Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.603
Поени од реакции
29.301
По што се разликува права вера од секта!? Сектата кога не може да се одбрани академски (мисловно, филозофски), кога сфаќа дека нема аргументи и квалитети, превзема насилство и примитивистички методи. Таа „секта“ од пред 2000 години никому не му се наметнувала и не возвратила на гонењата со сила. Постапно била доброволно прифатена. Христијанските заедници не се натурале туку живееле настрана.
Наспроти тоа исламот 90% е раширен врз основа на сила и принуда. Проблемот е во неговата доктрина.
Инциденти од луѓе поединци може да има, но само правата вера нема потреба од насилство.
Христијанството какво што го знаеме сега не било такво пред 10 века а најмалку пред 20 века.
Првите 3-4 века можеби било во вистинска смисла (скромни,мирољубиви,толерантни,поштени биле луѓето), но после поделбата на Римската империја на Западно и Источно Римско Царство почнува да се користи како алатка од државите како контрола на масата народ. Пример за тоа е неговото прифаќање од Константин Први со миланскиот едикт кога наводно пред една битка имал визија и на небото видел крст со буквите NIKA . Oткако победил во таа битка наводно со божја помош го примил христијанството и го прогласил за рамноправна религија покрај паганските (навредлив збор од христијаните кон политеистите,инаку родни религии или вери на родот) со миланскиот едикт.
По падот на Западното Римско Царство 476 год. преживува западната црква и почнува со покрстување на ``паганите`` кои го уништија Западното Царство. Прв што се покрстил бил Франачкиот владетел Клодовик во 8 век кога почнува се повеке да го шири влијанието на истокот.
Од 5 век (падот на З. Римско Царство) до 11 век има постојана борба за териотории и за црковни општини меѓу западот и истокот за што поголемо политичко влијание и што повеќе собирање на даноци. Сите фрки околу празници,календари и останати глупости се само какпки за да прелее чашата со Шизмата меѓу Римскиот Папа и Константинополскиот Патријарх во 1054.
Иронијата е таа што едните се прогласуваат за ``правоверци`` на истокот Ортодокс ,
a другите ``универзални`` на западот Католик.
Ова е и една од причините за крстоносните војни а не ослободувањето на христовиот гроб.
Четвртата крстоносна војна го покажува тоа северните крстоносни походи.
За време на христијанството уште во Рим се случува огромна одмазда низ целата империја кон сите што не сакале да се покрстат - https://en.wikipedia.org/wiki/Persecution_of_pagans_in_the_late_Roman_Empire
Подоцна Франките (германско во тој момент христијанизирано племе) вршат масакар врз Саксонците зашто сеуште ја практикуваат својата стара германска религија.
Словените во 10 век во Киевска Русија го прифаќаат христијанството на настојување и политички договор помеѓу Кнезот Владимир и Византискиот Император.
Доказ за тоа колку насилно им било наметнато христијанството е дека скоро ниедно старо словенско име не е зачувано кај Русите,Украинците и Белорусите додека кај нас јужните и западните словени скоро половина од имињата ни имаат старословенско потекло.

После ренесансата во Европа и излезот од Dark Age христијанството до денешен ден се повеќе ја губи моќта за владеење врз масата народ.
Исламот денес е на ниво на христијанството за време на Dark Age (9- 15 вek) каде што сите што размислуваат поинаку се сметани за еретици,вештерки и се јавно убивани.
Така да тоашто и се случува на Европа сега од муџиве , тоа и се десило и на Римската империја од христијаните.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914

