Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
10.285
Поени од реакции
16.508
Не ги пијам нон-стоп, правам паузи, 1-2 недели го пијам, 1 месец пауза.
е ако де, кажи колку содржи нијацин, каков б-комплекс класичен или за бодибилдери?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
10.285
Поени од реакции
16.508
е ај сега, ако нормални дневни дози на нијацин е 16 за мажи, што се внесува со исхрана, па додадени дополнителни 25 мг, зашто би имал 41 под претпоставка дневна доза, сметајќи примена во подолг период, може ете да делува негативно на јетрата, т.е. покачен АЛТ, може, но не мора, затоа пробај да не пиеш веќе извесен период (wash time), па да направиш повторно анализа!
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.075
Поени од реакции
1.453

скоро 3 недели немам пиено б-комплекс, резултатите се од денес. Ваљда исхраната е виновникот.
него, како да го намалам АЛТ-то?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
10.285
Поени од реакции
16.508
скоро 3 недели немам пиено б-комплекс, резултатите се од денес. Ваљда исхраната е виновникот.
...не е можно од исхрана, а имаш проблеми со дигестивниот систем, зошто би направил анализа имаш некоја пречка, болка...сомнително нешто?
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.075
Поени од реакции
1.453
...не е можно од исхрана, а имаш проблеми со дигестивниот систем, зошто би направил анализа имаш некоја пречка, болка...сомнително нешто?
па на секој 6 месеци или 1 година правам крвна анализа заради контрола.

На времето кога бев 5-6 години имам лежено Скопје на болница заради испитувања на цревата, се сеќавам дека ми ги полнеа со вар.
Според докторот јас му бев најмлад пациент со (мислам дека дијагнозата беше мрзливи црева).
До ден денешен имам мака со запек.
Друго, незнам дали е поврзано и незнам термин за ова ама после запек, многу често имам потреба да одам по голема нужда која е течна и со слуз, неретко има и крв во неа.
Дури да ми се смират цревата, било што да каснам по 15-20 мин имам нагон за одење повторно по голема нужда (течна со слуз и понекогаш крв). Ова можи да се случи и по 6-7 пати денот да одам по голема.

не верувам да е од дигестивниот тракт, прв пат ми е толку накачен алт-то
 
Член од
13 април 2021
Мислења
491
Поени од реакции
1.509
@Zippertrax дали си обезен? Лекови како статини може да ги покачат ензимите, понатаму парацетамолот и некои други нестероидни антиинфламаторни лекови, антибиотици! Може и да е некое обично вирусно заболување, настинка.

Е сега за природно намалување, помалку масти и умерено внесување на јагленохидрати! Алкохол избегнувај. Риба е убаво да се консумира до два пати неделно. Маџунот е супер за регенерација на црниот дроб. Куркума и магарешки трн. Е сега може да е чај, а има и капсули на таа база. :)

После некое време, испитај пак! Ако има покачување ехо на абдомен.
 
не сум, 170цм 85кг. Не пијам никакви лекови.
Незнам, многу ме изненадија резултатите. Благо, грицки, газирано, многу малце. Ако јадам благо, два три залаци, не сум некој што ќе седне и ќе отепа едно паковање ресани пример, исто и со газирано, една чаша на ден, два. Алкохол едно пиво на недела-две кога ќе излезам.
Заборавив да напоменам дека користам Азопт за окуларен притисок. Ако има некаква врска со нив.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
10.285
Поени од реакции
16.508
па на секој 6 месеци или 1 година правам крвна анализа заради контрола.
На времето кога бев 5-6 години имам лежено Скопје на болница заради испитувања на цревата, се сеќавам дека ми ги полнеа со вар.
Според докторот јас му бев најмлад пациент со (мислам дека дијагнозата беше мрзливи црева).
До ден денешен имам мака со запек.
Друго, незнам дали е поврзано и незнам термин за ова ама после запек, многу често имам потреба да одам по голема нужда која е течна и со слуз, неретко има и крв во неа.
Дури да ми се смират цревата, било што да каснам по 15-20 мин имам нагон за одење повторно по голема нужда (течна со слуз и понекогаш крв). Ова можи да се случи и по 6-7 пати денот да одам по голема.

