„Кобра“ – долгометражен документарен филм посветен на борачката легенда Шабан Трстена
Снимен е по сценарио на Игор Иванов, Сашко Насев и Томи Салковски, а режијата е на Игор Иванов. Во филмот се појавуваат Зоран Михајлов, борачки експерт, Насе Насев, поранешен селектор на борачката репрезентација, Ајруш Синани, тренер, Милош Вучидолов, доктор, Васил Тупурковски, поранешен претседател на МОК, Зоран Шоров, борач од Македонија, Ванчо Чифлиганец, поранешен претседател на ФБСМ, Назми Али – БК „Тефејуз“, Анатолиј Белоглазов, борач од Русија, Ахмет Ак, борач од Турција, Ферид Мухиќ, филозоф, Агим Касаполи и Антон Серечи, спортски новинари и членови на семејството Трстена.