Дигитални учебници во образованието

Дали сте за дигитализација на учебниците во образованието?

  • Да

    Гласови: 13 26,5%
  • Не

    Гласови: 36 73,5%

  • Вкупно гласачи
    49
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Денес на вести имаше дека се укинуваа печатените учебници освен за прво, второ и трето одделение.



Живеме во ера на дигитализација. Денешно време за многу работи се користат дигиталните уреди како што се компјутерите, лаптопи, таблети и интернетот. Конкретно за ова сум и за да ама сум и за не. Сум за да затоа што помалку ќе им тежат ташните на децата, нема да има уништување на книгите како што е случајот со печатеното издание бидејќи едно издание кружи низ повеќе генерации . Но од друга страна не сум за да се случи ова затоа што ќе има други поголеми трошоци за таблети или лаптопи кој ќе мора да ги носат децата на училиште секој ден освен ако тоа не биде на трошок на државата како што беше неуспешниот проект со компјутерите во училишата. Друго можеби за тие книги ќе им текне и интернет користење со тоа и лош ефект за децата па на училишен одмор сите деца наместо физички да се дружат ќе седат на интернет цело време.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270

„Ние сме во процес на транзиција и осовременување на образованието. И Законот го зема тоа предвид и предвидува секаде каде имаме можност се користат дигитални учебници. За учениците коишто немаат електронски уреди, училиштето има обврска да ги испечати учебниците и да им ги даде. Сега веќе не се заштитени авторските права да морате од купен учебник да учите. Го добивате учебникот во електронска верзија, тој може во училиштето да биде испечатен и дистрибуиран до учениците и родителите кои имаат потреба од тоа“, укажа министерката Царовска.
Новата регулатива дава можност учениците да позајмат дигитални уреди од училиштето, кое има обврска да обезбеди библиотечен фонд на таблети, на коишто ќе бидат поставени учебниците, за да можат учениците да ги користат. Министерката Царовска рече дека за реализација на ова се работи со Светска банка, којашто е партнер на државата во спроведување на образовната реформа.
Не ми е баш гајле за темава ама фер е да се пренесе веста во целост, Шител направиле некомплетен прилог.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.108
Поени од реакции
10.411
Мене целата таа идеја воопшто не ми се допаѓа. Без разлика колку далеку е отидена технологијата, ништо не може да го замени класичното читање и учење од книга, фаќање белешки, подвлекување итн. Зарем уште на најмала возраст децата да поминуваат часови и часови на училиште пред екрани и таблети, па дополнително и дома за да ја совладаат материјата. Тука се наметнува и прашањето за учениците со аутизам.

Убава е замислата да се искористат некои од предностите што ги нуди технологијата и реформирање на образованието, но не сум за електронски учебници.

Дополнителен проблем би била и достапноста на лаптопи и таблети. Во оваа корона криза уште ова недостасува за да целосно замре образованието во Македонија.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.649
Поени од реакции
1.538
Можат да си ги печатат родителите книгите, има евтини печатници во Скопје за црно бело печатење, па можат и во боја ако имаат принтер дома. Не е исплатливо за државата да печати книги. Секоја година мора да печатат нови книги бидејќи се менуваат работи во книгите, се менуваат наставни програми, се прават грешки и слично. Порано не се менуваа толку програмите едни исти книги се користеа по цели генерации, сега секој министер за образование си менува нешто.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Мене целата таа идеја воопшто не ми се допаѓа. Без разлика колку далеку е отидена технологијата, ништо не може да го замени класичното читање и учење од книга, фаќање белешки, подвлекување итн. Зарем уште на најмала возраст децата да поминуваат часови и часови на училиште пред екрани и таблети, па дополнително и дома за да ја совладаат материјата. Тука се наметнува и прашањето за учениците со аутизам.

Убава е замислата да се искористат некои од предностите што ги нуди технологијата и реформирање на образованието, но не сум за електронски учебници.

Дополнителен проблем би била и достапноста на лаптопи и таблети. Во оваа корона криза уште ова недостасува за да целосно замре образованието во Македонија.
Шо значи ова "не може да го замени класичното читање и учење од книга"?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Јас сум за електронски книги. Можеби малку ќе е поскапо (не знам колку чини најевтин лап-топ или таблет) ама и печатењето на книги не е евтино.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Читате ли дека секое училиште ќе биде со закон обврзано да испечати учебници за тие што имаат потреба, и дека ќе има библиотекарен фонд на таблети кои ќе може да се позајмуваат? Го напишав буквално еден пост под првиот.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.108
Поени од реакции
10.411
Шо значи ова "не може да го замени класичното читање и учење од книга"?
Читање од книга дома по завршување на часовите и активно учење од книга. 'Читам и учам'.

Преферирам да имам копија од книга пред мене наместо екран. Едно би било читање лектири пример на таблет, а друго учење од учебник и поминување време пред екран од утро до вечер.

Да, живееме во ера на дигитализација но некои работи ми се допаѓаат old school.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Читате ли дека секое училиште ќе биде со закон обврзано да испечати учебници за тие што имаат потреба, и дека ќе има библиотекарен фонд на таблети кои ќе може да се позајмуваат? Го напишав буквално еден пост под првиот.
Беа обврзани и во секое училиште да има компјутери, па видовме како заврши. Инаку училиштата не се печатници па да печатат книги. А таблетите на позајмување се знае колку ќе траат.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
А зашто на пример,
1. Не продолжат да штампаат бесплатни учебници
2. Не ги аплоудираат и во дигитален формат за кој сака да може да си ги симне тие учебници
или пак не дај боже да напраат некоја андроид/иос/видоус апликација каде што сите ќе имаме пристап до тие учебници со еден обичен даунлоад?


3. Зашо и да не направат видео снимки од предавање на лекциите? Едноставно тие невработени професори/наставници/учители да им се даде хонорарно, пред камера, убаво да го објаснат цел материјал, се тоа да биде снимено уредно едитирано и достапно за секој ученик да може да го гледа и да проба да го сфати подобро материјалот. Едноставно не е на одмет да имаш убаво објаснет материјал.
Со оглед на тоа каква јутуб генерација се денешниве деца со идоли како Ајнштајн, џипи и остала фела, зашто да не им се понуди и опција да се едуцираат преку видеа?

извинете за оф топик
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Беа обврзани и во секое училиште да има компјутери, па видовме како заврши. Инаку училиштата не се печатници па да печатат книги. А таблетите на позајмување се знае колку ќе траат.
Toa да, кај нас све изгледа добро во теорија ама во пракса... Сакам да кажам дека тие некои работи што ги постираат членовите се веќе одговорени во постот погоре.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Можеби не толку поврзано со ова ама ќе пишам.
Jaс кога одев средно училиште скоро повеќето книги ми беа фотокопирани. Во една градска фотокопирница си ги имаше веќе книгите и кажуваш книгата за кој предмет и клас и ти ја наоѓа ти ја печати копија без боја во црно бело. Значи авторите, издавачката куќа, печатницата не се испочитувани да им ја купиш или на било каков начин да мора да ја имаш оригинал. Училиштето ниту правеше проблем за ова а ниту им правеа нив проблем. Некој книги ги имав оргинал но повеќето ми беа копија.

Ова знам се прави и на факултети.
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Читање од книга дома по завршување на часовите и активно учење од книга. 'Читам и учам'.

Преферирам да имам копија од книга пред мене наместо екран. Едно би било читање лектири пример на таблет, а друго учење од учебник и поминување време пред екран од утро до вечер.

Да, живееме во ера на дигитализација но некои работи ми се допаѓаат old school.
Од аспект на функционалноста, нема разлика дали читаш од електронски или книжен медиум. Сеедно дали читаш лектири или учебник. Знаењето што може да се пренесе е исто, прашање е само на навика.
Автоматски споено мислење:

Беа обврзани и во секое училиште да има компјутери, па видовме како заврши. Инаку училиштата не се печатници па да печатат книги. А таблетите на позајмување се знае колку ќе траат.
Легитимни ти се и двете поенти, ама и двете се сведуваат на неодговорност и недостаток на воља.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Компјутерите во училиштата беа џабе фрлена пара кога 100% не беа искористени затоа што државата пред се тогаш владеачката партија не превзеде ништо во образовната содржина за тие компјутери да бидат во права смисла на зборот искористени на часовите. Компјутерите немаа и ништо повеќе од тоа што доаѓа пакет со оперативниот систем. Немаше никаков плус софтвер за користење во настава. Дури во моето училиште средно во кое учев јас не беа вклучени на интернет компјутерите а имаше наместено се за да се спроведе кабли од интернетот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom