Не прави, туку веќе имаш некој проблем. Не знам колку е кај тебе висок, ама обично одма го врзуваат за анемија или хепатит. Кога си правел тест и дали пиеш некои лекарства, дали си јадел порано од 4 часа пред земањето крв?
Со причина го нагласив прашањето дали билирубинот сам по себе со самото тоа што е присутен во крвта прави некаква штета.
Ги направив сите тестови за хепатити и слично, беа негативни, правев ехо на абдомен исто така беше целосно во ред, крвната слика скроз нормална во сите други вредности освен во билирубинот, лекарства не пијам никакви.
Па после тие тестови и мене исто како и на
@Bobi FCB докторот ми констатираше дека природно ми бил покачен и тоа е тоа, ме испрати. Ама после уз муабети некој ми кажа демек тоа било отров во крвта и не требало да се чува, па да не сум јадел солено, ова-она. Затоа ме интересираше дали стварно прави штета ако е покачен и дали има нешто што може да се превземе за негово намалување.