Како и зошто мускулите на нозете ги фаќа грч? Поточно листовите... ?
Почитуван...
Мускулните грчеви (спазми, крампи) имаат повеќе причинители, на пример:
Непозната причина (идиопатски мускулни грчеви) – најчесто се случуваат во вечерните часови, т.е. додека спиеме а природната позиција на телото тогаш е со свиткани колена и нежно свиени стапала кон долу. Во оваа позиција мускулот на листот е релативно скратен и може да биде подложен на појава на грчеви.
Други причини може да бидат употреба на некои
лекови кои како нус-ефект даваат мускулни грчеви (на пример диуретици, калциум-блокери, лекови за астма, лекови кои го стабилизираат расположението, како и лекови кои го подобруваат расположението (кај депресија), никотин, алкохол, итн...
Преголема напрегнатост на мускулите (за време на тешки анаеробни физички вежби),
дехидратација, нарушена хомеостаза на
натриумот (сол) во крвта (висок или низок натриум) – истот важи и за нивоата на
калиумот. Потоа грчеви може да се јават кај некои
бубрежни заболувања,
бременост (обично во третиот триместар), проблеми со
тироидната жлезда (прекумерна активност),
недостаток на циркулација во нозете при периферни васкуларни болести, некои
болести на нервниот систем.
Како ретки причинители се вбројуваат –
цироза на црниот дроб, саркоидоза, труење со олово итн...
Кај овие набројани состојби грчевите може да бидат само еден дел од симптомите кои ги следат. Но, доколку немате останати необјасниви симптоми, тогаш грчевите во нозете најверојатно се од непозната (идиопатска) причина.
Поздрав!
--- надополнето: Jun 12, 2011 6:46 AM ---
Колку е загрижувачки крвен притисок 150/90 ?
Зависно е за каква личност се работи?
- На која возраст е лицето?
- Дали во изминатиов период имал/а покачен крвен притисок, или не?
- Колку сте движел крвниот притисок во изминатиов период?
- Дали пие некакви лекарства?
- Дали страда од некои хронични болести, како дијабетес мелитус, проблеми со срцето, црниот дроб, итн...
- Дали во моментот страда од некоја акутен стресен настан?
- Дали притисокот го мерите само во лекарска ординација (и таму е само зголемен), или го мерте и во домашни услови?
--- надополнето: Jun 12, 2011 6:58 AM ---
Вака...Имам големи болки во грлото и малку покачена температура.Земам септолете и витамини,ама болкиве никако да се намалат,не ми се оди на доктор зошто знам дека ќе ми лупнат тешки антибиотици.Ај совет некој ако може како да ги намалам болкиве во грлово.
Почитувана...
Ако навистина Ве боли грлото подобро е да појдете на лекар, а не да се лекувате дома со септолете, витамини, раствори на хекосорал и слично. Доколку за еден или два дена, болката во грлото не стивне, и не почне истовремено да Ви тече носот, да Ви солзат очите точаш најверојатно се работи за
бактериска ангина (стрептококна - најчесто), позната кај народот како гнојна ангина, и тогаш единствен третман за стрептококот е антибиотскиот.
Понекогаш (на пример) во овие случаи антибиотиците се неизбежни, затоа што нелекуваната стрептококна антигна (гнојна ангина), може самостојно да помине, но подоцна да даде компликации на
срцето (ревматска треска),
колената (артритис) и на
бубрезите (стрептококен гломерулонефритис).
Но доколку за два дена, покрај болката во грлото, започне и секреција од носот, и солзење од очите тогаш ангината најчесто е од вирусно потекло и не е потребен антибиотски третман, растворот на хекосрал, спетолетето, фервексот и витамините, многу течности (чаеви и супи) навистина ќе помогнат.
Но ангината може да биде и од вирусно потекло па повторно да е потребен третман од лекар (на пример доколку причинител е
EBV вирусот - вирус на инфективната мононуклеоза која оди со драстично наголемени лимфни јазли и наголемени тонзили (крајници), како и интензивна болка во грлото...
Затоа најдобро е и во двата случаи да се јавите на лекар и тој да Ви ја препише соодветната терапија
антибиотска vs. супортивна (витамини. течности, гаргари, итн...).
Поздрав!