Одамна ги сакаам, преубави се.
Mоите се вакви, по форма и должина, веќе со години. Не знам дали на сликава има ставено гел, ама моите се вакви без гел. Еднаш јако добро се зезнав со тоа гелот, и кога ми падна, ноктите ми беа толку слаби и кршливи, ми се виткаа и ме болеа. Одлучив веќе никогаш да не ставам гелови, надградби и слично, бидејќи вака ми се одлични. Можеби два три пати годишно ми се крши нокт, а редовно работам со рацете, мијам садови, преам, куцам на тастатура по цели денови и тоа со ноктите а не со прстите.
А и фактот дека козметичаките користат една иста турпија за сите, преполна со бактерии и не дај боже габички, поради кои може да ми отпаднат ноктите, ме оттргнува од редовното ористење ,,професиолнална грижа’’ па затоа решив дека осван сама со свој прибор за нокти, нема друг начин да ги правам. А за цртање сум трупец, па затоа си правам само француски маникир