ελευθερίααπόαλήθεια
Diplomat
- Член од
- 28 декември 2019
- Мислења
- 214
- Поени од реакции
- 466
Ок и јас не знам што е „христијанство“ пошто како поим и не означува многу откако црквата и „христијаните“ со тек на време направија народна традиција од истото. Поправилно мислам дека би било следбеник на Исус преку покајание, вера, дејствување. Идеологијата не ти бара покајание, пошто ти си секогаш обесправената жртва, не бара идивидуална вера, доверба во Бог или виша сила, туку во некоја јасно дефинирана идеја и со идеологиите акцијата е „подршка“ за Грета, Трамп, Сталин, Хитлер и отфрлање индивидуална одговорност, додека со религијата е повеќе како апостол Павле, Кирил и Методиј, Џон Уесли...А ти ќе ми кажеш што е религија а што е идеологија?
Па ти се уби самиот со сопствената дефиниција. Кажи ми кој дел од дефиницијата што си ја дал христијанството не ја исполнува?
Што се однесува до атеизмот, ти појма немаш што значи. Не може неверување да биде идеологија, ни блиску ни почеток до идеологија, нема системи, нема претпоставки. Атеизам просто значи неверување во богови. Толку. Ништо повеќе.
Ако некому му требаат “свети книги“ (што и да значи тоа) или богови, за да човекот биде Човек, тури му пепел на таквиот, не бидува Човек од него. Веќе видено и потврдено во пракса.
Реков и пак ќе повторам. Атеизмот значи невереување во богови да, ама тие богови потоа се заменуваат со други „богови“, идеологии и системи од верувања во кои ти си супер како што си, а другите се криви за твоето страдање во светот.
Ај ти дефинирај Човек? Кај ацтеките човек означуваше едно, кај монголите друго, кај викинзите трето. Во Римска Јудеа имаше само еден Човек, и истиот го распнаа на крст. Тоа што на тебе не ти требат богови да бидеш Човек додека живееш во култура во која 2000 години Човекот беше Исус Христос тоа не е важно нели, ти си премногу просветлен да веруваш богови и гордо се декларираш Атеист.