Дигитални учебници во образованието

Дали сте за дигитализација на учебниците во образованието?

  • Да

    Гласови: 13 26,5%
  • Не

    Гласови: 36 73,5%

  • Вкупно гласачи
    49

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
Затоа и ја напишав дискусијата погоре не за мене, туку дека џабе е ако родителите го форсираат детето да седне да учи на книга, и на крај да не се реализира во ништо, губејќи желба за учење кога навистина треба да учи. Да не одиме толку широко, дистракција е умствена состојба, книгата каква год да е, не зависи од неа ми беше поентата на репликата.
Да не навлегуваме во психологии, шансата за дистракција пред компјутер е далеку поголема од аспект што сите можни алатки за одземње на внимание кои се во нивна генерација ги има пред себе: социјални мрежи, јутјуб, игри и тн.
Пред книга ако му го тргнеш и телефонот единствена дистракција е ако му лета паметот на пасење и ако нема мир во околината (зборување дома, бучава и тн што ретко кој родител заинтересиран за образованието на детето би си го дозволил).

Не дека не може да се учи од дигитални материјали, само мислам дека истите не се соодветни за сите генерации. Можеби за повозрасните се ок, т.е за луѓе кои веќе се свесни за последиците/придобивките од тоа што го учат.

Јас лично дигитални материјали имам поминато многу повеќе од книги, во последните неколку години веројатно имам поминато повеќе материјал од цело средно + факултет заедно, али знам дека на самиот почеток ми било многу потешко да се навикнам (први предмети по кои сум учел од пдф имав на факултет).

Ако јас се прашувам би започнал со микс (мал дел дигитални, останатото аналогни материјали) и би ги зголемувал постепено.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Аудио книгите се иднината. Не мора ни да читаат. ;)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Поглуп предлог амин. Лани, кога почна сето воа онлине настава бев 3 та година, сега еве и 4 та година средно цела а поминав пред лаптоп со таа нивна онлине настава, и јас си знам само колку имам мака со очите и приметуам дека не ми е каа порано, поради тоа шо не е сеедно да се дреме по минимум 5/6 саата пред компјутер на ден само за онлине школо, да не лафам за плус нешто ако правиш на компјутерот.
Не мора да гледаш порно, само слушај.
Или испечати си на хартија.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Читање од книга дома по завршување на часовите и активно учење од книга. 'Читам и учам'.

Преферирам да имам копија од книга пред мене наместо екран. Едно би било читање лектири пример на таблет, а друго учење од учебник и поминување време пред екран од утро до вечер.

Да, живееме во ера на дигитализација но некои работи ми се допаѓаат old school.
Супер што ти се допаѓаат тебе работите олд скул, ама проблематикава е далеку поширока од твои лични преференци. Целата популација ни е олд скул, или поконкретно, дигитално неписмена. Секаков обид да се смени тоа е дочекано со нож, безразлика дали е образование или било која друга институција. Иако од 8мо оделение имаше обезбедено компјутер во секоја учична истите не се користеа, највеќе ради противење на самите наставници. Да не спомињам други апсурди како учење програмирање на лист на факултет и тн.
Инаку 90% од скриптите на факс сум ги принтал, за мене лично ми било полесно за учење. Не глеам што е проблемот да го напраи тоа секој кој сака така да учи.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.493

Ти кога си бил на факс си имал 20+ години, зарем сериозно се споредуваш "ти на факс" со деца до 15 годишна возраст чии што психофизички развој сеуште не е целосно завршен?

И како тоа ме критикуваш мене и моите old school преференци, а ти ми зборуваш за твоите преференци од времето на факс?!

Друго, читав дека за тие деца за кои не можеле да обезбедат дигитални уреди, за нив ќе имало учебници. Па дали се сериозни со вакви дискриминаторски реформи?!

Кажав зошто не ми се допаѓа учење од дигитални учебници, но тоа не значи дека не би сакала да бидеме во чекор со дигитализацијата. Напротив, сакам да, но умерено таму кај што треба и таму кај што може. Значи како опција плус, покрај печатена форма на книга! Нека инвестираат во апликации и софтвер за задачи по математика, експерименти по физика и хемија или гледање едукативни видеа онлајн, а не во дигиталните учебници.
 
Децава се по дигитално писмени од 90% од возрасната популација. Нема да имаат никаков проблем да го прават тоа што сум го правел јас на факс. Едини проблем со било каква дигитализација е во главата на возрасните. Само видете пред банкомат што се дешава и ќе ви стане јасно кој ја кочи работата.
Треба да разберете дека светот иде во тој правец, може да не ви се свиѓа али тоа е тоа. Ова што го дискутирате сега е дискутирано кај развиените земји пред 10-15 години.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.493
Децава се по дигитално писмени од 90% од возрасната популација.
Дигитално пописмени, ама благодарение на лаптопите, таблетите и телефоните, па едно 70% се интелектуално отупени.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Направиле ли тие анализа пред да воведат дигитализација? Или онака им текна ? Првин треба да направат анализа за да видат дали може да се воспостави во пракса целата оваа дигитализација во образованието. Добро е за почеток да се направи пробно само во одредено училиште за да се согледаат предности и недостатоците кои би се појавиле. Не можеш ти во некои училишта каде што учениците немаат можност да обезбедат електронски уреди за да можат да учат од дигитални книги да им воведеш дигитализација. На крајот да не биде работата како со онлајн платформата што направија.
 
Абе не е тоа така. Во Шведска и Австралија на пример наставниците ги бираат наставните содржини и му ги даваат на децата.
Еве на пример

Син ми е второ одделение, учебници нема. Имаат големи А4 празни тетратки. Наставниците работат според курикулум и користат неколку онлајн портали кои имаат ресурси за сите теми класифицирани според одделение и предмет. Ресурсите се дел превземени од учебници, ама голем дел се од наставници кои ги креирале и ги споделуваат со остатокот од колегите (низ Австралија) и се достапни за колективно користење. Во нив има powerpoint презентации, видеа, наставни ливчиња, текстови...
Кај син ми конкретно, сите учителки од второ одделение се состануваат секој петок и бираат кои ресурси ќе ги користат наредната недела. Ги принтаат наставните ливчиња и им ги лепат на децата во тетратките.
На почетокот не ми беше јасно зошто, но сфаќам дека овој метод е многу попрактичен од неколку причини.
1. Содржината е секогаш тековна.
2. Наставниците имаат флексибилност да си го уредат часот како што сакаат.
3. Се промовира соработка меѓу наставниците.

Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Абе не е тоа така. Во Шведска и Австралија на пример наставниците ги бираат наставните содржини и му ги даваат на децата.
Еве на пример:
Син ми е второ одделение, учебници нема. Имаат големи А4 празни тетратки. Наставниците работат според курикулум и користат неколку онлајн портали кои имаат ресурси за сите теми класифицирани според одделение и предмет. Ресурсите се дел превземени од учебници, ама голем дел се од наставници кои ги креирале и ги споделуваат со остатокот од колегите (низ Австралија) и се достапни за колективно користење. Во нив има powerpoint презентации, видеа, наставни ливчиња, текстови...
Кај син ми конкретно, сите учителки од второ одделение се состануваат секој петок и бираат кои ресурси ќе ги користат наредната недела. Ги принтаат наставните ливчиња и им ги лепат на децата во тетратките.
На почетокот не ми беше јасно зошто, но сфаќам дека овој метод е многу попрактичен од неколку причини.
1. Содржината е секогаш тековна.
2. Наставниците имаат флексибилност да си го уредат часот како што сакаат.
3. Се промовира соработка меѓу наставниците.
Ова веќе не е лош начин, но не верувам дека тоа го прават во сите основни школи. А и да го прават, нема за долго, понатаму наставниците/проф. нема да се замараат да им лепат ливчиња во тетратка. Ќе им праќаат писмени преку мејл, едно дете ќе учи, останатите copy paste, и после сите 5каши без да знаат да бројат до 5 :LOL:.
Автоматски споено мислење:

Кај нас во средно кога професорите ќе ни пратеа писмена/тест се знаеше, 2ца решаваме и ги праќаме прашањата на сите по Месенџер и сите првенци.
 
Абе ова е за со физичко присуство.
Иначе ги мрзи професорите нека ви лупнат различни тестови па решавај ти ако си будала за цел клас.
 
B

Beginner

Гостин
Инвестирајте на време во приватни Оптики ако се реализира ова.
Сериозно не се норнални ако до сега на секое 5 дете му беа потребни наочари со ова на секое 2ро ќе му требат. Ќе им го упропастат видот на идните генерации.
За ова треба сериозни протести од родителите.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Инвестирајте на време во приватни Оптики ако се реализира ова.
Сериозно не се норнални ако до сега на секое 5 дете му беа потребни наочари со ова на секое 2ро ќе му требат. Ќе им го упропастат видот на идните генерации.
За ова треба сериозни протести од родителите.
Еми досега имаа работа ортопедите.
Чаре ?
 
J

joli1

Гостин
Според мене, најдобро е да има печатени учебници, но да постои и дигитална форма на истите, па секој според тоа што преферира.

Сепак, воведување на дигитализирани учебници не е решение на проблемот со нашето образование, нашето образование најмногу пати од полуписмени партиски вработени професори кои што освен оговарање на своите колеги, бојкотирање на секоја реформа и создавање на полуписмени генерации ништо друго не прават. Додека не се реши проблемот со професорите, образованието во државата нема да мрдне.

Да не заборавиме, професорите се оние кои што го бојкотираа екстерното тестирање кое иако не беше совршено и имаше некои проблеми (кои можеа со тек на време да се средат) поради тоа што ќе се откриеше дека одредени професори ставаат оценки од ракав, според познанства и без никакви стандарди, па затоа денес една оценка во едно училиште е скроз друга во друго училиште според знаењето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom