Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како се создаваат секти? Земаш пораки, текстови од различни автори, различни времиња и периоди, врз основа на нив создаваш догматска религија, тврдиш дека тие пораки се божји и се апсолутна вистина.
Не оставаш систем на иницирање или ,,клуч" со кој може да се открие суштината и гледаш како ,,апсолутната вистина" почнува да создава илјадници секти деноминации, толкувања:
1580860690117.png
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Аман бе со тоа „Исус рече..... Исус рече“ ко да беше ти присутен таму кога рекол. Имате една книга која вели дека рекол. Дали рекол или не и дали воопшто постоел, никој не потврдил.

Велиш не зборуваме за повеќето христијани, ама генерализираш за повеќето (или сите) атеисти. Не бе, нема ароганција кај тебе.
Си истресе од ракав некакви си верувања кои сакаш да ги пришиеш на атаизам за да го прикажеш како верување. Не бе ич нема ароганција кај тебе.
А кој тоа рече дека дека науката треба да докаже божје непостоење? Пишав јас такво нешто? Тоа е најголема глупост. Прво и основно не се докажува непостоење. Од никого, треба ли секоја измислица што некој ќе ја смисли некој да докажува дека не е вистина? Секако дека не. Тој што е убеден дека нешто постои го има товарот на докажување. Тврдиш дека бог постои? Бујрум докажи.

Нема кај мене предрасуди. Реагирам на ваквите како тебе што атеизмот си го толкуваат како сакаат. Предрасудите се кај тебе. Ти како испита дека Хиндуистичките богови не постојат? Како Нордиските или старословенските? Никако. Ти ќе зборуваш за предрасуди. Оди бе бегај. Ништо јас не негирам или игнорирам „многу работи кои ти се чинат како неточни или неважни“. Јас во недостаток на докази велам дека нема да верувам додека нештото не се докаже.
Човек и Човештво, бог и шеширџија разлика. Под вразумување подразбирам глобалното затоплување, уништување на живиот свет, секуларизам. И после јас сум бил арогантниот, седи бе....
Џеезас, за едно зборченце каква галама дигате. Ајде, во име на мирот нека ви е „рекол“ :)

Па можам да генерализирам кога повеќето рисјани се склонни кон догма а повеќето атеисти кон идеологија. Има малцинство и во двете кое тешко ги прифаќа истите, но насоката е јасна.
Не ги пришијувам на атеизам, поточно би било на отфрлање одредени морални начела со религиозна основа, и тоа отфрлање е последица од атеизам.

Не реков дека треба, реков дека не е единствено средство за пронаоѓање вистина, посебно кога се однесува кон Бог. Ова индуктивно размислување (кое е основа на научниот метод) кога се однесува кон Бог ќе те натера бесцелно да размислуваш индуктивно до бесконечност бидејќи сите тие докази нема да бидат доволни и постојано ќе бараш објаснување за истите од атеистичка гледна точка бидејќи фундаменталното верување ти е дека нема Бог.
Целиот твој поглед на светот се базира на таа аксиома. Твојот ум постојано ја моделира реалноста базирана на таа аксиома. Така сите твои аргументи умот ти ги насочува кон потврдување на таа аксиома.
Треба сам да си го „докажеш“ постоењето на Бог, преку метод на контрадикција. Но до ова не се стигнува лесно кога си атеист освен ако животното искуство или/и Бог не те донесат до тој степен.
Нема Бог, затоа нема докази за Бог <=> Нема докази за Бог, затоа нема Бог

Што се однесува за многубошците има добар артикл тука. Мојот проблем со многубошците е дека има премногу драма кај боговите, емоции, инцест, убивање, па со она бог на морето, бог на громот, бог на војната... до бескрај. Инаку интересни ми се како митологија (грчката ми е омилена) и како тоа разните култури низ времето го гледале светот. Со евреите, друга приказна е тоа. Целата драма е меѓу еден Бог и еден трвдоглав народ со генијална сатира измеѓу редови.

Уште те чекам да дефинираш Човек.

