Дигитални учебници во образованието

Дали сте за дигитализација на учебниците во образованието?

  • Да

    Гласови: 13 26,5%
  • Не

    Гласови: 36 73,5%

  • Вкупно гласачи
    49
Член од
13 април 2021
Мислења
3.040
Поени од реакции
10.249
Од аспект на функционалноста, нема разлика дали читаш од електронски или книжен медиум. Сеедно дали читаш лектири или учебник. Знаењето што може да се пренесе е исто, прашање е само на навика.
Од аспект на функционалност можеби. Но, е-книгите се така дизајнирани за да ти го одвлечат вниманието со линкови. Фокусот е подобар со физичка книга. И некако електронските книги ми се направени за брзо читање, што сметам дека не оди во прилог на процесот на учење на деца во основно училиште. На тоа би додала и истовремен пристап до социјални мрежи и интернет, како дополнителна дистракција.

Друго, со физичка книга имаш сенс за прогресот што го правиш со самото листање на страниците. Немаш потреба од интернет, батерии и полначи.

Неспорно е дека тој што сака да научи, има волја и е одговорен ќе научи и од електронски учебник и од физички учебник, но мое мислење е дека попрактични за учениците се физичките учебници.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270

За ова си во право и затоа ти го лајкнав и претходното мислење. Нема нешто подобро од тоа да си легнеш на кревет со учебникот во раце, да си листаш и подвлекуваш, самото листање на страниците итн... Не замараш очи со гледање во екранче, не ти стигаат нотификации и слично.
Затоа е добро што овие дигитални учебници ќе можат слободно и да се печатат.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515

Со добра организација и двете може да се користат и ништо да не ти одзема внимание но за некој кој слабо учи како што сум бил јас се нешто одзема внимание, највеќе дома кога треба да се учи.

Секогаш мене ми се случувало дома кога сум учел легнат во кревет со книгата да заспијам.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
Од аспект на функционалност можеби. Но, е-книгите се така дизајнирани за да ти го одвлечат вниманието со линкови. Фокусот е подобар со физичка книга. И некако електронските книги ми се направени за брзо читање, што сметам дека не оди во прилог на процесот на учење на деца во основно училиште. На тоа би додала и истовремен пристап до социјални мрежи и интернет, како дополнителна дистракција.

Друго, со физичка книга имаш сенс за прогресот што го правиш со самото листање на страниците. Немаш потреба од интернет, батерии и полначи.

Неспорно е дека тој што сака да научи, има волја и е одговорен ќе научи и од електронски учебник и од физички учебник, но мое мислење е дека попрактични за учениците се физичките учебници.
Линкови сум приметил на Содржината(за локална навигација), референците и дополнителен материјал. Сите 3 се оправдани и пожелни. Помагаат полесно да се "снајдеш" со материјата.

И како електронските книги се правени за побрзо читање коа во случајов содржината ќе им е иста со книжните?

Шо знам, може до мене е. Не познавам некој да е имал проблем со прифаќање на електронски книги како алатка. Почетокот на процесот знае да е потежок кај "постари" лица кои не се баш навикнати на користење на технологија, ама не трае повеќе од недела дена. Башка за деца правиме муабет, каде што прифаќањето на технологиите оди доста побрзо.

Искрено, ова е веројатно една од ретките реформи во образованието, во последниве 15-тина година, што би ја оценил како позитивна.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Од последниот обид за технолошка надоградба на образовните процеси во државава, мене во спомен ми е останат мирисот на стопена пластика - оти во моето школо немаше централно греење па училниците се затоплуваа со ќумбиња на дрва, па мониторите кои што ја имаа таа несреќа да се најдат најблиску до нив, поради жештината веќе беа започнале да се топат. До четврта година компјутерите кои што успеаа некако да го преживеат целиот тој образовен примитивизам завршија на куп во школскиот подрум, и така некако неславно заврши таа образовна епоха која што од нас требаше да направи високо напредна технолошка генерација на „хакери“ а за чија што наобразба беа задолжени посткомунистички професори на кои што предизвик им беше да го уклучат компјутерот. Секако, придружувани од новата генерација професори која што требаше нив да ги наследи, пристигнати директно од локалниот партиски штаб, со остатоци од свежа сперма околу устата, ним единствена мисла која што им се вртеше во главата беше - дали договорот за работа ќе им биде продолжен. Вон работно време се бавеа со контра протести, присуства на митинзи и партиски штапски оргии, или како што тие ги нарекуваат и ден денес „состаноци“.

Е сега што тоа од тогаш до денес е променето, впечатокот е - ништо. Возможно е дека е и бетер.
Дигитални учебници звучи „кул“ исто како што звучеше „компјутер за секое дете“ своевремено. Меѓутоа за „шокур“ кога од нив ќе треба да ми предава локалниот партиски куропушач чиј што главен мотив не е нешто да ме научи, туку како да се дограби до постојан работен однос.
Образовни реформи значат задржување на основите на корумпираниот систем, а нам ни е потребно нешто сосема спротивно, системски ресет и негово градење од почеток, од темел што се вели.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Тие компјутерите имаше случај кој буквално се крадеа цели само оставено куќиштето. Се крадеа маусите, оние подлогите за маус, тастатури... Ги котистевме да си играме тетрис, Flash игри предходно дома симнати од интернет си носевме од дома на Usb дури и филмови си гледаш на одмор или час скришно некако успеваш.

Се користеа компјутерите но само за настава и интернет немаа никаква намена.
 
chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Оно во држава каде 10mbps брзина се смета за успех што може друго да се очекува.А оптички интернет е научна фантастика.Генерации на неписмени и необразовани деца али ако сакаш да осакатиш народ и да го направиш неспособен почни од образование
 
Член од
21 март 2014
Мислења
509
Поени од реакции
366
Супер идеја, да не се троши хартија и пари, ионака 5-60% од учебниците беа за никаде и едно 90% од учениците не ги ни користеа. Подобра реформа од оваа во моментов е само да се трансформира образованието во курсеви и секој ученик да има можност да си креира сопствен план.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Една од полошите идеи во последната деценија. Јас и така не можам да ја поднесам Госпоѓата Министерка и нејзиниот обид да вметне современ печат на безлична сопствена личност.
Децата се и така по цел ден на телефони/таблети/компјутери. Прво заборавија двор и топка сега ќе заборават и што беше тоа книга.
Децата читаат се помалку и помалку и ова е одличен начин сосема да заборават што е „физички контакт“ со книга. Со Академска книга и Литература после многу години мрднавме со замрена читателска публика, децата почнаа да наоѓаат убавина во книги и да откриваат нешто надвор од технологијата.
Не мислам дека во позадина е целосно идеја за следење на „технолошки“ трендови. Барем не кај нас. Едноставно штедат пари... Мерката бесплатни учебници треба да се тргне.
Автоматски споено мислење:

Супер идеја, да не се троши хартија и пари, ионака 5-60% од учебниците беа за никаде и едно 90% од учениците не ги ни користеа. Подобра реформа од оваа во моментов е само да се трансформира образованието во курсеви и секој ученик да има можност да си креира сопствен план.
Вака размислуваат само ЕВН и други со режиски сметки...
 
Член од
21 март 2014
Мислења
509
Поени од реакции
366
Вака размислуваат само ЕВН и други со режиски сметки...
Прво се надевам дека не ме етикетираш дека ја хвалоспевам Царовска, уред(компјутер/лаптоп) троши околу 6 денари на ден, а печатење на 200 страници текст е со цена на кафе и сок во просечен кафич.

Да нотирам, јасно е дека некој што во континуитет чита и учи и не е навикнат на компјутер, ќе сака да го добие истиот материјал бесплатно во хартиена форма, но такви имаше 30-ина преку сила по генерација од 350 ученика.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Прво се надевам дека не ме етикетираш дека ја хвалоспевам Царовска, уред(компјутер/лаптоп) троши околу 6 денари на ден, а печатење на 200 страници текст е со цена на кафе и сок во просечен кафич.

Да нотирам, јасно е дека некој што во континуитет чита и учи и не е навикнат на компјутер, ќе сака да го добие истиот материјал бесплатно во хартиена форма, но такви имаше 30-ина преку сила по генерација од 350 ученика.
Далеку било некој да мислам дека Царовска ја велича... Сосема се сложувам со твојата пресметка и тоа сакам да го потенцирам: не се работи за следење трендови, се работи само за заштеда. Кај што не треба.
И нотирањето ти е точно.. Ама наместо да ги мотивираат преостанатите 320, ќе добијат и некој помалку од тие 30..
Се помалку се чита. И букварите ќе ги исфрлат?
Јас сум „компјутерџија“ не сум некој што не сака техника ама ова е катастрофален потег според мене.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
509
Поени од реакции
366
Ама наместо да ги мотивираат преостанатите 320, ќе добијат и некој помалку од тие 30..
Се помалку се чита. И букварите ќе ги исфрлат?
Не би реплицирал бидејќи, да се согласувам дека станува збор само за заштеда, но сакам да го коментирам ова бидејќи мотивацијата не зависи од формата на учебниците.

За мене причина зошто учениците се демотивирани е ограниченоста на предметите кои мора да ги слушаат. На крајот од денот зависи и што е целта на образованието, дали кариерен напредок, или некаков социјален/воспитувачки напредок како личност(Пример Ферус веројатно не читал буквари, биологии и истории, ама затоа создал експертиза повисока од мнозинството од тие 30 што читале во негово време).

Е тука мислам дека сме со спротивставени ставови, моја желба е децата да го работат тоа што го сакат и за што се љубопитни, па и по цена да не ја знаат историјата на својата држава, или да собираат дропки, а Гугл е неколкукратно поквалитетен извор од 50-60% од нашите учебници.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Ова е нај врвно нешто до сеа :LOL:...
1619028399919.png
Сите знаеме како би завршил ваков начин на учење... Ученикот ќе побара книга, професорот ќе му рече дека нема и на крај ќе треба или да дели искината-стара книга со другарче или да си ги пржи очите уште неколку саати пред екран читајќи некој .pdf, покрај претходните неколку саати поминати на онлајн настава.
Иако сум човек кој научил мн повеќе од барање решенија на интернет, од искуство кажувам дека принтана книга не може да замени .pdf .
 
Член од
5 март 2021
Мислења
36
Поени од реакции
44
Глупо е тоа што сакаат се да дигитализираат се во образованието.Сега во сите училишта, се држат онлајн часови поради пандемијава.Онлајн часовите имаат и добра и лоша страна.Професорите имаат сеуште проблеми со онлајн часовите.Некои професори не знаат ни да го користат тоа, другите имаат проблеми со интернет, и така натаму.Да земам еден пример, во Сарај, 50% од основните училишта таму, немаат интернет.Добра ствар во тоа е што, учениците имаат повеќе време за учење, искачање и така натаму.И пред неколку години,кога Министерството, даде на повеќето училишта, компјутери, се беше тоа скапаница тешка.Се сеќавам, едвај можеше еден Word документ да направиш.Единствено добро што направија од Министерството, е тоа што го укинаа екстерното тестирање.И по мене, подобро би било, барем ако толку сакаатда направат електронски учебници, да биде барем од 6 одделение.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom