тажна фаца и незадоволен сам од себе, затоа што ги нема сертификатите)


За овци на кои животен сон им е да бидат администативци, такви овчари требаат. Одличен закон. Овие од фабрикиве за автомобилски бар си ги заработуваат парите. (y)
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.643
Поени од реакции
956
-Имаш сертификат за знаење на англиски?
-Немам.

-Имаш сертификат за познавање на компјутерски програми за компјутерско работење?
-Немам.

-Епа, знаеш, не дека не залепи доволно плакати, ама закон си е закон, нема да може во администрација. Само не се разочарувај, има во ТИРЗ фабрика за автомобилски делови, таму може да те пикнеме. До 2017 ќе земаш 10000.
-Ахам, ок, ок, ќе работам таму. (тажна фаца и незадоволен сам од себе, затоа што ги нема сертификатите)


За овци на кои животен сон им е да бидат администативци, такви овчари требаат. Одличен закон. Овие од фабрикиве за автомобилски бар си ги заработуваат парите. (y)

НИКОЈ не сонува за државна работа,но нека има холдинг компании тогаш,нека има фабрики,нека има повеќе странски инвеститори за луѓето за да не трчат во државна администрација, а инаку што ќе биде со ОПШТИНСКИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ??? ќе се вработуваат ДИПЛОМЦИТЕ ИСКЛУЧИВО ОД УКИМ??? Добро сега не ми е јасно, зошто се отворија ДИСПЕРЗИРАНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ?? И ТОА ТОКМУ БАШ ОД ОВА ВЛАДА? И СЕГА САМАТА ВЛАДА ГИ ДИСКРИМИНИРА ОВИЕ УНИВЕРЗИТЕТИ,,,ПЛУС БАРА ЕДЕН КУП СЕРТИФИКАТИ И ИСПИТИ,ПА ВАКВИ УСЛОВИ НЕ СЕ БАРА НИТУ ВО САД.. и НА КРАЈ НЕКА МИ ОБЈАСНИ НЕКОЈ, тие државни службеници што работат во Општина Вевчани ,Општина Дебрца,Општина Арачиново итн,зошто е потребно тие службеници да знаат англиски или француски на високо ниво?па во тие општини нема британци или американци,или пак тие општини не се министерство за надворешни работи за да се знае англиски со ТОЕФЕЛ. Како и да е ќе се видиме на избори па ќе ги набројиме картите..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
10.909
Поени од реакции
13.359
Ништо не е дискриминирано. Ако на огласот се имаат пријавено некој со диплома на УКИМ и некој со диплома од Речица, нормално е тој од УКИМ да добие предност. Секој млад човек што се нарекува писмен, треба да знае англиски. Ако е млад, а не знае англиски, тогаш е далеку од писмен. И сега јас би требало да се бунам зошто законот се менувал во насока во која ја намалува можноста неписмени да земаат пари на готово?

Законов е далеку од идеален, само затоа што не предвидува отпуштање на баш сите кои не ги исполнуваат тие критериуми. Тоа што ги затегнуваат е одлично. И да, одлично е и тоа што го носат во предвечерие на избори. За да се видиме на нив.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.643
Поени од реакции
956
Ништо не е дискриминирано. Ако на огласот се имаат пријавено некој со диплома на УКИМ и некој со диплома од Речица, нормално е тој од УКИМ да добие предност. Секој млад човек што се нарекува писмен, треба да знае англиски. Ако е млад, а не знае англиски, тогаш е далеку од писмен. И сега јас би требало да се бунам зошто законот се менувал во насока во која ја намалува можноста неписмени да земаат пари на готово?

Законов е далеку од идеален, само затоа што не предвидува отпуштање на баш сите кои не ги исполнуваат тие критериуми. Тоа што ги затегнуваат е одлично. И да, одлично е и тоа што го носат во предвечерие на избори. За да се видиме на нив.

Па тогаш нека се затварат сите универзитети,абе сите и дисперзираните и приватните абе едноставно сите универзитети нека се затварат и нека постои само УКИМ. И уште нешто,што ќе биде со тие провинциски општини? Например Општина Арачиново,Општина Вевчани и да не ги набројам сите,зошто е потребно тие да знаат англиски или француски? И тоа на високо ниво со сертификат на ТОЕФЕЛ и други срања..:гомце: Овој закон е најпокварен и најидиотски закон во историјата на Македонија..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
10.909
Поени од реакции
13.359
Па тогаш нека се затварат сите универзитети,абе сите и дисперзираните и приватните абе едноставно сите универзитети нека се затварат и нека постои само УКИМ. И уште нешто,што ќе биде со тие провинциски општини? Например Општина Арачиново,Општина Вевчани и да не ги набројам сите,зошто е потребно тие да знаат англиски или француски? И тоа на високо ниво со сертификат на ТОЕФЕЛ и други срања..:гомце: Овој закон е најпокварен и најидиотски закон во историјата на Македонија..
Тоа што Мерцедес е поквалитетен од Шкода, не значи дека Шкода треба да се затвори. Ама ако ми нудат Мерцедес и Шкода по иста цена, не сум будала да ја купам Шкодата.

А англиски му иде нешто како тест за интелигенција. Ништо страшно, бар не во вака пренатрупана администрација. Тој што знае англиски, по автоматизам многу полесно се снаоѓа пред компјутер и по автоматизам е побрз во работата.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.643
Поени од реакции
956
Тоа што Мерцедес е поквалитетен од Шкода, не значи дека Шкода треба да се затвори. Ама ако ми нудат Мерцедес и Шкода по иста цена, не сум будала да ја купам Шкодата.

А англиски му иде нешто како тест за интелигенција. Ништо страшно, бар не во вака пренатрупана администрација. Тој што знае англиски, по автоматизам многу полесно се снаоѓа пред компјутер и по автоматизам е побрз во работата.

Алоооооо со овој закон се бара англиски ама на високо ниво,и плус како доказ се бара сертификат од ТОЕФЕЛ. Значи пак не ми е јасно што ќе биде со Општинските администрации од типот на тие општини, Арачиново,Дебрца,Вевчани итн.. Жителите на тие општини се англичани??
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 02:19 ---
Од една страна сакате асална администрација, од друга страна, неќете критериуми.
Епа брат..

Овој закон апла дискриминација и популизам..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
10.909
Поени од реакции
13.359
Алоооооо со овој закон се бара англиски ама на високо ниво,и плус како доказ се бара сертификат од ТОЕФЕЛ. Значи пак не ми е јасно што ќе биде со Општинските администрации од типот на тие општини, Арачиново,Дебрца,Вевчани итн.. Жителите на тие општини се англичани??
Знам де. Немаш поим колку тоа TOEFL е страшно и тешко. Подобро 15 докторати да бараа отколку тоа. Прашање дали има еден во Македонија се на се што може да се тестира. Ако разберат дека си од Македонија, те враќаат назад.

Патем, колкав скор на TOEFL се бара? Или и 0 поени е доволно. Битно да имаш потврда дека си го направил тестот?
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.643
Поени од реакции
956
Знам де. Немаш поим колку тоа TOEFL е страшно и тешко. Подобро 15 докторати да бараа отколку тоа. Прашање дали има еден во Македонија се на се што може да се тестира. Ако разберат дека си од Македонија, те враќаат назад.

Патем, колкав скор на TOEFL се бара? Или и 0 поени е доволно. Битно да имаш потврда дека си го направил тестот?
вооооввв каков одговор добив,браво алал да ти е се зачудив :eek: ,многу си објективен и реален,нема што :eek: :icon_lol:

:facepalm:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
10.909
Поени од реакции
13.359
вооооввв како одговор добив,браво алал да ти е се зачудив :eek: ,многу си објективен и реален,нема што :eek:
Реално, ме боли дали некој неписмен ќе го отпуштеле од администрација и дали си правеле простор едни неписмени да ги заменат со други. А за истото не ги боли ни 99% од луѓето кои немаат некој близок неписмен вработен во администрација.

Додека не се реструктуира и намали бар на половина од денешнава бројка, квалитативно таму ништо нема да се промени. Законов е префрлање од шупливо во празно, ама бар ќе ги натера неписмените на државна цицка да поучат јазик. Ништо страшно.
 
На врв Bottom