Не е утре задутре туку веќе е во тек ...
Нели од 5-ти почнува?
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 01:33 ---
A znae nekoj kolku mina ke bidat izvleceni, mislam na brojka, dali se dava samo na eden ili na poveke lugje?
Ако сакаш да аплицираш, не чекај последниот ден. Пријавувањето е од 05-ти октомври до 05-ти ноември секоја година. И прво испечати си ги инструкциите, подготви си ја фотографијата (на УСБ или ЦД) и почни со пополнување на онлајн апликацијата. И можеби најважното - да го испечатиш листот со шифрата за пристап до базата на извлечени. И да го чуваш како очите. Ако ја загубиш шифрата и да те извлечат - ништо. Прво, нема да можеш да си провериш, второ- и да си извлечен нема како да дознаеш и трето - може нема да ти се повтори среќата.
еве го октомври зад врата што се вели. Со среќа!
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 02:00 ---
Уште еден одговор до СЛУШАШ ЛИ. Ние сме веќе тука во САД. Кога велеа дека не е лесно, ви велам ИЧ не е лесно. Америка е прекрасна земја, кој не бил и не видел - тука ќе види чуда невидени. Ќе се чудите со каква леснотија живеат луѓето тука, колку сите се љубезни и колку е лесно да дојдеш до СЕ ако знаеш каде, како и што да правиш. Ние имаме ГООЛЕМА среќа што дојдовме кај пријатели кои не примија во својот дом, не развозуваат наоколу каде треба и не хранат цело 4-члено семејство. И пак, на сета помош, ќе се изненадите колку
брзо летаат парите.
Се е поврзано. Без кола не можеш да мрднеш нигде. Кола не можеш веднаш да купиш оти кога ќе стасаш немаш ни документи (Социјален број) ниту пак смееш да возиш без дозвола. Значи 2-3 недели си NOBODY, не постоиш во системот додека не ти стаса тој број. после отвараш сметка во банка, па одиш на полагање за кола. ако си малку од малку писмен англиски лесно се положува. има една брошурка, ќе ја прочиташ, лесно е и ефтино. Ама мора да имате некој кој ќе ве носи на сите тие места. Е за делот со вожња... кошмар е. Без дозвола ќе купиш кола само од око-не можеш да ја извозиш ни пробно. Ако има кој да ти позајми и така не биваоти немаш insurance. се во круг. за стан сите ти бараат или да си вработен за да покажеш кредибилитет или да платиш најмалку 6 месеци однапред + депозит. А како да се вработиш без дозвола и кола?????
Да ви кажам дека тука сите станови доаѓаат
празни - само кујната е опремена, па кога ќе се отселиш ако не носиш ништо ќе си влезеш во празен стан. Или барем носи КЕШ за да има на што да легнеш.
знам дека ова нема да биде трајно. кога ќе почнеме да работиме се ќе биде поинаку и работите полека ќе се средат. но кога велат дека Е тешко, не лажат.
Тешко е, ама ВРЕДИ!
п.с. Димитар88 искористете го времево што го имате да приберете некоја пара, оти многу многу многу ќе ви требаат!!!
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 02:03 ---
Лани (2011) имаше извлечено
160 апликанти. Колку од нив реално ги исполнија условите и колку души земаа со себе на основ семејство не знам.
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 02:05 ---
Гром во коприва не удира брате
Удира, удира...ете НАС не удри!!!