nE0n1nja
Eat nerds get shredded
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 3.468
- Поени од реакции
- 3.270
Па не знам, докторот тоа што напиша за тоа ми направија тест. Нели ако има некоја инфекција ќе имаше покачени леукоцити? Иначе ми направија тестови за: Anti-HBcll, Anti-HBs, Anti-HCV, HAVAb IgG и HBsAgQ2, сите се Nonreactive.@nE0n1nja само наш доктор може да ти каже дека ти е вродено. Сѐ додека не се најде од што е, намали сол, шеќер, храна со маснотии и алкохол. Рачунај како да имаш проблем со црн дроб и така храни се. Црниот дроб е тој што го зголемува билирубинот (и скоро секогаш има проблем со него при покачени вредности). Хепатит немаш, ама може да имаш проблем со црн дроб, па дури и панкреас. Зошто не ти направиле тестови за специфични болести, инфекции и сл. Колку ти е вредноста?
Koга ми правеше ултразвук таа ми рече "црниот дроб ти е бонбонче" и го напиша ова:
Билирубинот првиот пат кога го тестирав ми беше 36 од кој директен 7, после една недела пак тестирав ми покажа вкупен 51, директен 8, па после 2 дена трет пат го тестирав и ми беше 49 од кој директен беше 5.73. Другите вредности од последниот тест како Gamma-Glutamyl Transferase, Aspartate Aminotransferase и Alanine Aminotransferase беа во нормалните граници.Црниот дроб изоехоген, хомоген со уредна големина.
Жолчно кесе уредно без калкулоза во луменот. Нема дилатација на билијарните патишта.
Панкреас хомоген јасно се издвојува од околината.
Слезена со уредна големина и без фокални дефекти.
Двата бубрега со уредна големина поставеност и форма, паренхим очуван, обострано хипотон пиелокалсен систем.
Бешика полна со глатки ѕидови без дефекти во луменот.
Не се детектира слободна течност во абдоменот.
Дали препорачуваш нешто да превземам понатаму?
Прочитав дека тоа Gilbert's syndrome било ептен ретко генетско нарушување, сега испадна дека секој втор го има упм. Тие апчиња треба постојано да се зимаат или?@nE0n1nja
@Триптико
Ништо чудно да имаме Gilbert's syndrome. Тоа било вродена хипербилирубинемиа ама демек не било ништо страшно.
Прочитав на иди види форумот, некој имаше пишано дека зголемените билирубини ги средил со некои "природни" апчиња LIv 52.
Прочепкав нешто за нив, ги пиеле луѓе кои имаат оштетување на црниот дроб од разноразни причини.