Во некое подлабоко духовно гледање, светов не би можел да постои без негово поимно постоење. Она кое Платон го нарекува светот на идеите. Бог Отец, безпочетен преку Словото (Поимникот), односно велиме Синот го создава светот. Надворешниот свет не може да биде објаснет без набљудување на светот како свет на ипостаси (ликови) и поими. Не може да биде објаснето како новородено суштество непосредно после доаѓањето на овој свет трча по ливади, ја препознава мајката, стадото, непријателите, дрвата, тревата, начинот на исхрана, се... Не може да биде објаснето зошто децата сите сакаат цртани филмови. Да се сврти човек околу, тоа го има насекаде, а кое го земаме здраво за готово. Пример кој е изворот на мислите кои ги добиваме во овој разговор, како и во секој разговор. Само себечувството за својата ипостас во односите со другите ипостаси и поимите дава одговор за разбирање на нештата и улогите само по себе. Зошто децата без никој ништо да им каже знаат за тоа што е срамно, што е добро, а што зло. Посебно последното, доброто и злото без Бог никако не би можеле да бидат објаснети и разликувани како навистина добро и зло. Не би можело да биде објаснето заљубувањето, без поимот на светост. Без Бог заљубувањето би било некој вид на психоза, болест.
Од таму... православното христијанство има и поинакво гледање на историјата.
Во делот кој ти го обработуваш. Природно е Христовото учење во одреден период да постигне некој општествен врв. Но уште од почетокот не е предвидено дека ќе оди вечно кон усовршување туку кон циклусно расипување. Како христијанството така и светот. Не знам дали ти е познато но тоа е уште од Господ изнесено. Низ сите времиња до денес, тоа е неоспорено во православнот учење. Така и на нашето поколение му е укажано дека наскоро многу малку ќе остане од старото Православие. Како нешто што е лошо, но ќе дојде. Кога нешто кое е лошо но станало вообичаено, главната вина ја земаат оние кои ги воведуваат изместувањата. Искушенијата треба да дојдат но тешко на оној кој ги воведува. За оние кои ќе живеат во веќе воспоставени изместени услови, судот над нивните дела е поблаг. Сепак оние кои се во полоши услови имаат помали физички жртви но потешки општествени услови и затоа се исто вреднувани. И последните работници ќе земат исто како и првите. Еден од водечките светители од 5 век, Св. Василиј Велики, прозорливо погледнувајќи во нашево и идните времиња вели дека не е сигурен дали и тој самиот би успеал да ја одржи верата во такви услови. Првото христијанство е најчисто, се верува со срце, со најмалку филозофии и теоретски прецизности. Во одредено време се достигнува општествен врв што не значи дека духовноста е поголема. Човечката рационалност го губи судирот со Православието, но настрана таму каде нема вера која може да одговори на онтолошките прашања, рационализмот ја добива битката против религиските учења. Секој нов бран, внатре во римокатолицизмот, појавата на протестантизмот, значи ново рационализирање на верата. Иако сеуште убедени дека е во склоп на верата, всушност води во атеизам. Просторот на Православието иако во основата и учењето ја зачувува надрационалната вера, површно во умовите луѓето, со тоа и друштвата се примамени од “големите успеси“ на рационализмот. Иако православни, во основа по идеите и однесувањто луѓето се протестантизирани. Атеизмот делува како да е победник, но немајќи ги суштинските одговори за битието, ја губи смислата, нема за што да се мотивира, нема волја и стигнува до денешниот исход. Нихилизам кој единствена смисла најдува во хедонизмот.
Наспроти тоа да се живее и поднесува христијански, носи и чест и радост. Надворешно изгледаме исто но внатре чувството е многу различно. Соработката со Бог и неговиот Свет Дух во нас со се што иде низ животот носи исполнување за кое тешко е да му се објаснува на неверник.

Исламот својата моќ и сила ја искажал во средниот век. Неговата жестокост одговара за егзистенцијализмот од средниот век. Со него е завршено и тоа им е познато на сите главни светски стратешки центри. Во една банда секогаш има некој кој е силен, но е заостанат. Таквиот е намамуван и искористуван да заврши туѓи лукави планови. Затоа САД му се додворуваат на Исламот за да го употребат како стратешки сојузник против играчите кои ги смета за свои посериозни соперници. Исламот сега е само алатка во големата шаховска табла, алатка која сите сакаат да ја насочат едни против други.
 