не верувам да е од дигестивниот тракт, прв пат ми е толку накачен алт-то
...па покачен АЛТ може да значи некој проблем со јетрата, често дигестивните нелагодности се како секундарен проблем, а непосредно кривец да биде јетрата, но не мора,
... се сеќаваш како ја зезна работата со очниот притисок и добро на време што изреагиравме, па сега мора да употребуваш ,,Azopt,, , brinzolamid како сулфонамидски инхибитор на јаглеродна анхидраза , освен окуларна примена(локално), brinzolamid се ресорбира и во системска циркулација и може да даде несакани спорадични дејства, конкретно за твој случај Azopt може да даде такви јетрени поремерување на ензимот АЛТ со што се рефлектира со можна абнормална покачена вредност, така да мое мислење дека со прекинување на примена на капките ќе се повлече и покачениот АЛТ, но сега за сега мора да го примениш Azopt додека не се стабилизира очниот притисок!

Azopt
Hepatobilijarno poremetuvanje
Nepoznato: Abnormalne vrednosti na funkcionalnite testovi za jetra
 
Член од
13 април 2021
Мислења
491
Поени од реакции
1.509
Не знам колку е паметно прекинување на своја рака. Тоа е long term medication. Разговарај си со докторот.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.449
Поени од реакции
772
Случајно за ова разбрав од една личност, па да си споделам јас што ми се деси.

Двапати ми се има случено ова во живот, барем така мислам.

Еднаш бев во Радовиш. чинам минатата година. Спиев, и од еднаш се разбудив ама онака почна страв од нигде негде да ме фаќа, и срцето почна да ми чука забрзано. Цел саат ми требаше пак да заспијам...

И оваа година, баш пред неколку месеци дома, истото ми се деси ама оваа пат пократко, и успеав да заспијам побрзо.
Во последно време спијам само 6 или 7 часа, што не е добро, и еве сега спијам минимум 7 ипол, или повеќе. Наводно како што разбрав тоа да ти било Паничен Напад? Некој со слично искуство? Од вежбање, само возење со велосипед, и за храна буквално јадам се, од месо, бурек, здрава, и нездрава храна. Килограми едно 83-84.
+ стресови од 1,000 различни проблеми што ми се дешаваат периодов

Треба да променам малку, повеќе спорт. повеќе здрава храна, повеќе спиење, ама иди спиј со ова факултетов 300 проблеми XD

Edit:
Е сега ова можно ли е да е паничен напад во опште???

Инаку минатата година исто така еднаш сум и месечарел, навистина језиво. После тоа буквално се забарикадирав во соба, од страв да не се повредам. И за среќа повеќе не ми се деси такво нешто. А и тогаш спиев околу 6 - 7 часа, што знам дека не е добро.
 
Последно уредено:

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.449
Поени од реакции
772
Какви панични напада, какви бакрачи. Исфрли го тај термин од ум и не брини.
Епа од што може у 2 саат да ме разбуди, да почнам да се потам, да ми лупа срце, и цел саат да неможам да заспијам????
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.193
Поени од реакции
17.523
не сум, 170цм 85кг. Не пијам никакви лекови.
Незнам, многу ме изненадија резултатите. Благо, грицки, газирано, многу малце. Ако јадам благо, два три залаци, не сум некој што ќе седне и ќе отепа едно паковање ресани пример, исто и со газирано, една чаша на ден, два. Алкохол едно пиво на недела-две кога ќе излезам.
Заборавив да напоменам дека користам Азопт за окуларен притисок. Ако има некаква врска со нив.
Симптоми некои други? според се што наброја има добра шанса да ти е до храната. Пробај со растителна исрхана едно 2-3 недели, и тргни се од пржена храна обавезно (и зејтини)

2 чаши газиран сок на ден, е далеку од малце. На 0 тоа, јади бобинки, киви, авокадо, црвен грав, леќа итн.

Епа од што може у 2 саат да ме разбуди, да почнам да се потам, да ми лупа срце, и цел саат да неможам да заспијам????
Aпнеа може да е, исто така ако јадеш скоро пред спиење, пробај најмалце 3h пред спиење да ти биде оброкот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom