S
Stryder
Гостин
Диазепам, хелекси и останати депресиви на централниот нервен систем никако не ти препорачувам, од едноставна причина што не се за депресија и ствараат зависност. Се знае кои апчиња се за депресија, додека споменативе понекогаш се даваат ако и само ако имаш и останати појави, како анкциозност, несоница и сл. Најдобро е да се консултираш со психијатар, не со оние кај коишто влагаш и оп ајде ова апче и она апче, туку со некој кој ќе ве ислуша, ќе поставува навистина за вас тешки и можеби и прашања на коишто не би сакале да одговорите. Единствена работа што би можел овака да ти ја додадам а веројатно нема да ја слушнеш од некој психијатар се например 4-те благородни вистини од будизмот и сродните религии за природата, причините и решението за отстранување на страдањата(се разбира според нивните сфаќања), но сепак мое мислење е дека најдобро е да се консултираш со психијатар од видот којшто погоре ти го напишав затоа што ние заради разните предрасуди, емоции и илузии коишто ги имаме за самите себе не можеме објективно и реалистично да се согледаме.Се дешава од време на време, а по природа сум многу депресивна личност и многу малку ми фали да паднам во депресија. Баш и дојдов на оваа тема бидејќи претходните денови бев еден од најсреќните луѓе на светот, а вечерва се ми е црно без посебна причина и ми се иде да плачам и да плачам и само да плачам... И порано ми се случувало така ама сега у последно време е много полошо и многу почесто паѓам во депресија. Али јебига, у право се што викаат дека животот е тажен, со ненадејни изливи на среќа
- Страдањето постои
- Страдањето потекнува од приврзаноста кон желбите
- Страдањето престанува кога приврзаноста кон желбите престанува
- Ослободување од страдањето е возможно со практикување на благородниот осумнасочен пат