Последно уредено:

Пријателе фати прочитај за Багдадскиот Калифат во 9-10-11 век до кое ниво биле развиени науката,уметноста,филозофијата,медицината и еден манискрипт најди ми од Европа (освен Византија) каде што нешто од овие работи е развиено. До ренесанста ништо од ова не се развива ``благодарение`` на црквата која мора да го држи народот во едноумие. Исламот тоа сега го прави каде што на деца им се забранува да одат на училиште и се што не е напишано во куранот е харам. Сите абрахамски религии се трули од самиот корен и се со крвави култови замаскирани под превезот на ритуалите.
Ортодоксот (т.е. православието) е прилично различен но не доволно посебен зашто голем дел од ритуалите се преземени од старата словенска вера.
Си се запрашал ли зашто палење огнови на Бадник има само во словенските православни земји а не и во Грција.Ерменија,Грузија, Етиопија и Египет кај Коптите !?!?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Христијанството какво што го знаеме сега не било такво пред 10 века а најмалку пред 20 века.
Првите 3-4 века можеби било во вистинска смисла (скромни,мирољубиви,толерантни,поштени биле луѓето), но после поделбата на Римската империја на Западно и Источно Римско Царство почнува да се користи како алатка од државите како контрола на масата народ. Пример за тоа е неговото прифаќање од Константин Први со миланскиот едикт кога наводно пред една битка имал визија и на небото видел крст со буквите NIKA . Oткако победил во таа битка наводно со божја помош го примил христијанството и го прогласил за рамноправна религија покрај паганските (навредлив збор од христијаните кон политеистите,инаку родни религии или вери на родот) со миланскиот едикт.
По падот на Западното Римско Царство 476 год. преживува западната црква и почнува со покрстување на ``паганите`` кои го уништија Западното Царство. Прв што се покрстил бил Франачкиот владетел Клодовик во 8 век кога почнува се повеке да го шири влијанието на истокот.
Од 5 век (падот на З. Римско Царство) до 11 век има постојана борба за териотории и за црковни општини меѓу западот и истокот за што поголемо политичко влијание и што повеќе собирање на даноци. Сите фрки околу празници,календари и останати глупости се само какпки за да прелее чашата со Шизмата меѓу Римскиот Папа и Константинополскиот Патријарх во 1054.
Иронијата е таа што едните се прогласуваат за ``правоверци`` на истокот Ортодокс ,
a другите ``универзални`` на западот Католик.
Ова е и една од причините за крстоносните војни а не ослободувањето на христовиот гроб.
Четвртата крстоносна војна го покажува тоа северните крстоносни походи.
За време на христијанството уште во Рим се случува огромна одмазда низ целата империја кон сите што не сакале да се покрстат - https://en.wikipedia.org/wiki/Persecution_of_pagans_in_the_late_Roman_Empire
Подоцна Франките (германско во тој момент христијанизирано племе) вршат масакар врз Саксонците зашто сеуште ја практикуваат својата стара германска религија.
Словените во 10 век во Киевска Русија го прифаќаат христијанството на настојување и политички договор помеѓу Кнезот Владимир и Византискиот Император.
Доказ за тоа колку насилно им било наметнато христијанството е дека скоро ниедно старо словенско име не е зачувано кај Русите,Украинците и Белорусите додека кај нас јужните и западните словени скоро половина од имињата ни имаат старословенско потекло.

После ренесансата во Европа и излезот од Dark Age христијанството до денешен ден се повеќе ја губи моќта за владеење врз масата народ.
Исламот денес е на ниво на христијанството за време на Dark Age (9- 15 вek) каде што сите што размислуваат поинаку се сметани за еретици,вештерки и се јавно убивани.
Така да тоашто и се случува на Европа сега од муџиве , тоа и се десило и на Римската империја од христијаните.
Ska Maniac,

ја‘ сум сигурен дека не го паметиш ниту твоето детство, а камо ли да паметиш па уште и да „знаеш„, што се случило пред 100, 1000 или 2000г., мислим....
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.603
Поени од реакции
29.301
Ska Maniac,

ја‘ сум сигурен дека не го паметиш ниту твоето детство, а камо ли да паметиш па уште и да „знаеш„, што се случило пред 100, 1000 или 2000г., мислим....
Ok ти го памтиш затоа и твојот господ те известува све од прва рука. Дури и пред да постолел господ знаел он што се дешавало.

Мики има нешто што вие абрахамските верници не го сакате ич , а тоа се вика наука.
Ја ова не го памтам туку со склоп на научни истражувања дојдено е до заклучок дека сите овие настани навистина се случиле.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дури и пред да постолел господ знаел он што се дешавало.
.
Чо‘ек, напросто „растураш„ со „логикава„ за постоењето Божјо.[DOUBLEPOST=1441735050][/DOUBLEPOST]
Мики има нешто што вие абрахамските верници не го сакате ич , а тоа се вика наука.
Здравата наука не и‘ пркоси на верата, туку ја потврдува
Изненаден?...:sneaky:[DOUBLEPOST=1441735201][/DOUBLEPOST]
Ја ова не го памтам туку со склоп на научни истражувања дојдено е до заклучок дека сите овие настани навистина се случиле.
Кажи ми/ни, во колку научни истражувања лично си учесник, кои се твоите научни трудови, соодветно валоризирани и објавени и што ти лично откри, без да препишеш нешто од Дарвин-Марксово-Богоборечки ориентираните науки.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Христијанството какво што го знаеме сега не било такво пред 10 века а најмалку пред 20 века.
Првите 3-4 века можеби било во вистинска смисла (скромни,мирољубиви,толерантни,поштени биле луѓето),
Прво велиш христијанството пред... било.... за потоа да пишеш а сега луѓето се...:cautious:

но после поделбата на Римската империја на Западно и Источно Римско Царство почнува да се користи како алатка од државите како контрола на масата народ.
А пред тоа исто така народот бил контролиран, многу други владетели и ден денс го контролираат народот без да се христијнски држави.

Пример за тоа е неговото прифаќање од Константин Први со миланскиот едикт кога наводно пред една битка имал визија и на небото видел крст со буквите NIKA . Oткако победил во таа битка наводно со божја помош го примил христијанството и го прогласил за рамноправна религија покрај паганските (навредлив збор од христијаните кон политеистите,инаку родни религии или вери на родот) со миланскиот едикт.
Наводно?:sneaky: сосема наивно а всушност високо шпекулативно и подметнувачки, пиши едно наводно и сите шпекулации оправдани:neetaka:.

Иронијата е таа што едните се прогласуваат за ``правоверци`` на истокот Ортодокс ,
a другите ``универзални`` на западот Католик.
Си измешал ортодоксија(учење) со православна црква, и католичност со западно рмската црква.:несвест: Те советувам да се информираш околу терминологијава.

Четвртата крстоносна војна го покажува тоа северните крстоносни походи.
За време на христијанството уште во Рим се случува огромна одмазда низ целата империја кон сите што не сакале да се покрстат - https://en.wikipedia.org/wiki/Persecution_of_pagans_in_the_late_Roman_Empire
Подоцна Франките (германско во тој момент христијанизирано племе) вршат масакар врз Саксонците зашто сеуште ја практикуваат својата стара германска религија.
Што би рекол MIKI1за ова ќе се обратиш кај Фрањо.

