Јас сум козметичарка по струка и додека учев школо и пред да се запишам на фах си работев. Еве ви неколку совети од мене:
1.Ако имате погусти и поцврти влакна не употребувајте машинка ке си имате многу мака со поткожни влакна зш машинката ги отстранува влакната во разни правци и потоа растат како ке им текне.
2.На интимни делови никако брич, машинка или депил крема, од бричот толку многу можат да зајакнат влакната поготово ако подлабок препон средуватe, не ќе можете да си ги допрете нозете една од друга, со машинка ем боли ем можете да направите хематом, со депил креме може еден куп алергии и инфекции да ви настанат.
3.Не депилирајте пазуви со ништо, најдобро бричете ги зш таму има многу жлезди и можете нешто да повредите и еден куп компликации да ви настанат.
4.Се можете да депилирате дома сами или со помош на некој друг, немојте некој што нема благе везе од депилирање да ви депилира препони и тука има многу жлезди и можат да се повредат и кожата е многу осетлива и лесно, заедно со влакната излегуваат првите слоеви на кожата и потоа многу боли и долго време има црвенило.
5.Топлиот восок е подобар од ладниот и од лентите меѓутоа е по не хигиенски(ова мислам ако идете на козметичар, ако си е само за вас за домашни услови нема гајле).
6.Никофаш не се депилирајте пред месечен циклус или ако сте напнати, многу повеќе боли а и тогаш претежно се појавува црвенило.
ех доста беше....јас употребувам само топол восок, среќна сум што на нозе имам влакна трчи трчи сопнисе и тоа само од колена надоле
На препони никад не би се осудила да се депилирам со машинка или да се бричам, со депил крема да само ако е нешто хитно и не може да чека ама сепак и тогаш би се запрашала