- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.136
- Поени од реакции
- 10.493
Од аспект на функционалност можеби. Но, е-книгите се така дизајнирани за да ти го одвлечат вниманието со линкови. Фокусот е подобар со физичка книга. И некако електронските книги ми се направени за брзо читање, што сметам дека не оди во прилог на процесот на учење на деца во основно училиште. На тоа би додала и истовремен пристап до социјални мрежи и интернет, како дополнителна дистракција.Од аспект на функционалноста, нема разлика дали читаш од електронски или книжен медиум. Сеедно дали читаш лектири или учебник. Знаењето што може да се пренесе е исто, прашање е само на навика.
Друго, со физичка книга имаш сенс за прогресот што го правиш со самото листање на страниците. Немаш потреба од интернет, батерии и полначи.
Неспорно е дека тој што сака да научи, има волја и е одговорен ќе научи и од електронски учебник и од физички учебник, но мое мислење е дека попрактични за учениците се физичките учебници.