Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
А и кога веќе бараш цитати, ете кај убаво вели големиот спасител на христијани зошто е тука:

„Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата, не дојдов да донесам мир, туку меч.“
А ти оди барај сега објаснувања што сакал да каже авторот и убеди ме во „мир, љубов, надеж вера, љуби го овој љуби го оној...“ :)
Ама истоимениот исто така кажува дека секој што ќе убива со меч, ке умре со меч. Исто така дека луѓето се злобни, и дека треба да го љубиш Господ и Доброто повеќе од луѓето.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.193
Ама истоимениот исто така кажува дека секој што ќе убива со меч, ке умре со меч. Исто така дека луѓето се злобни, и дека треба да го љубиш Господ и Доброто повеќе од луѓето.
Така де... дојден бил евреинот како месија, за да не донесе мир туку меч!
Евреите им рекоа: чекајте христијани, ова е наше учење и надеж, не е така како што глаголате, а христијаните скокнаа со злоба и крв и неуките ги убедија како евреите не си го познале месијата, истите тие евреи од кои христијаните го украдоа и искасапија законот кој што го нарекоа со нивното секташко име: стариот завет!

Во светата книга на христијаните, ако веруваме од а до ш во истата, дотичниот кој што треба да е чист симбол и идеална слика на „божественото на Земјата“ кажал како нема да има мир, како брат од брат ќе се подели, мајка од ќерка итн итн...
Да не зборувам за омразата и заканите со казни кон „грешниците“...

Што да очекуваме од религијата која се крена од пепелта на секташките учења обединувајќи сешто во единство со земските политики во тие времиња?
Ништо добро... како што во минатото многу учења преминаа во илегала заради христијанството и нивното касапење за да си го одржат учењето, така сега атеизмот е реакција на догмата од религиите на стариот еон.
Да не ве чуди тоа...

Како што и денес не гледаме ништо добро од сето тоа, само омраза и поделби... не само омраза кон дијаметрално спротивните религии како исламот, туку и разноразните секти кои се изродија од сето тоа шират едни кон други омраза и тоа не може да се соедини...
Како змеј со премногу глави... ќе пресечеш една, две излегуваат...
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
По сите можни дефиниции христијанството Е идеологија.
Толку ти е тешко да сфатиш дека идеологијата убива а не човекот? Не се тоа индивидуалци.
По сите можни дефиниции ти незнаеш ни што е религија ни што е идеологија. Атеизмот е мајка на сите идеологии, кога го елиминираш Бог од човековата свест и примарната идентификација како Божјо чедо за тебе и за другите, го редуцираш човекот до ниво на животно без никаква вредност освен она што му е дадена од општеството и оставаш простор за секаква креативност за нов поглед на светот, идеологија, во која ти си во право и ти си добрата личност а оние кои не се согласуваат со тебе се злобни. Кога овие идеологии почнуваат да се прифаќаат од мнозина, тогаш завршуваат со масовно касапење. Исто за индивидуалност, не можеш да си идеолог и инидивидуа. Уште во стариот завет има заповед да не следиш мнозина во зло и имаме доволно доказ од последниот век дека идеологиите ја убиваат индивидуалноста и завршуваат со масовно касапење.
Атеизмот не е идеологија, ама сигурно е првиот чекор кон идеологија.

Еве добра дефиницја:
Ideology is a coherent system of ideas that rely on a few basic assumptions about reality that may or may not have any factual basis.

Better get your assumptions right.
Автоматски споено мислење:

Така де... дојден бил евреинот како месија, за да не донесе мир туку меч!
Евреите им рекоа: чекајте христијани, ова е наше учење и надеж, не е така како што глаголате, а христијаните скокнаа со злоба и крв и неуките ги убедија како евреите не си го познале месијата, истите тие евреи од кои христијаните го украдоа и искасапија законот кој што го нарекоа со нивното секташко име: стариот завет!

Во светата книга на христијаните, ако веруваме од а до ш во истата, дотичниот кој што треба да е чист симбол и идеална слика на „божественото на Земјата“ кажал како нема да има мир, како брат од брат ќе се подели, мајка од ќерка итн итн...
Да не зборувам за омразата и заканите со казни кон „грешниците“...

Што да очекуваме од религијата која се крена од пепелта на секташките учења обединувајќи сешто во единство со земските политики во тие времиња?
Ништо добро... како што во минатото многу учења преминаа во илегала заради христијанството и нивното касапење за да си го одржат учењето, така сега атеизмот е реакција на догмата од религиите на стариот еон.
Да не ве чуди тоа...

Како што и денес не гледаме ништо добро од сето тоа, само омраза и поделби... не само омраза кон дијаметрално спротивните религии како исламот, туку и разноразните секти кои се изродија од сето тоа шират едни кон други омраза и тоа не може да се соедини...
Како змеј со премногу глави... ќе пресечеш една, две излегуваат...
Ти очигледно имаш погрешна слика за Месијата. Мир меѓу Бог и секој ученик на Исус, меч меѓу секој што се спротиставува на тоа.
Цел „стар завет“ со 613 команди беше да ги припреми евреите за Месијата, уште во самиот почеток се најавува ова како глобална религија за спасение на сите луѓе и како таков законот од стариот завет не се однесува за необрежаните.
За гревовите на црквата, тоа си е друг муабет, верувам и самиот знаеш дека сите секти од православните па до некоја рандом од 21 век ја изгубија основата на учењата на Исус и станаа организации каде само моќ и број на „верници“ е примарна мотивација за нивното опстојување.
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
По сите можни дефиниции ти незнаеш ни што е религија ни што е идеологија. Атеизмот е мајка на сите идеологии, кога го елиминираш Бог од човековата свест и примарната идентификација како Божјо чедо за тебе и за другите, го редуцираш човекот до ниво на животно без никаква вредност освен она што му е дадена од општеството и оставаш простор за секаква креативност за нов поглед на светот, идеологија, во која ти си во право и ти си добрата личност а оние кои не се согласуваат со тебе се злобни. Кога овие идеологии почнуваат да се прифаќаат од мнозина, тогаш завршуваат со масовно касапење. Исто за индивидуалност, не можеш да си идеолог и инидивидуа. Уште во стариот завет има заповед да не следиш мнозина во зло и имаме доволно доказ од последниот век дека идеологиите ја убиваат индивидуалноста и завршуваат со масовно касапење.
Атеизмот не е идеологија, ама сигурно е првиот чекор кон идеологија.

Еве добра дефиницја:
Ideology is a coherent system of ideas that rely on a few basic assumptions about reality that may or may not have any factual basis.

Better get your assumptions right.
А ти ќе ми кажеш што е религија а што е идеологија? :pos:
Па ти се уби самиот со сопствената дефиниција. Кажи ми кој дел од дефиницијата што си ја дал христијанството не ја исполнува?

Што се однесува до атеизмот, ти појма немаш што значи. Не може неверување да биде идеологија, ни блиску ни почеток до идеологија, нема системи, нема претпоставки. Атеизам просто значи неверување во богови. Толку. Ништо повеќе.

Ако некому му требаат “свети книги“ (што и да значи тоа) или богови, за да човекот биде Човек, тури му пепел на таквиот, не бидува Човек од него. Веќе видено и потврдено во пракса.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Пријателе....лонг тајм но си, да те поздравам само.....изгинаа темите како оваа, атеисти окупација направија :LOL:
Ќе испадне еден ден Буда дека бил атеист :D
Теоретски и госпо е атеист.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Искрено не знам како да ти одговорам бидејќи ваква иронија и апсурд немам видено досега. Честито. Ти се декларираш како атеист - не веруваш во Господ, а истовремено ми даваш доказ дека Господ наредил да се убијат тие и тие жени. Нели Библијата е измислица и глупост? Нели Господ не постои? Како може Господ да е крив за нешто кога Господ не постои?
Не мора јас да верувам, за верниците тие зборови, пораки, правила се сметаат за пораки на Бог. Не сум јас тој што ги применувал, ги применувале верници, што значи резултатот е тој.
Од поглед на последица, на тој што е убиен, силуван, каменуван, му е исто дали пораката доаѓа од имагинарно или рeално битие, бидејќи последицата е реална.
Автоматски споено мислење:

@Ipsissimus, не знаев дека си атеист...
Ако некој ме гледа како атеист, тогаш нека ме смета за атеист. Секако не верувам во теистичкиот концепт на староеонските богови, за некои тоа е атеизам.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ако некому му требаат “свети книги“ (што и да значи тоа) или богови, за да човекот биде Човек, тури му пепел на таквиот, не бидува Човек од него. Веќе видено и потврдено во пракса.
Како што на децата им се потребни родители (мајка и татко) за да израсне во возрасна личност, така на верници им се потребни богови и книги додека не ги надминат и од нив стане Човек.

Значи тури му пепел на децата на кои им треба мајка и татко, од нив возрасен човек не бива.
Веќе видено ,така @Атеист?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.253
Поени од реакции
10.169

Извини Алф, не те разбрав...зарем нема Човек од домот за деца без родители, треба ли религија за да знае човекот што е морал?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Како што на децата им се потребни родители (мајка и татко) за да израсне во возрасна личност, така на верници им се потребни богови и книги додека не ги надминат и од нив стане Човек.

Значи тури му пепел на децата на кои им треба мајка и татко, од нив возрасен човек не бива.
Веќе видено ,така @Атеист?
Погрешно толкуваш. Ете и деца без родители стануваат “возрасни“, што и да ти значи тоа. Друг е веќе муабет што деца има и на 60 години а возрасни и на 17. Да таа е праксата и тоа е виденото, возрасен и Човек не е исто. Ако не си свесен за човечкото во себе, ниедна книга ни религија ни бог ќе те направи Човек.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Извини Алф, не те разбрав...зарем нема Човек од домот за деца без родители, треба ли религија за да знае човекот што е морал?
И во домот имаат возрасни воспитувачи, може не им се биолошки родители , но добиваат соодветно воспитување според возраста која ја имаат. Децата се како сунгер, впиваат од околината, учат од оние кој се покрај нив.

За моралот , подобро да го сватиш вака.
Човекот е сеуште во духовен развој, за него моралот е недоживеан термин и тој е диктиран од културата, традицијата и религиските убедувања кој се впишани во правила и закони.
Иако човек се разликува од останатите животински облици на земјата како интелектуално понапредно од сите , тој има потреба со закони, да го држи во некој норми за тоа што преставува Човек.

Многу малку поединци во историјата доживеале таков духовен развој и тоа го преточиле во книги, верувања и филозофии.Кните го заземаат местото на родител и отпочнува тоа воспитување.
Темелот е семејство, дали на директен или индиректен начин , се пренесува моралот (според култура, традиција и религија).

Тој животински инстикт во човекот , тој ѕвер одбрале да го "воспитуваат" со таткова строгост и мајчинска грижа.

Атеист одбра да осудува и со прст да покаже виновник, лесно е тоа да се уништи некаков извор зло. Да го видам да воспитува, да оформи, разобличи, да израсне Човек,
а најнапред тој самиот треба да постане Човек.
Автоматски споено мислење:

Погрешно толкуваш. Ете и деца без родители стануваат “возрасни“, што и да ти значи тоа. Друг е веќе муабет што деца има и на 60 години а возрасни и на 17. Да таа е праксата и тоа е виденото, возрасен и Човек не е исто. Ако не си свесен за човечкото во себе, ниедна книга ни религија ни бог ќе те направи Човек.
Како ти како свесен за човечкото во себе ќе пренесеш на деца?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.193
Ти ќе ми расправаш за месијата кај евреите? Гледај си христијанството и молчи си кога се работи за евреите...
Самото христијанство е мајка на секти бидејќи почна како секта - и сето тоа знаат дека е потребно за да се оправдаат дека се нужни за човековото постоење.
Сатанизира сешто, почнувајќи од евреите од кои ќе повторувам постојано: го украдоа законот и го искасапија непознавајќи ја еврејската мисла!
И сеуште тоа го прават, нови војници заслепени со догми и идеологии на христијанството - шират омраза со зборување напамет за едно верување кое не сакаат да признаат или истражуваат дека доаѓа од постари учења...

Но без амин од оние кои го пренесуваат низ вековите!

Самото христијанство го изгуби учењето уште кога се приврзаа со световната власт, уште на самиот старт - кога палеа и уништуваа учења кои сметаа на нивните човечки расудувања и лакомост за власт и злато!
Не е тоа ново, само денес подобро може човек да се запознае со таа историја проучувајќи и други учења од тоа време...

