Џеезас, за едно зборченце каква галама дигате. Ајде, во име на мирот нека ви е „рекол“
Па можам да генерализирам кога повеќето рисјани се склонни кон догма а повеќето атеисти кон идеологија. Има малцинство и во двете кое тешко ги прифаќа истите, но насоката е јасна.
Не ги пришијувам на атеизам, поточно би било на отфрлање одредени морални начела со религиозна основа, и тоа отфрлање е последица од атеизам.
Не реков дека треба, реков дека не е единствено средство за пронаоѓање вистина, посебно кога се однесува кон Бог. Ова индуктивно размислување (кое е основа на научниот метод) кога се однесува кон Бог ќе те натера бесцелно да размислуваш индуктивно до бесконечност бидејќи сите тие докази нема да бидат доволни и постојано ќе бараш објаснување за истите од атеистичка гледна точка бидејќи фундаменталното верување ти е дека нема Бог.
Целиот твој поглед на светот се базира на таа аксиома. Твојот ум постојано ја моделира реалноста базирана на таа аксиома. Така сите твои аргументи умот ти ги насочува кон потврдување на таа аксиома.
Треба сам да си го „докажеш“ постоењето на Бог, преку метод на контрадикција. Но до ова не се стигнува лесно кога си атеист освен ако животното искуство или/и Бог не те донесат до тој степен.
Нема Бог, затоа нема докази за Бог <=> Нема докази за Бог, затоа нема Бог
Што се однесува за многубошците
има добар артикл тука. Мојот проблем со многубошците е дека има премногу драма кај боговите, емоции, инцест, убивање, па со она бог на морето, бог на громот, бог на војната... до бескрај. Инаку интересни ми се како митологија (грчката ми е омилена) и како тоа разните култури низ времето го гледале светот. Со евреите, друга приказна е тоа. Целата драма е меѓу еден Бог и еден трвдоглав народ со генијална сатира измеѓу редови.
Уште те чекам да дефинираш Човек.
Аха еве ти две идеологии, енвиронменталИЗМ анд секуларИЗМ
Ок мислам дека тие се битни ствари ама не се најбитни и начинот на кој треба да се решат овие проблеми е уште побитен. Нема да го решиш глобалното затоплување со протестирање пред електрични возови како во Англија пред некој ден или обвинување капитализм или пак со затворање нуклеарни централи или пак со повторување на догми како „обновлива енергија“. Нафтата е обновлива, само и требат милион години да се обнови. Или пак со биомаса, фанси нејм за дрво.
Под секуларизам ако подразбираш укинување на врската меѓу религија и држава да супер тоа и Исус го речеше (
). Ако мислиш на форсирање на атеистички поглед на светот во секоја сфера од животот, тогаш имаме проблем. Јас мислам дека токму вака ќе завршиме во некаков вид анархија или диктатура, каде луѓето ќе бидат третирани не поразлично од животните, без никаков концепт на дадени од Бог човечки права, без никаква одговорност кон другите, без потреба од морално однесување, без вредност освен она дадената од нихилистичкото „општество“. Ама не, на нас приоритет треба да ни биде „секуларизација“ и спасението на белите мечки од Арктикот.