Аха еве ти две идеологии, енвиронменталИЗМ анд секуларИЗМ :) Ок мислам дека тие се битни ствари ама не се најбитни и начинот на кој треба да се решат овие проблеми е уште побитен. Нема да го решиш глобалното затоплување со протестирање пред електрични возови како во Англија пред некој ден или обвинување капитализм или пак со затворање нуклеарни централи или пак со повторување на догми како „обновлива енергија“. Нафтата е обновлива, само и требат милион години да се обнови. Или пак со биомаса, фанси нејм за дрво.
Под секуларизам ако подразбираш укинување на врската меѓу религија и држава да супер тоа и Исус го речеше ( :D ). Ако мислиш на форсирање на атеистички поглед на светот во секоја сфера од животот, тогаш имаме проблем. Јас мислам дека токму вака ќе завршиме во некаков вид анархија или диктатура, каде луѓето ќе бидат третирани не поразлично од животните, без никаков концепт на дадени од Бог човечки права, без никаква одговорност кон другите, без потреба од морално однесување, без вредност освен она дадената од нихилистичкото „општество“. Ама не, на нас приоритет треба да ни биде „секуларизација“ и спасението на белите мечки од Арктикот.
Автоматски споено мислење:

Не. Не може да велиш „Исус рече...“ не си бил таму, немаш докази дека рекол било што, немаш познавање од еврејската школа за да зборуваш како „Исус дојде за да исполни“... да исполнел било што од надежта на евреите, тие први ќе кажеа ова е тој!
Но... освен метафизички „исполнет еврејски закон“ што е исполнето? Гревовите на светот ги нема? Второ доаѓање чекаме? Евреите чекаат пред вас уште прво и единствено доаѓање!
Ништо, во поглед на евреите зборувам бидејќи Месијата не е христијански концепт, тоа е украден концепт од евреите без разбирање на истиот симбол што тоа значи!
Реално ти само веруваш дека некој со име Исус го рекол тоа бидејќи е запишано во книга која се смета за света за христијаните а ти веруваш во догма и со неа ете кај мафташ наоколу. Да не го прикажуваме верувањето како искуство и знаење.

Ти реков да поминеш до Премин порталот и да разгледаш па подоцна да зборуваш за христијанството и неговата метода за сатанизирање на се што не е христијанство и да го преставува како зло.
Секој може да го провери тоа... но денес, бидејќи е друго време - и те како ќе ја критикуваме црквата, свештенството и војската од мирјани кои шират догма и омраза само за да православието им биде „вистинскиот пат“ бидејќи веруваат дека некој рекол „јас сум патот“...

Да. Денес слободно ги критикуваме догмите кои се негативно настроени кон другите учења без да дозволуваат на своите мирјани да ги истражуваат тие учења туку веднаш по урнек на свештениците да се осудува и сатанизира!
Да се преставува христијанството не како една од многуте патеки за човекот, туку како единствена патека. Не, не е единствена, не ни била единствена. Само денес и ја скративме чергата на свештениците за да имаат моќ само над „бедните по дух“, па имаме купишта мирјани како креваат врева по урнек на свештениците кои не се ништо подобри....
Ок ајде тогаш ти објасни што значи Месија за евреите?
Ти го гледаш Исус исто како што фарисеите го гледаа во новиот завет, на секој збор негов се наведнуваа да го каменуваат „богохулникот“.
Дека Исус постоел е универзалното гледиште на сите сериозни историчари, ако го спориш ова е исто ко да спориш еволуција и гравитација.
Всушност само кон „бедните по дух“ свештениците немаат моќ бидејќи само Бог може да ги спаси нив.
Прочитај некоја асална книга за христијанство, не само мафтај хептаграми по форуми.
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Џеезас, за едно зборченце каква галама дигате. Ајде, во име на мирот нека ви е „рекол“ :)

Па можам да генерализирам кога повеќето рисјани се склонни кон догма а повеќето атеисти кон идеологија. Има малцинство и во двете кое тешко ги прифаќа истите, но насоката е јасна.
Не ги пришијувам на атеизам, поточно би било на отфрлање одредени морални начела со религиозна основа, и тоа отфрлање е последица од атеизам.

Не реков дека треба, реков дека не е единствено средство за пронаоѓање вистина, посебно кога се однесува кон Бог. Ова индуктивно размислување (кое е основа на научниот метод) кога се однесува кон Бог ќе те натера бесцелно да размислуваш индуктивно до бесконечност бидејќи сите тие докази нема да бидат доволни и постојано ќе бараш објаснување за истите од атеистичка гледна точка бидејќи фундаменталното верување ти е дека нема Бог.
Целиот твој поглед на светот се базира на таа аксиома. Твојот ум постојано ја моделира реалноста базирана на таа аксиома. Така сите твои аргументи умот ти ги насочува кон потврдување на таа аксиома.
Треба сам да си го „докажеш“ постоењето на Бог, преку метод на контрадикција. Но до ова не се стигнува лесно кога си атеист освен ако животното искуство или/и Бог не те донесат до тој степен.
Нема Бог, затоа нема докази за Бог <=> Нема докази за Бог, затоа нема Бог

Што се однесува за многубошците има добар артикл тука. Мојот проблем со многубошците е дека има премногу драма кај боговите, емоции, инцест, убивање, па со она бог на морето, бог на громот, бог на војната... до бескрај. Инаку интересни ми се како митологија (грчката ми е омилена) и како тоа разните култури низ времето го гледале светот. Со евреите, друга приказна е тоа. Целата драма е меѓу еден Бог и еден трвдоглав народ со генијална сатира измеѓу редови.

Уште те чекам да дефинираш Човек.

Аха еве ти две идеологии, енвиронменталИЗМ анд секуларИЗМ :) Ок мислам дека тие се битни ствари ама не се најбитни и начинот на кој треба да се решат овие проблеми е уште побитен. Нема да го решиш глобалното затоплување со протестирање пред електрични возови како во Англија пред некој ден или обвинување капитализм или пак со затворање нуклеарни централи или пак со повторување на догми како „обновлива енергија“. Нафтата е обновлива, само и требат милион години да се обнови. Или пак со биомаса, фанси нејм за дрво.
Под секуларизам ако подразбираш укинување на врската меѓу религија и држава да супер тоа и Исус го речеше ( :D ). Ако мислиш на форсирање на атеистички поглед на светот во секоја сфера од животот, тогаш имаме проблем. Јас мислам дека токму вака ќе завршиме во некаков вид анархија или диктатура, каде луѓето ќе бидат третирани не поразлично од животните, без никаков концепт на дадени од Бог човечки права, без никаква одговорност кон другите, без потреба од морално однесување, без вредност освен она дадената од нихилистичкото „општество“. Ама не, на нас приоритет треба да ни биде „секуларизација“ и спасението на белите мечки од Арктикот.
1. Не, не можеш да генерализираш. Тоа ко да си рекол исто е и хиндуизам и ислам и христијанство и шинто и зороастризам и илјадници други религии. Нема никаква идеологија во атеизмот. Пак ќе повторам атеизам е неверување, не е верување дека бог не постои. Нема отфрлање на норми, ги отфрлам јас како единка истите кои најверојатно и ти би ги отфрлил иако ти ги пишува во библијата (на пример ропството, женењето со девојка која си ја обечестил со плаќање 50 сребреници на татко и... и тн.) Претпоставувам за тие морални норми зборуваш, нели? Тебе ти треба некој бог да ти каже што е морално и етички? Ако да, тогаш не си човек.

2. Види точка 1. Не е ни мое ниту генерално за атеистите некакво си „верување дека бог/ови не постои/јат“. Па уште и фундаментално било. Ги читаш ли воопшто ти моите постови или само реплицираш колку да реплицираш? И пак со твојата арогантна мантра, истото па истото. На секој твој пост нема да ти кажувам што е човек имаш поназад, прочитај. Но тоа ти е стилот, да не читаш други туку да се читаш само себе си.

3, Никаде не спомнав дека со протести или со некои радикални мерки ќе се смени нешто. Реков се надевам дека човештвото ќе се свести за штетите кои ги прави.
Под секуларизам разбирам тоа што и цел свет разбира, отстранување на влијанието на религиите врз државата.. Треба религијата да си биде лична работа. А да, и Џиз'с ќе речеше ако беше жив или ако постоел воопшто.

