Депилација

Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Епа баш никој не ме информираше за тоа.
А за болката,абе поинаку е кај машки..погусти се влакната,и затоа повеке боли...премногу боли!!!
А влакната стануваат погусти и поцврсти и кај девојки кои се бричат постојано:wink:
Ете сега кога дозна ќе си имаш предвид за нареден пат:helou:
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Фала на совет...
Иако нема да има нареден пат...:):)
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Ако таа не знаела како да повлече нормално дека ќе боли.
Следниот пат ти ќе ја имаш честа да ме депилираш..:)
и си ставив ја пудра, ама пак се нафрлив.....ова лето сега, планирам месец дена пред да идам на одмор да се депилирам пак,...па после тоа , пак ....ваљда од коа ќе помине месец, вториот пат коа ќе се депилирам нема да се нафрлам толку:toe:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Не е ништо страшно ако се нафрлиш. Тоа било од топлината:)
Башка, зависи и од кожата и може да се нафрлаш секогаш ако ти е почувствителна.
После си се смирува.
 

Ivka

Алхемичарка
Член од
1 февруари 2007
Мислења
300
Поени од реакции
4
Јас сум козметичарка по струка и додека учев школо и пред да се запишам на фах си работев. Еве ви неколку совети од мене:
1.Ако имате погусти и поцврти влакна не употребувајте машинка ке си имате многу мака со поткожни влакна зш машинката ги отстранува влакната во разни правци и потоа растат како ке им текне.
2.На интимни делови никако брич, машинка или депил крема, од бричот толку многу можат да зајакнат влакната поготово ако подлабок препон средуватe, не ќе можете да си ги допрете нозете една од друга, со машинка ем боли ем можете да направите хематом, со депил креме може еден куп алергии и инфекции да ви настанат.
3.Не депилирајте пазуви со ништо, најдобро бричете ги зш таму има многу жлезди и можете нешто да повредите и еден куп компликации да ви настанат.
4.Се можете да депилирате дома сами или со помош на некој друг, немојте некој што нема благе везе од депилирање да ви депилира препони и тука има многу жлезди и можат да се повредат и кожата е многу осетлива и лесно, заедно со влакната излегуваат првите слоеви на кожата и потоа многу боли и долго време има црвенило.
5.Топлиот восок е подобар од ладниот и од лентите меѓутоа е по не хигиенски(ова мислам ако идете на козметичар, ако си е само за вас за домашни услови нема гајле).
6.Никофаш не се депилирајте пред месечен циклус или ако сте напнати, многу повеќе боли а и тогаш претежно се појавува црвенило.

ех доста беше....јас употребувам само топол восок, среќна сум што на нозе имам влакна трчи трчи сопнисе и тоа само од колена надоле:D
На препони никад не би се осудила да се депилирам со машинка или да се бричам, со депил крема да само ако е нешто хитно и не може да чека ама сепак и тогаш би се запрашала:D
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Епа баш никој не ме информираше за тоа.
А за болката,абе поинаку е кај машки..погусти се влакната,и затоа повеке боли...премногу боли!!!
Да бе, многу е поинаку. Вие мажите за се сте посебни...пички. :)
Не сакате, а богами и не ви одговара да признаете дека е ненормално тешко и болно да си женка.
Иначе лонг лајф машинкааа :) Имам Цептерче, далеку е од совршено...али врши работа:)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Следниот пат ти ќе ја имаш честа да ме депилираш..:)
и си ставив ја пудра, ама пак се нафрлив.....ова лето сега, планирам месец дена пред да идам на одмор да се депилирам пак,...па после тоа , пак ....ваљда од коа ќе помине месец, вториот пат коа ќе се депилирам нема да се нафрлам толку:toe:
:vozbud:
Па ти можеш и редовно да си одиш на депилација, наместо само пред одмор. Така ќе ти се навикне местото, ни ќе те боли ни ништо, а плус и ќе ти се изретчат влакната.
Инаку може да се нафрлаш и од материјалот на блузата што ја носиш. Некои ставаат дури и кантарион, ама ти припази да носиш памучни блузи за да не ти се создава иритација.:toe:
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Да бе, многу е поинаку. Вие мажите за се сте посебни...пички. :)
Не сакате, а богами и не ви одговара да признаете дека е ненормално тешко и болно да си женка.
Иначе лонг лајф машинкааа :) Имам Цептерче, далеку е од совршено...али врши работа:)
Ме болит мене со машинчиштето такво! Незнам како го поднесвите само Поповци мојте да се кубите со такво :)
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Ме болит мене со машинчиштето такво! Незнам како го поднесвите само Поповци мојте да се кубите со такво :)
Не да боли со то машинчето и религиозен се станва автоматски.О господи, си велиш кој измислил ваква глупава направа.Ама со силна волја, ризик јак, преминва во не толку болна депилација.:)
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
А влакната стануваат погусти и поцврсти и кај девојки кои се бричат постојано
Чичо Трендо имаше поставено статија како ова беше докажано за неточно од доктори, за разлика од теориите на женските кои се вадат дека се ко мајмуни од бричењето.
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
Се депилирам скоро секогаш , али после четврти петти пат депилирање се поминувам со брич , ова е многу важно зошто при депилација ослабнуваат корењата на влакната и ако ептен ослабнат ќе почнат да никнуваат подкожни влакна бидејќи имаат слаб корен и неможат да избијат надвор ...такада после петти или четвртти пат депилација се поминувам еднаш и со брич ОБАВЕЗНО
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Чичо Трендо имаше поставено статија како ова беше докажано за неточно од доктори, за разлика од теориите на женските кои се вадат дека се ко мајмуни од бричењето.
Ете гледаш повторно недоумица. Докторите велат дека не е точно, а сепак козметичарките и девојките кои си ги бричат нозете велат дека е точно. На кого да му се верува:nesvest:
 

Me_myself&I

THE GODDESS
Член од
27 ноември 2007
Мислења
70
Поени од реакции
1
јас ова ке ти го кажам од лично искуство..две години по ред ги бричев нозете,освен пред одмор (многу ме болеше машинчето од цептер,па така си го решавав проблемот) и влакната не само што ми се згуснаа,туку толку многу се зајакнаа,што кога почнав да депилирам со восок,не излагаа ни по 3,4 пати поминување:nesvest:
сеа восок му е мајката,и после година ипол можеби,редовна депилација,немам никаков проблем со влакната,станаа трчи,трчи,сопни се:vozbud:...така да брич,ни на сон веќе
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Се депилирам скоро секогаш , али после четврти петти пат депилирање се поминувам со брич , ова е многу важно зошто при депилација ослабнуваат корењата на влакната и ако ептен ослабнат ќе почнат да никнуваат подкожни влакна бидејќи имаат слаб корен и неможат да избијат надвор ...такада после петти или четвртти пат депилација се поминувам еднаш и со брич ОБАВЕЗНО
:pos2:
Паше, кој те врза вака добро? Или ова во Лепота&Здравје го прочита?
Не треба се да се верва шо ќе се прочита, пракса ради боље. :smir:

Едно е ко ќе го скорниш влакното со восок, ОД КОРЕН, а друго е површински ко ќе го удриш со брич.
Тогаш не само што се згуснуваат,туку и пооштри се!

Прост пример во секојдневниот живот:
Машката брада.

:pletalka:
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
:pos2:
Паше, кој те врза вака добро? Или ова во Лепота&Здравје го прочита?
Не треба се да се верва шо ќе се прочита, пракса ради боље. :smir:

Едно е ко ќе го скорниш влакното со восок, ОД КОРЕН, а друго е површински ко ќе го удриш со брич.
Тогаш не само што се згуснуваат,туку и пооштри се!

Прост пример во секојдневниот живот:
Машката брада.

:pletalka:


ама глеј сеа, ја реков дека уствари се депилирам сваќаш и инаку стварно имам приметено ( порано ) дека цело време кога се депилирам со восок и после нели ептен малку растат влакна , се поретко и поретко треба да се депилираш ( не знам дали имаш приметено ) и сум приметила дека тие неколку што ми растат се поткожни и ми загнојуваат и ми се инфицираат и триста срања па после се мачам да ги вадам од кожа ( доолг процес и болен доста веруј ми ) :nesum: ама сега така правам , на секој петти пат со брич и еднаш подкожно влакно не ми излегло и мислам дека е доста ефикасно :) :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom