Zeitgeist (Духот на времето), поточно двата негови дела
Zeitgeist i
Zeitgeist Addendum се одлични документарни филмови кои предизвикаа најголемо внимание во последно време, заедно со некои од филмовите на Мајкл Мур. Овие два документарци се прикажуваат во многу студентски здруженија низ светот после што следат дебати околу прикажаните аргументи.
Zeitgeist е поделен на три дела и се однесува на религијата, 9/11 и монетарниот систем, додека
Zeitgeist Addendum се однесува комплетно на последното. Мора да се каже дека овие филмови не се за оние кои немаат отворен ум, кои не сакаат да слушнат некои работи кои се во спротивност на нивните верувања и убедувања, и кои не сакаат да размислуваат за една поинаква, подобра иднина на човештвото.
Првиот дел на
Zeitgeist кој се однесува на религијата е најтенок со факти. Делот со Зодијакот е фантастичен, меѓутоа факт е дека има многу погрешни работи во споредбата на Исус со Хорус и другите божества и пророци кои се спомнати. Имено, тешко е да се докаже дека се работи за идентични приказни. На пример, никаде нема податок дека Хорус е роден на ист ден, дека е распнат, а мајка му има сосема друго име од наведеното. Истото се однесува и за повеќе други. Делот кој може да ги одврати религиозните од гледање на филмот е овој:
Вториот дел се однесува на 9/11 и го потврдува она што и малите деца го знаат: 9/11 е “Inside Job“
Третиот дел и потоа
Zeitgeist Addendum се однесуваат на монетарниот систем кој во суштина е измама и води кон последици како војни, глад, сиромаштија, државни удари и итн... За овој дел се надевам дека некој економист кој го изгледал филмот ќе напише некое pro или kontra образложение. На крајот група научници се обидуваат да дадат нови идеи за еден поинаков свет, за кој за жал човекот сеуште не е подготвен.
Се на се, вреди да се изгледаат овие два документарци. Официјалната страна е:
http://www.zeitgeistmovie.com/ на која можат да се погледнат филмовите, а сигурно ги има и по торенти.