Да премине некое учење во „илегала“ и да стане тајно заради една црква изградена на основа на насилство - замисли колку е било лошо тоа!

Стариот завет е секташко име на христијаните за еврејскиот закон. Ниту еден христијанин не го познава законот на евреите а се дрзнува да го толкува и да ги окривува евреите кои не разбрале ова или она..
Не бидува тоа така... да крадеш од брата си и да го окривуваш дека тој е лошиот.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеист одбра да осудува и со прст да покаже виновник, лесно е тоа да се уништи некаков извор зло. Да го видам да воспитува, да оформи, разобличи, да израсне Човек,
а најнапред тој самиот треба да постане Човек.
Би сакал да видам прво од тебе да стане Човек, па да разговараме како Човек со Човек, ама по се изгледа нема да го доживеам тоа.

А сум критикувал и секогаш ќе критикувам тоа што е за критика, а христијанството и тоа како има многу за критика. Пред фактите и боговите молчат а заблудените зборуваат.

Како ти како свесен за човечкото во себе ќе пренесеш на деца?
Не се пренесува, треба сам да стигнеш до тоа. Друг муабет е дали можеш тоа да го поттикнеш на некој начин.

„Постои голема разлика меѓу тоа дали светот само го носите во себе, или дали тоа и го знаете! Некој лудак може да изговори мисли кои потсетуваат на Платон, а некое малку побожно учениче во Хернхутскиот семинар размислува творечки за истите длабоки митолошки поврзаности што се јавуваат кај гностичарите или кај Зороастер. Меѓутоа, тој за тоа не знае ништо! Тој е дрво или камен, во најдобар случај животно, се додека тоа не го знае. Но, кога ке светне првата искра на тоа сознание, тогаш станува човек. Веројатно нема да ги сметате за луѓе сите тие двоношци кои се движат по улиците, само затоа што одат исправено и што своите новороденчиња ги носат по девет месеци? Па вие гледате колку од нив се риби, или овци, црви или пијавици, колку се мравки, колку се пчели! Само, во секој од нив постои можност да се роди човек, но дури тогаш кога тој ќе ги насети тие можности, дури тогаш кога ќе научи да ги направи делумно свесни, дури тогаш тие се негова сопственост.

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Би сакал да видам прво од тебе да стане Човек, па да разговараме како Човек со Човек, ама по се изгледа нема да го доживеам тоа.
Се изрази како ти веќе да си постанал Човек,но со последниот дел "да го доживеам" покажува сосема спротивно.
1.Непостои разговор Човек со Човек, , може само да седне со цвет во рака.
2.Во Човек, времето како сегашно , идно и минато не постои.
А сум критикувал и секогаш ќе критикувам тоа што е за критика, а христијанството и тоа како има многу за критика. Пред фактите и боговите молчат а заблудените зборуваат.
Критиките во повеќето случаи е што се случувало во историјата и постојано се заборава дека човековата промена настанува внатре,а не надвор.
Постојано едни исти аргументи, тие христијаните , оние муслиманите, ние атеистите и цело време тоа во круг.

Не се пренесува, треба сам да стигнеш до тоа. Друг муабет е дали можеш тоа да го поттикнеш на некој начин.
Значи дека ѕвер раѓа ѕвер,што тоа може ѕвер да потикне за да некој ѕвер стане Човек?
Не можеш да дадеш нешто што немаш.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Се изрази како ти веќе да си постанал Човек,но со последниот дел "да го доживеам" покажува сосема спротивно.
1.Непостои разговор Човек со Човек, , може само да седне со цвет во рака.
2.Во Човек, времето како сегашно , идно и минато не постои.

Критиките во повеќето случаи е што се случувало во историјата и постојано се заборава дека човековата промена настанува внатре,а не надвор.
Постојано едни исти аргументи, тие христијаните , оние муслиманите, ние атеистите и цело време тоа во круг.

Значи дека ѕвер раѓа ѕвер,што тоа може ѕвер да потикне за да некој ѕвер стане Човек?
Не можеш да дадеш нешто што немаш.
Oф мори мајко, од кај да почне Човек да те оправа. Ништо не си разбрал. Има време можеби во другиот живот. Не знам ти што си дал о ти Просветлен Христијанину. Ако си го дал тоа што го имаш, тешко нив.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom