Опрема нема, услови катастрофа, чизми сами купуваме ако не оди си бос, возила нема и тие што се се дотраени, немаат сервис видено никогаш, а штета зошто нови возила, гуми нема, уште возиме со летни гуми а ке казниме некој што вози со летни гуми, нафта за возилата нема одиме полниме по 500 ден на вересија во макпетрол, замисли бели листови што ни требаат за службен материал нема ејјј викаат снајди се, ако те начекат дека правиш некоја грешка стариешините одма го јадиш дициплинска и те носат внатрешна, а таму никој не поминал неказнет пошто нели старешината има секогаш право, ти иде старешина на контрола без капа на глава и ти вика зошто не носиш капа, и такви други глупости, си се фатил со некој тешки мангуп в град ти се јавува командирот и ти вика пушти го, пошто нели ако не го пуштиш одиш негде в планина да работиш или Струмица или Дебар или негде уште подалеку, а патни трошкови ??? нема, ги зима некој друг нашите патни трошкови, затоа ќе си ќутиш, награди за тие што работат повеќе нема, затоа полесно ќе поминеш ако не работиш отколку да те боли глава за тоа што си пропуштил во превземањето мерки (сите грешиме) и да одиш дициплинска зошто граѓанинот се брзал негде, или не му бил денот.
Партијата е длабоко навлезена во службата така да уште долго не не бидува. Старешините 90 посто се партиски војници другите 10 посто имаат врски гооре, да беше по заслуга друго ќе беше МВР.
Да не зборам за законите кои ни се катастрофа, ги предлагаат и гласаат луге што немаат врска со полициската работа, а ние мора да постапуваме по нив (пр. го фаќаш крадецот дома како краде, немаш право ни да го тепаш ни да го приведуваш, туку треба некако магично да го задржуваш да не избега дур да дојде полиција да го приведе, идр )
Ова е мал дел од тоа што се случува во МВР, а може книга да се пишува...