Пред 6-7 дена ме касна на неколку места на ногата некој инсект. Веке 5 дена како користам Камагел, но сеуште ме чешаат местата на убод и денес гледам пак почнува да се зголемува црвенилото на тие места.
... Камагел гел,
содржи течен екстракт од цвет од камилица чија улога е да ја смирува и омекнува кожата и да ја стимулира нејзината регенерација со дополнително негово антибактериско дејство,
содржи алуминиумска сол на оцетна и винска киселина кои ја зајакнува кожата и ја намалува нејзината чувствителност на надворешни влијанија,
но јас би се префрлила од сите мастови и гелови на нешто поконкретно и поуспешно од мое лично искуство ти го препорачувам да си го набавиш и да си го имаш дома,
а тоа е џепно апаратче кое на допир на кожата на место на убодот од инсектот неколку секунди ја подига температурата до 50 С, со што внесените токсини на тоа место од било кои инсекти се деактивираат поради протеинската структура која се променува на висока температура и се губи несаканиот ефект на чешање и болка!
...е сега ќе речеш каде да го најдеш во моментот апаратот, па додека го набавиш ќе инпровизираш како што правев јас со лажица ја греев во сад со врела вода и онака внимателно ја поставував на местото каде имав убод да ја издржам топлината да не се изгорам, па кога ќе осетев дека ќе ја издржам топлината ќе ја притиснам лажицата на кожата 4- 5 секунди и толку, све се губи и чешање и црвенило, ако има оток после ова интервенција се става малку облога од намокрена крпа со студена вода!
... понекогаш добро е да се намачка паста за заби на убодот малку ќе љути, ама делува, исчезнува чешањето и црвенилото!