После ренесансата во Европа и излезот од Dark Age христијанството до денешен ден се повеќе ја губи моќта за владеење врз масата народ.
Исламот денес е на ниво на христијанството за време на Dark Age (9- 15 вek) каде што сите што размислуваат поинаку се сметани за еретици,вештерки и се јавно убивани.
Топ 5 заблуди за средновековието
http://galeto.molivche.com/oi-thou/
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Пријателе фати прочитај за Багдадскиот Калифат во 9-10-11 век до кое ниво биле развиени науката,уметноста,филозофијата,медицината и еден манискрипт најди ми од Европа (освен Византија) каде што нешто од овие работи е развиено. До ренесанста ништо од ова не се развива ``благодарение`` на црквата која мора да го држи народот во едноумие. Исламот тоа сега го прави каде што на деца им се забранува да одат на училиште и се што не е напишано во куранот е харам.
Противречно е ова што го пишуваш. Велиш дека „ништо не се развива(ло) 'благодарение' на Црквата,“. Истото сега Исламот го прави, а тогаш „калифатот“ бил високоразвиен. Излегува дека исламот тогаш бил напреден, а со текот на времето назадувал, а христијанството е најназадно.
Православното учење не прифаќа насилство за да биде некој принуден нешто да верува. Или ако верува со физичка принуда да исполнува. Човечки гледано со присила се постигнува повеќе, но пред Бог еден кој самосвесно верува и од своја волја нешто спроведува е многу поголемо дело од илјадници дела кои се од принудно верување.
Православната Црква не е засегната за наметнување политичко уредување во општеството. Затоа што доследно го спроведува Христовото учење. Господ воопшто не се обрнал да проговори против Римското сурово владеење, национални ослободувања и слични теми кои инаку пак на луѓето им се главна занимација. Освојување на земска власт за подобро христијанско живеење. Господ воопшто за тоа не проговорил. Сета христијанска пропаганда завршува: Живејте побожно како што треба, па кога ќе ве видат во исправен и чист живот и другите да посакаат истото да го поседуваат/постигнат.
Си видел ли некој поавтентичен православен претставник да бара и политички да се ангажира за смена на општеството и примена на православно уредување. Дури и за комунизмот, Црквата не покажуваше активно дејствување за негово рушење. Затоа што тоа не е битно за квалитетот на духовната состојба кај верниците. Според многумина луѓето тогаш биле подобри верници отколку во време на денешната наводна религиска слобода. Тоа е така и наназад погледнато и сега во денешно време. Нема православен светител да си прочитал нешто посебно да се занимавал со политичката страна на општеството. За технолошката развиеност на еден народ, дали ако е православен или ако би бил би значело техничко-технолошка заостанатост? Одговорот е: Православието не делува ниту развојно ниту пак кочничарски на технолошкиот развој. Неговиот предмет е личностно-духовно-душевната состојба. А за таа состојба технолошки понеразвиена средина но помирна и попријатна за живот може да биде и подобра за душата. Иако и не мора да биде така, зависи од други странични чинители.

Сите абрахамски религии се трули од самиот корен и се со крвави култови замаскирани под превезот на ритуалите.
Ортодоксот (т.е. православието) е прилично различен но не доволно посебен зашто голем дел од ритуалите се преземени од старата словенска вера.
Си се запрашал ли зашто палење огнови на Бадник има само во словенските православни земји а не и во Грција.Ерменија,Грузија, Етиопија и Египет кај Коптите !?!?
Ако нема огнови за Бадник, таму има некои други обичаи кои се вклопиле во христијанските обичаи. Се она кое не е противречно на догмите, а е дел од народното побожно изразување, нема потреба да биде отфрлено. Дозволено е да биде преоблечено во христијанско руво. Затоа што и претходно тоа било израз на човечкото барање или неформално пренесен спомен за Бог. Лошите обичаи кои се одраз на непознавањето на правото верување, се отфрлаат, другите се прифаќаат.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

На пример, носењеро храна на гробишта кое и ден денес се практикува од рисјаните, а кое е очигледно наследство од времето кога луѓето верувале дека на мртвите им е потребна храна во задгробниот живот. Како е овој обичај вклопен во рисјанството?
 
Тоа е одраз на ниска и надолна линија на црковна култура, а не грешка на самата вера.
Дадениот пример, може да бил и стар обичај, потоа бил прифатено како добро дело во давање храна на сиромаси за спомен за преминатите. Како чинење добро дело, сторено од блиските, одраз на добриот спомен за покојникот, а се прави за олеснување/спасение на неговата душа.
Сега скоро секогаш храната се разменува меѓу роднините, едни на други. Истото е и за славењето слава на светител. Треба да се прави повеќе за повикување и нахранување на сиромашните, а помалку за блиските или оние кои можат да ни вратат. Но ете луѓето забегуваат од суштината и тоа е дел од работата на која би требало да работи прво свештенството, а и секој христијанин.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Значи оди и прочитај, нема да најдис оправдание од устата на Исус и апостолите оправдание за такви работи, тоа не е мое мислење, тоа е ЗБОРОТ НА ИСУС ХРИСТОС.
Лука 22:
36.Но овојпат ви велам: „Кој има ќесе или торба, нека ги земе со себе; и кој нема меч, нека си го продаде палтото и нека си купи меч.

Матеј 10:
34.„Немојте да мислите дека дојдов да воспоставам мир на Земјата! Не дојдов да донесам мир, туку меч!
35.Зашто, Јас дојдов да противставам син против татко, ќерка против мајка и снаа против свекрва;
 
Павле_Од_Тарсус

Апологет
Член од
23 септември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
21

36 Но овојпат ви велам: „Кој има ќесе или торба, нека ги земе со себе; и кој нема меч, нека си го продаде палтото и нека си купи меч. 37 Зашто, еве, ви кажувам дека за Мене мора да се исполни она што е претскажано во Светото Писмо:
„Тој ќе биде осуден како да е злосторник!“ Тоа ќе се оствари за Мене сега.
38 Учениците Му рекоа: „Господе, имаме два ножа!“ А Тој им рече: „Доволно зборувавме за тоа!“
1.Ова го рече само за да се исполни пророштвото за кое зборува.
2. Името на мечовите што ги донесе e "Makhaira "( Тоа е мал меч само со едно сечило и не е многу ефективно за војни).
3.Петар донесе само 2 мнечеви, кој можи само со 2 мечеви да војува ???

Матеј
Цената на верата во Христос
(Лк. 12:51-53; 14:26-27 ) 34 „Немојте да мислите дека дојдов да воспоставам мир на Земјата! Не дојдов да донесам мир, туку меч! 35 Зашто, Јас дојдов да противставам син против татко, ќерка против мајка и снаа против свекрва; 36 на човекот ќе му произлезат непријатели од сопственото семејство!“

37 „Кој има поголема љубов спрема татка си или мајка си одошто спрема Мене, не е достоен да ми биде ученик;кој има поголема љубов спрема сина си или ќерка си одошто спрема Мене - не е достоен да ми биде ученик; 38 39 Секој што настојува грчовито да си го чува животот за себеси - ќе го загуби; а оној што ќе го жртвува заради Мене - пак ќе си го најде!“
Тука едноставно објаснува дека христијаните ќе бидат мразени и дека мечот ќе ги погоди христијаните, а не нехристијаните, тоа е цената да си христијанин, затоа што ќе те мрази светот исто како светот што го мразеше Исус.
 
По трет пат - Твојот збор, против зборот на нечие друго толкување, ништо друго! Ти тврдеше дека непостоеле стихови со кои инквизицијата би ги оправдала своите постапки, епа на твоја жалост постојат! Дали ти ќе ги толкуваш поинаку или не, е сосема друг муабет! Поентата не беше што значат тие стихови за тебе, поентата беше дека во секоја религија постојат пораки што некој фанатик може да ги види како оправдување за своите постапки! Затоа нареден пат кога ќе прогласиш нечиј туѓ радикализам за вистинска религија, знај дека "мечот" секогаш има две острици, па така тоа ќе важи и за тебе.
 
Јас одам чисто со Библијата, а не со мое толкување. :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јас одам чисто со Библијата, а не со мое толкување. :)
Сите одат од библијата, само што за тебе одреден стих значи едно, за друг друго. И исламските фундаменталисти што ти ги прогласи за вистински практиканти на шеријатот одат од куранот, не од нивни толкувања. Ти тврдеше дека радикалното интерпретирање на куранот било единствено точно, епа според таа логика и евангелијата единствено се точни, ако буквално и радикално ги толкуваме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom