Ska Maniac
Бараба
- Член од
- 2 октомври 2013
- Мислења
- 11.603
- Поени од реакции
- 29.301
Христијанството какво што го знаеме сега не било такво пред 10 века а најмалку пред 20 века.По што се разликува права вера од секта!? Сектата кога не може да се одбрани академски (мисловно, филозофски), кога сфаќа дека нема аргументи и квалитети, превзема насилство и примитивистички методи. Таа „секта“ од пред 2000 години никому не му се наметнувала и не возвратила на гонењата со сила. Постапно била доброволно прифатена. Христијанските заедници не се натурале туку живееле настрана.
Наспроти тоа исламот 90% е раширен врз основа на сила и принуда. Проблемот е во неговата доктрина.
Инциденти од луѓе поединци може да има, но само правата вера нема потреба од насилство.
Првите 3-4 века можеби било во вистинска смисла (скромни,мирољубиви,толерантни,поштени биле луѓето), но после поделбата на Римската империја на Западно и Источно Римско Царство почнува да се користи како алатка од државите како контрола на масата народ. Пример за тоа е неговото прифаќање од Константин Први со миланскиот едикт кога наводно пред една битка имал визија и на небото видел крст со буквите NIKA . Oткако победил во таа битка наводно со божја помош го примил христијанството и го прогласил за рамноправна религија покрај паганските (навредлив збор од христијаните кон политеистите,инаку родни религии или вери на родот) со миланскиот едикт.
По падот на Западното Римско Царство 476 год. преживува западната црква и почнува со покрстување на ``паганите`` кои го уништија Западното Царство. Прв што се покрстил бил Франачкиот владетел Клодовик во 8 век кога почнува се повеке да го шири влијанието на истокот.
Од 5 век (падот на З. Римско Царство) до 11 век има постојана борба за териотории и за црковни општини меѓу западот и истокот за што поголемо политичко влијание и што повеќе собирање на даноци. Сите фрки околу празници,календари и останати глупости се само какпки за да прелее чашата со Шизмата меѓу Римскиот Папа и Константинополскиот Патријарх во 1054.
Иронијата е таа што едните се прогласуваат за ``правоверци`` на истокот Ортодокс ,
a другите ``универзални`` на западот Католик.
Ова е и една од причините за крстоносните војни а не ослободувањето на христовиот гроб.
Четвртата крстоносна војна го покажува тоа северните крстоносни походи.
За време на христијанството уште во Рим се случува огромна одмазда низ целата империја кон сите што не сакале да се покрстат - https://en.wikipedia.org/wiki/Persecution_of_pagans_in_the_late_Roman_Empire
Подоцна Франките (германско во тој момент христијанизирано племе) вршат масакар врз Саксонците зашто сеуште ја практикуваат својата стара германска религија.
Словените во 10 век во Киевска Русија го прифаќаат христијанството на настојување и политички договор помеѓу Кнезот Владимир и Византискиот Император.
Доказ за тоа колку насилно им било наметнато христијанството е дека скоро ниедно старо словенско име не е зачувано кај Русите,Украинците и Белорусите додека кај нас јужните и западните словени скоро половина од имињата ни имаат старословенско потекло.
После ренесансата во Европа и излезот од Dark Age христијанството до денешен ден се повеќе ја губи моќта за владеење врз масата народ.
Исламот денес е на ниво на христијанството за време на Dark Age (9- 15 вek) каде што сите што размислуваат поинаку се сметани за еретици,вештерки и се јавно убивани.
Така да тоашто и се случува на Европа сега од муџиве , тоа и се десило и на Римската империја од христијаните.