Дека Исус постоел е универзалното гледиште на сите сериозни историчари, ако го спориш ова е исто ко да спориш еволуција и гравитација.
:pos: :pos: :pos:
Седи мирен не трескај глупости.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Не, јас нема да те учам за евреите и нивните уечња од кои христијанството е само бледа слика.
Ќе мора сам да се заморуваш со тоа, ако успееш да избегнеш на христијанската догма.

Јас би сакал Исус да биде историска личност и да му се мавне од грб идејата дека бил син на бог. :) Тогаш ќе ја снема мантрата на христијанските апологети за гревови и безвременски спасители кои си ја завршиле работата на Земјата.
А и ќе се знае дека Исус е Евреин.
И сите наследници понатаму се обични секташи кои узурпираа нешто што не го разбраа... само она што е родено како секта, да прерасне и во религија, ќе раѓа секти бидејќи тоа е сржта!

Никој не може да ги спаси бедните по дух бидејќи слабиот дух носи зло! Нека не те лажат редакторите од IV век :)
Ти велам убаво: христијанството со узурпирање на знаењето пред нив без амин од оние од кои го украдоа донесе само омраза и искасапена духовност, а ти - како ти е волја. :)

Не постои асална книга за христијанството. Кога нештото започнува со лажни обвинувања кон учењата од кои се позајмени сите идеи од кои ќе се издигне змејот наречен христијанство - не може да постои праведна книга. Се е „во зачувување на духот на христијанството“ - до смрт.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.053
Поени од реакции
83.497
Ти велам убаво: христијанството со узурпирање на знаењето пред нив без амин од оние од кои го украдоа донесе само омраза и искасапена духовност, а ти - како ти е волја. :)
Навистина, кога христијанството носи такви плодови, се прашувам што би можела да донесе секта која препорачува секс и жртвување на мали деца?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Навистина, кога христијанството носи такви плодови, се прашувам што би можела да донесе секта која препорачува секс и жртвување на мали деца?
Ова зборуваш за христијанските секти-учења кои препорачуваат секс помеѓу свештеници и деца, но никако со жена бидејќи жената е помалку од мажот или јас не сум те разбрал добро?
Пазете децата да не би бидат жртва на христјанските свештеници и учења и да изградат ѕидови од злоба против светот околу нив кој што нема да сакаат да го разберат кога ќе пораснат!

Можам веднаш да ти одговорам што носат истите: зло! Непознавањето на човекот секоја религија носи зло за истиот... и узурпирање на слободата и духовниот напредок!
Но, бидејќи си христијанин (без разлика на сектата каде припаѓаш) ова не ти значи ништо тебе... како и на многумина пред тебе што дотрчуваат тука да го спасуваат спасителот да не биде распнуван постојано и постојано...

Бегај од такви учења кои велат дека сексот е само за деца правење, 2-3 пати во животот и толку! Сврти си го образот кон исток не кон Витлеем :D
Познај ја жената своја само онолку пати колку што Б_г одредил не оди добро со психологијата на човекулецот на Земјата!


 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.053
Поени од реакции
83.497
Ова зборуваш за христијанските секти-учења кои препорачуваат секс помеѓу свештеници и деца, но никако со жена бидејќи жената е помалку од мажот или јас не сум те разбрал добро?
Mа не за тие, зборувам за сатанистичка секта која препорачува жртвување на мали деца за подобар ефект, здружно дркање и слични "магијски" нешта. Кога резултатите од христијанството се горки, кој знае какви се во случајот на една таква секта?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Mа не за тие, зборувам за сатанистичка секта која препорачува жртвување на мали деца за подобар ефект, здружно дркање и слични "магијски" нешта. Кога резултатите од христијанството се горки, кој знае какви се во случајот на една таква секта?
Како не за тие, сектите од стариот еон? Бираш? Кој си ти да бираш?

Како може да одвојуваш секти кои истото го препорачуваат: жртвување на деца, задоволување со дркање пред нив како што прават свештениците на стариот еон?
Која будала би жртвувал иднината на човештвото? Само религии на стариот еон бидејќи се е изградено со омраза кон другиот... и само тие клеветат за другите дека „жртвуваат деца“ бидејќи е кажано: Секој суди според себе самиот! Нели...

Или бидејќи ти припаѓаш на христијанска секта ова не важи за тебе и таквите ко тебе? Па мора да измислуваш како и свештениците злобни лаги за да вашиот мрак биде малку посветол од она што реално е?
Не може да зборуваш сешто за дргоста а да проповедаш „праведност“ на едно христијанство со сите изродени секти од истото...
Чувај си го потомството од стариот еон - ќе го проголта и уништи, а ти нема да можеш крајот да му најдеш... не сакаш да завршат ко тебе, нели?
Мора подобро!

Бирај си ги „бисерите“ подобро...

П.С. Арно му кажа на @Ipsissimus . Кроули убаво си кажал во книгите што прави!!! Пак нека плаче од христијани, ако му е :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.053
Поени од реакции
83.497
Цел куп празни зборови, цело време и понекоја навреда за христијанството - единственото нешто со смисол и фокус, во вашите постови.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Цел куп празни зборови, цело време и понекоја навреда за христијанството - единственото нешто со смисол и фокус, во вашите постови.
Се навредува само човек, не учење...
Чудно ги поимате идеите и зборовите...

Ти си навреден бидејќи христијанството реално е изградено врз основа на еврејскиот закон или самото учење (иако не гледам начин да се навреди едно христијанство или ислам како религија)?
Да се навредиш како индивидуа ако некој лаже и те става тебе во кош во кој што ти не припаѓаш, или да си навреден што некој лаже нешто лично за тебе за да те понижи или престави нереално пред други за да немаш авторитет пред истите... но да се навреди „христијанството“ како религија, Исус како пророк или било кој бог... е надвор од можностите :)

Телема како философија би се навредила некако од твоето зборување? Како е тоа можно? :)
Кроули би се навредил?
Мртов е... пак не бидува...

Само измислувате глупости за да не ви се кажува во лице историјата на сектите на кои припаѓате, учења кои се кастрирани и узурпирани од неуки наследници од кои вие земате примери и сте вакви полни со злоба, но малку знаење!

Тоа треба да те навреди! Малкуто познавање на работите бидејќи си прекинал да ги изучуваш во моментот кога не одело спознавањето во насока која ти си очекувал да оди!
Извини за тоа...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.053
Поени од реакции
83.497
Тоа треба да те навреди! Малкуто познавање на работите бидејќи си прекинал да ги изучуваш во моментот кога не одело спознавањето во насока која ти си очекувал да оди!
Извини за тоа...
Ова ми е посебно јако - како вие све знаете ја што сум праел.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Mа не за тие, зборувам за сатанистичка секта која препорачува жртвување на мали деца за подобар ефект, здружно дркање и слични "магијски" нешта. Кога резултатите од христијанството се горки, кој знае какви се во случајот на една таква секта?
Автоматски споено мислење:

Доста бре плачеш. Прочитајте си ги сопствените постови на темава за христијанството. Ако ја со ова што го пишам сум ве оцрнувал, тогаш што останува да се каже за вашите постови?
Тоа со жртвувањето на мало машко дете, нити е измислено, нити е скриено. Самиот Кроули си го пиша.
Мислите ако имате другарче модератор кој ви дозволува надвор од форумските правила да навредувате, па не може друг да влезе и да каже за вас какви сте?
Што? Ќе ми даде казнени, затоа што го цитирам Кроули?


Се зезам, знам дека атеист може тоа да го напраи, ама па кога ми било гајле мене за тоа?
21ви век сме, информациите се барем нешто кое секому е достапно! Мислиш дека твоите лаги ќе ти поминат?!
Не ме мрзи да те демантирам, без разлика колку пати ќе ги верглаш твоите лаги:
20191230_235228.jpg

Link
 
Последно уредено од модератор:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Ова ми е посебно јако - како вие све знаете ја што сум праел.
Некој мора да знае со кого зборува тука... се читаме 10 години... и те како може човек да знае што си правел и кај си заглавил во однос на религиите за да се вратиш кај „мајката-Црква на стариот еон“ по тоа како, за што, со кого и кога глаголаш по форумов :)

P.S. @Ipsissimus, му докажа сега на христијанинот :D Се мислам дека оваа сликица ќе ја поставуваш уште 10 години ... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom